Почна AI Fest 2025, Македонија дел од глобалната AI иницијатива на Microsoft - Канал 5

Почна AI Fest 2025, Македонија дел од глобалната AI иницијатива на Microsoft

Во Семос Едукација денеска почна AI Fest 2025, најголемиот фестивал за вештачката интелигенција во регионот.

Почна AI Fest 2025, Македонија дел од глобалната AI иницијатива на Microsoft

Фестивалот ќе трае 50 дена, до 5 јуни, и ќе вклучи бројни активности и обуки за усвојување вештини поврзани со вештачката интелигенција.

Во рамки на почетокот на AI Fest 2025 се одржаа 60 бесплатни вебинари на 18 различни теми насочени кон бизнис корисници, ИТ професионалци и AI ентузијасти, обид за поставување GUINNESS WORLD RECORDS™ за најголем број корисници вклучени во AI онлајн сесии во период од 24 часа, панел-дискусии, практични обуки, испити и многубројни интерактивни активности за различни целни групи.

-Сепак, дигиталната трансформација не е само за институции или компании. Таа почнува со секој поединец. Во новата дигитална ера, дигиталната писменост е новата писменост. Затоа вложуваме во програми за преквалификација, дигитална едукација за ранливи групи, и посебно во создавање на AI вештини кај младите, рече министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски кој присуствуваше на отворањето.

Фестивалот се одржува како дел од Националната иницијатива за развој на AI вештини, глобален проект креиран од Microsoft во соработка со партнери низ светот, меѓу кои и Семос Едукација како официјален партнер за Македонија и регионот. Иницијативата беше поддржана од Министерството за дигитална трансформација и партнерите Support and Solutions Center, Стопанска банка, Телеком, Триглав Осигурување и други компании и институции, кои ја препознаа важноста на развојот на AI капацитети во земјата.

-Националната иницијатива за развој на AI вештини претставува стратешки чекор напред, со кој обезбедуваме секој граѓанин, од студент до искусен професионалец, да има пристап до квалитетна едукација и практични знаења во областа на вештачката интелигенција. Македонија мора да биде препознаена ширум светот! За следната генерација, за младите, единствениот пат кон модерно и развиено општество е преку технологија — а вештачката интелигенција е најветувачката можност во моментов. истакна Валентина Тасева, сопственик и директор на Семос Едукација./МИА

Мадона сними „TikTok“ видео со своето момче: Го покажува лицето без шминка

Мадона објави видео на „TikTok“ со нејзиното момче Аким Морис.

Мадона сними „TikTok“ видео со своето момче: Го покажува лицето без шминка

Во видеото, пејачката и нејзиното момче го рекреираат танцот од серијата Принцот од Бел-Ер додека свири песната „Anxiety“ од раперот Доечи. Во ова видео Мадона нема шминка на лицето.

@madonna 👀 #fyp ♬ Anxiety - Doechii

Таа е лежерно облечена во широки панталони, преголема кошула и јакна, додека Аким е во спортски костим.

Овој танцов тренд започна минатиот месец кога Вил Смит рекреираше сцена од серијата со поранешната колешка Татјана Али.

@willsmith Waited 35 years for this dance to trend. Ib: @Mimii ♬ Anxiety - Doechii

Аким, поранешен колеџ фудбалер, ја запозна Мадона во август 2022 година, иако ја потврдија романсата две години подоцна. Мадона ја објави нивната врска во јули минатата година кога објави фотографии од нив на социјалните мрежи. Тие, наводно, се разделиле во октомври 2024 година, но брзо се помириле.

Двојката неодамна беше фотографирана на покривот на лондонскиот хотел „Бродвик Сохо“. Пејачката и нејзиното момче биле облечени лежерно и се држеле за рака. На Мадона во еден момент и пречеа фотографите, на кои им го покажа средниот прст.

Извор: Индекс.хр

Алкараз трет полуфиналист во Барселона

Вториот тенисер во светот, Шпанецот Карлос Алкараз, се пласираше во полуфиналето на турнирот во Барселона, откако попладнево во два сета го совлада Австралиецот Алекс Де Минор со 7: 5, 6:3.

 EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA

Алкараз до триумфот над седмиот играч на АТП листата дојде по еден час и 39 минути.

Шпанскиот тенисер освои четири гемови на сервисот на противникот, дозволувајќи му на Де Минор два брејка.

Алкараз во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот Циципас-Фис.

Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Хачанов и Руне.

Фото: ЕПА

Американската влада објави околу 10.000 страници документи за атентатот на Роберт Кенеди

 Американската влада објави околу 10.000 страници документи поврзани со атентатот на сенаторот Роберт Ф. Кенеди во 1968 година, продолжувајќи со објавувањето на доверливите документи во согласност со наредбата на претседателот Доналд Трамп.

Американската влада објави околу 10.000 страници документи за атентатот на Роберт Кенеди

Директорката на Националното разузнавање Тулси Габард рече дека објавувањето на документите поврзани со атентатот на Роберт Кенеди „ќе го впери долгоочекуваното светло на вистината“.

- Речиси 60 години по трагичниот атентат на сенаторот Роберт Кенеди, американскиот народ за прв пат ќе има можност да ја разгледа истрагата на федералната влада благодарение на раководството на претседателот Трамп, напиша Габард.

Управата за национална архива и документација на САД објави околу 229 датотеки што ги содржат тие страници на својата веб-страница.

Американскиот претседател Доналд Трамп во јануари потпиша извршна наредба за декласификација на преостанатите федерални документи поврзани со атентатите на претседателот Џон Кенеди, сенаторот Роберт Ф. Кенеди и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Во средината на март, американската влада почна да ги објавува преостанатите доверливи документи за атентатот на претседателот Џон Ф. Кенеди во 1963 година во Далас./МИА

притисни ентер