Почна 60. издание на Струшките вечери на поезијата - Канал 5

Почна 60. издание на Струшките вечери на поезијата

Со акростихот „Т'га за југ" министерката за култура Ирена Стефоска го отвори 60. јубилејно издание на меѓународната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. 

Почна 60. издание на Струшките вечери на поезијата

Осврнувајќи се на поими карактеристични за Струга, обраќањето им го посвети на поетите, посакувајќи им уште многу стихови и успешни години на Струшките вечери на поезијата.

На манифестацијата на која низ годините присуствувале Блаже Конески, Десанка Максимовиќ, Вознесенски, Оден, Диздар, Гинсберг, Гилвик, Падрон, Хјуз, и многу други, како што рече Стефоска, останаа нивните зборови и празни страници за уште поети.

-Јагулата тргнува на своето свадбено патување минувајќи среде овој град. Утеха од најдолгиот пат ѝ е нејзината рожба. Ќе се врати таа како што се враќа и поетот во градот на Миладиновци. Секоја година, во исто време, истакна Стефоска.

Најстариот поетски фестивал, според традицијата почна со интерпретација на Константиновата „Т'га за југ" и палење на фестивалскиот оган, а поетските читања почнаа со манифестацијата „Меридијани".

На јубилејното издание, кое се одржува под посебни протоколи поради пандемијата на Ковид – 19, учествуваат 30-тина поети од Австрија, Албанија, Бугарија, Германија, Грција, Естонија, Индија, Италија, Литванија, Косово, Монголија, Палестина, САД, Словенија, Србија, Унгарија, Франција, Хрватска, Црна Гора, Швајцарија. Дел од нив меѓу кои и добитникот на Златниот венец британската поетеса Керол Ен Дафи, имаа видео читања.

Годинашниот лауреат во своето видеообраќање на отворањето на Фестивалот изрази задоволство што токму таа е добитник на Златниот венец и им се придружи на врвни поетски имиња, од кои читала поезија.

-Во овие сурови и мрачни времиња на светот, трогната сум што пред мојот праг го наоѓам сјајот на Златниот венец. Тоа што им се придружувам на поети, кои толку многу ми значеле во текот на целиот мој живот, како читателка и писателка е извонреден подарок за којшто сум многу благодарна, оваа прекрасна награда од Струга ми го врати духот и радосна сум што сум добредојдена во оваа голема македонска традиција на вреднување на поезијата, рече Ен Дафи.

Осврнувајќи се на своите почетоци и љубовта кон поезијата, кои како што посочи, биле наметнати од нејзината мајка, која постојано и читала поезија, детски песнички истакна дека на поезијата гледа на многу различни начини.

-На поезијата гледам на многу различни начини, некои од нив се противречни, а еден од нив е како штафета што се пренесува низ времето од поет до поет. Друг како бескрајна таписерија со поети кои во своето време го земаат своето пенкало и придонесуваат кон таа таписерија во времето и просторот некаде и некогаш, додаде Ен Дафи.

На свеченото отворање, свое обраќање имаше и Јован Стрезоски, еден од членовите на првиот основачки одбор и долгогодишен директор на Фестивалот. Истакнувајќи поважни моменти од почетоците на манифестацијата нагласи дека идејата произлегла со поетското читање во 1961 година, во чест на 100 години од издавањето на зборникот на струшките браќа Димитар и Константин Миладинови.

-Името на Фестивалот го даде Гане Тодоровски и од 1962 започна СВП, што секоја наредна година се ширеше со учество на поети од републиките од тогашна Југославија, а 1965 СВП прераснаа во меѓународна манифестација со учество на поети од неколку земји во светот. Растејќи се секоја година со учесници од сите континенти како и со доделување на меѓународната поетска награда Златен венец манифестацијата добиваше се позначајно место од кое се ширеше поетскиот збор на сите јазици во светот, потсети Стрезоски, посочувајќи дека нацртот на Златниот венец е на академскиот сликар Димче Протуѓер.

Говорејќи за историјата со издвоени моменти заклучок дека СВП е фестивал кој ги зближува поетите, а поетите ги поздрави со мисла од Блаже Конески, која ја употребувал на крајот до секое писмо „Останете со добра мисла".

Јубилејното фестивалско издание се одржува под мотото „Извишени сведоштва, возвишени стихови", што го потенцира значењето на Паркот на поезијата и симболиката на засадување на дрво од страна на лауреатите секоја година, како чин со кој се одбележува растежот на фестивалот.

Најголем дел од поетските читања и портретите на фестивалот ќе се одржуваат на летната тераса во хотел „Дрим" и на летната сцена во Центарот за култура, а најавено е присуство на 30-тина поети од земјава и светот.

Манифестацијата завршува на 30 август, в недела со меѓународното поетско читање Мостови" и врачување на наградите, „Браќа Миладиновци" и „Мостови на Струга", на летната тераса во хотел „Дрим". /MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.

Популарната босанка пејачка  Тијана Милентијевиќ, попозната како Тијана Ем, меѓу бројните настапи најде време да се одмори и да ужива во летото.

Фото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.

На социјалните мрежи таа објави фотографии во костим за капење и ја покажа својата фигура, а нејзиниот изглед веднаш го привлече вниманието на следбениците.

Брзо пристигнаа коментари и комплименти, при што многумина забележаа дека пејачката изгледа задоволно и самоуверено.

Во последните месеци, Тијана сè почесто покажува промени во својот изглед и се чини дека е особено задоволна од резултатите на својот труд.

Покрај нејзиниот изглед, внимание привлече и нејзината насмевка. И покрај набиениот распоред во текот на летната сезона, пејачката го користи секој слободен момент за одмор и за полнење на батериите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикини

Најдобрата светска тенисерка,Арина Сабаленка, е исклучително активна на социјалните мрежи, па така предизвика вистински хаос со својата најнова објава. 

Фото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикини

Атрактивната Белорусинка сподели фотографии и видео од снимање за списанието „Тајм“, на кои позира во црн едноделен костим на кошаркарски терен.

Фотките ги воодушевија нејизните милионски фанови на социјалните мрежи.

На фотките Сабаленка блескаше од насмевки додека гордо ја покажуваше својата совршена фигура, а покрај костимот за капење, носеше и апостолки со ниска потпетица кои се моден хит ова лето.

На главата имаше темни очила за сонце, а косата ѝ беше собрана во пунџа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“

На 16 август, со почеток во 20:00 часот, Националниот џез оркестар ќе настапи во Битола, во рамките на програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ.

Утре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“

Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот ќе ја ќе ја претстави својата концертна програма „Македонски сновиденија“ - енергична фузија од македонскиот фолклор и современиот џез, водејќи ја публиката низ музичко патување инспирирано од длабоките културни корени на македонската традиција, прераскажани преку слободниот јазик на џезот. Програмата е составена од нови аранжмани на македонски народни песни и оригинални композиции инспирирани од домашниот фолклор.

Овој уникатен проект веќе постигна огромен успех на меѓународната сцена. Во ноември 2025 година, оркестарот реализираше исклучително успешна европска мини - турнеја, претставувајќи ја македонската музичка приказна во големата сала „ELTE“ во Будимпешта, модерниот културен центар „La Fabrika“ во Прага, како и во легендарниот џез клуб „Porgy & Bess“ во Виена. Низата меѓународни успеси продолжи и во мај 2026 година, кога истата програма беше изведена во Брисел, во престижниот културен центар „BOZAR“, каде оркестарот уште еднаш беше пречекан со стоечки овации и високи оценки од европската публика.

Националниот џез оркестар е еден од водечките биг-бенд состави во регионот, препознатлив по својата уметничка извонредност, современ пристап и силна посветеност кон развојот на современата џез музика. Оркестарот обединува врвни домашни џез музичари и меѓународно признати гости - уметници. Основан како национална институција во 2024 година, тој брзо стана централна сила во културниот живот на земјата. Со иновативна програма и распродадени настапи, тој изгради репутација како национален џез бренд. Меѓу гостите солисти досега се истакнуваат Курт Елинг, Јелоуџекетс, Курт Розенвинкел, Марија Мендеш, Дони МекКаслин, Алаин Перез, Ренато Кико, Дон Менца, Шеун Кути, Зиги Фајгл, Луис Бониља, Франческо Беарцати, Мајк Холобер, и други меѓународно признати уметници. Сите тие придонесоа за растечкиот меѓународен профил на оркестарот.

Диригентот Владимир Николов е композитор чие творештво опфаќа широк спектар на музички јазици и жанрови, црпејќи инспирација од класичната музика и џезот. Како аранжер соработувал со ансамбли како што се Metropole Orchestra, Konzerthausorchester Berlin, BBC Radio Orchestra. Меѓу соработниците, се истакнуваат: Џон Клејтон, Ренди Брекер, Винс Мендоза, Шака Кан, Џејкоб Колиер, и многу други. Тој оркестрирал музика за неколку филмски проекти, меѓу кои добитникот на Оскар „The Artist“ (2012). Исто така го оркестрирал аранжманот за преработката на „All Night Long“ од Џејкоб Колиер, награден со Греми 2020 година.

Концертот се реализира во соработка со Општина Битола, КИЦ – Битола и Центарот за култура – Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер