Почна 44. Меѓународен ракометен турнир „Струга 2016“ - Канал 5

Почна 44. Меѓународен ракометен турнир „Струга 2016“

Со натпревар меѓу екипите на француски Шартр и шведски Алингсас вечерва на ракометното игралиште „Женска плажа“ во Струга почна 44. издание на Меѓународен ракометен турнир „Струга 2016“.

Почна 44. Меѓународен ракометен турнир „Струга 2016“
Покрај овие две екипи на годинашниот турнир силите ќе ги одмерат и македонскиот вицепрвак Металург, Еурофарм-Работник и Пелистер од Битола и романската Стеауа.

Според директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, екипите кои ќе настапат доволно говорат за реномето што го поседува Меѓународниот струшки ракометен турнир во светски рамки.

- Со одржувањето на 44. ракометен турнир во Струга, Република Македонија повторно се наоѓа на Европската ракометна карта, а љубителите на ракометот годинава ќе можат во одлични услови да ги проследат сите натпревари, истакна Спасески.

АМС, додаде, и годинава е еден од главните поддржувачи на ракометниот турнир и обезбеди 500.000 денари за што е можно подобра организација

- Струга е колевката на нашиот ракомет и оттука произлегле голем број врвни спортски ракометари кои секогаш биле во центарот на нашата сениорска репрезентација. На гостите и на македонските екипи им посакувам успех и во фер и коректна атмосфера нека победат најдобрите, нагласи Спасески на официјалното отворање на Струшкиот ракометен турнир.

Македонскиот репрезенатативец и член на РК Металург, Филип Талески, чиј тим повеќекратно ја има освоено титулата на овој турнир рече дека иако во поинаков состав со помлада екипа, имаат стратегија за повторни освојување на победничкиот пехар.

- Тука дојдовме со поинаков состав од минатите години кога Металург го освои турнирот, но имаме нов план со помлада екипа да направиме добар успех. Ќе играме како што знаеме, како професионалци, да се носиме со врвни екипи и тука сме дојдени да видиме до кај сме пред почеток на сезоната, да ги видиме нашите грешки. На секоја утакмица ќе дадеме свој максимум да ја израдуваме публиката со победа. Нашите цели се да го одбраниме пехарот од минатите години, ќе одиме на победи и ќе се бориме до крај, изјави Талески.

Ракометарот на РК Еурофарм - Работник, Златко Мојсоски рече дека цел на неговиот тим е воигрување на играчите и подготовка за почетокот на ракометното првенство на Македонија

Ракометното игралиште „Женска плажа“ годинава доби комплетно изградена јужна трибина со подтрибински простор, пластифицирана подлога, а за наредната година треба да биде изградена северната трибина и целосно да се затвори комплексот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФИФА потврди дека била цел на хакери: Украдени се 12 GB податоци

Светската фудбалска федерација потврдува дека  хакери успеале да украдат приватни и деловни податоци. 

ФИФА потврди дека била цел на хакери: Украдени се 12 GB податоци

ФИФА потврди дека била жртва на сајбер напад и дека хакери наводно добиле ограничен пристап до лични и деловни податоци.

„ФИФА тесно соработува со надлежните органи, вклучително и полицијата“, се вели во соопштението на здружението, според АП.

Во соопштението не се наведува кога се случил нападот или кои информации биле хакирани. Минатата недела, група која се нарекува себеси „Клуб на хакери за згодни момчиња“ објави на Твитер фотографија од документи за кои вели дека ѝ припаѓаат на ФИФА. Три дена подоцна, групата се чини дека ја презеде одговорноста за нападот, велејќи дека се преземени повеќе од 12 гигабајти интерни документи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Германија уапсени државјани на Ирак, планирале напади врз синагоги. „Тие се поврзани со Иран“

Двајца Ирачани се уапсени во Германија под сомнение дека планирале напади врз објекти поврзани со САД и еврејската заедница, вклучувајќи синагоги, соопшти Јавното обвинителство на Карлсруе.

Во Германија уапсени државјани на Ирак, планирале напади врз синагоги. „Тие се поврзани со Иран“

„Ирачките државјани Мостафа Ал Р. и Амир Ј. се осомничени дека се членови на терористичка организација и подготвуваат напади врз цели во Европа“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство на Карлсруе.

Двајцата осомничени се во близок контакт со проиранската терористичка организација ХАЈИ, која е обвинета за организирање серија напади врз објекти поврзани со САД, Израел или еврејските заедници во Европа од почетокот на војната во Иран.

„Мостафа Ал Р. и Амир Ј. основале огранок на оваа организација во Германија со цел подготовка и извршување на нападите и регрутирале луѓе кои ќе ги извршуваат нападите со експлозиви“, се вели во соопштението. Понатаму се наведува дека во март оваа година непознати лица се упатиле кон синагогите во Келн и „друг европски град“ со експлозиви, но дека од непознати причини не е извршен напад.

Истовремено со апсењето на двајцата осомничени во Келн и Хајделберг, извршени се претреси во 17 други објекти низ цела Германија. Дејствијата на државното обвинителство се базираат на информации добиени од германската внатрешна тајна служба, Канцеларијата за заштита на уставниот поредок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Собранието го падна испитот на Денот за елиминација на насилството врз жените

Собранието го падна испитот на Денот за елиминација на насилството врз жените – наместо празно портокалово светло, веднаш да се изгласаат електронските нараквици!

ЛДП: Собранието го падна испитот на Денот за елиминација на насилството врз жените

На Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и почетокот на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, Собранието на Македонија не го положи испитот. Наместо празни декларации, протоколарни говори и осветлување на институциите во портокалово, ќе беше вистински и симболичен успех токму на овој ден пратениците да го усвоеја предлог-законот на Либерално-демократската партија (ЛДП) за воведување електронски нараквици за насилниците – со што директно ќе се превенираа нови трагедии и ќе се спасеа човечки животи.

„Делата говорат многу повеќе од зборовите. Не сакам веќе да говориме, барам во овие 16 дена да го усвоиме законот кој го поднесовме. Во спротивно, наместо за ‘активизам‘, ќе говориме за собраниски неуспех“, порача Моника Зајкова, пратеничка во Собранието и лидерка на ЛДП.

Додека власта и институциите испраќаат декларативни пораки за поддршка, трагичната реалност говори дека податокот на Обединетите нации за зголемување од 70 проценти на пријавените случаи на родово базирано насилство во првите десет месеци од 2026 година е аларм за итна реакција, а не повод за уште една прес-конференција. Жените-жртви немаат луксуз да чекаат уште 16 дена, ниту пак нова работна група, бидејќи насилниците не прават пауза, а за нив секој изгубен ден е прашање на живот и смрт.

Двапати досега пратеничкото мнозинство дозволи предлог-законот на ЛДП за електронски нараквици да биде одбиен и одложуван, додека зад нас веќе броиме 7 фемициди и епидемија на насилство. Телефонски линии и ПР-кампањи не можат да ја заменат одговорноста на државата.

ЛДП бара итно усвојување на законот за електронски нараквици во текот на овие 16 дена, доследно спроведување на заштитните мерки, функционални засолништа, бесплатна правна и психолошка помош за жртвите, како и конкретна одговорност за секој институционален пропуст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер