3СДСМ: Резултати за градоначалник на Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%
СветПочина Тед Тарнер, основачот на CNN Тед Тарнер, медиумскиот визионер и филантроп кој ја основа CNN, првата 24-часовна новинска мрежа што ги револуционизираше телевизиските вести, почина денеска на 87-годишна возраст, соопшти „Тарнер Ентерпрајзис“.Тој изгради медиумска империја што ја вклучуваше првата кабелска суперстаница, популарни филмски и цртани канали и професионални спортски тимови како што се „Атланта Брејвс“, објави CNN. Тарнер беше и меѓународно познат јахтсман, филантроп кој ја основа Фондацијата на Обединетите нации, активист кој се залагаше за глобална елиминација на нуклеарното оружје и конзерватор кој стана еден од најголемите земјопоседници во Соединетите Американски Држави. Тој одигра клучна улога во враќањето на бизоните на американскиот Запад. Тој, исто така, ја создаде анимираната серија „Капетан Планета“ за да ги едуцира децата за животната средина. Револуција во емитувањето вести Сепак, тој беше најславен поради неговата смела визија за емитување вести од целиот свет во реално време, во кое било време од денот или ноќта, откако идејата конечно се реализираше. Во 1991 година, списанието „Тајм“ го прогласи за Личност на годината за „влијание врз динамиката на настаните и претворање на гледачите во 150 земји во директни сведоци на историјата“. Тарнер на крајот ги продаде своите мрежи на „Тајм Ворнер“ и подоцна се пензионираше, но продолжи да изразува гордост за CNN, нарекувајќи го „најголемото достигнување“ во својот живот. „Тед беше исклучително ангажиран и посветен лидер, бестрашен и секогаш подготвен да ја следи својата интуиција и да му верува на сопствениот суд“, рече Марк Томпсон, претседател и извршен директор на CNN Worldwide, во изјава. „Тој е и секогаш ќе биде движечката сила зад CNN. Тед е гигант на чии рамена стоиме и сите ние ќе одвоиме еден момент денес да му оддадеме почит и да го препознаеме неговото влијание врз нашите животи и светот“. Боледувал од деменција Во 1970-тите, тој беше сопственик на бејзбол тимот „Атланта Брејвс“ и кошаркарскиот клуб „Атланта Хокс“, а го освои Купот на Америка со својата едрилица „Courageous“. Форбс го проценува неговото богатство на 2,8 милијарди долари. „Да имав само малку понизност, ќе бев совршен“, рече тој еднаш. Неговиот биограф напишал дека Тарнер се борел со депресија и често зборувал за самоубиство. Во младоста, имал репутација на алкохоличар кој отворено зборувал што и да му паднало на памет. „Немам поим што ќе кажам. Велам што и да му падне на памет“, еднаш изјавил тој за списанието „Њујоркер“. Се женел и се развел три пати и има пет деца. Неговиот трет брак со Џејн Фонда, кој траел десет години, завршил во 2001 година. Нешто повеќе од еден месец пред неговиот 80-ти роденден во 2018 година, Тарнер открил дека страда од деменција. На почетокот на 2025 година, бил хоспитализиран поради блага форма на пневмонија, по што се опоравил во центар за рехабилитација. Тарнер го надживеале пет деца, 14 внуци и двајца правнуци.Тагови: CNN Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
Шоу бизБела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката. На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето. Вежбање, сауна и масажа Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби. На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа. Неодамна го прослави својот 30-ти роденден Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми. Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите. Ново поглавје во животот Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“. Извор: Индекс.хрТагови: Бела Хадид топлес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблемиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
СветКрст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“. Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите. Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал. Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА Terrible!! Tragedia en la iglesia Perpetuo Socorro, sur de Guayaquil. El sacerdote Patricio Sánchez falleció tras caerle encima una cruz mientras oficiaba una misa. El lamentable suceso causa gran conmoción entre los fieles y la comunidad católica. https://t.co/647JgyCrA5 — Emergencias Ec (@EmergenciasEc) October 18, 2026 Тагови: свештеник Крст Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter