Почина Иван Тасовац, директор на Белградската филхармонија - Канал 5

Почина Иван Тасовац, директор на Белградската филхармонија

Иван Тасовац (55), директор на Белградската филхармонија, починал вечерва во својот дом во Белград околу 21 часот, откако одеднаш му се слошило.

Почина Иван Тасовац, директор на Белградската филхармонија

Тимот на Брзата помош се обидела да го реанимира, но безуспешно, пренесува Телеграф.рс.

Тасовац дипломирал пијано на Конзерваториумот „Петар Илич Чајковски“ во Москва, во класата на професорот Сергеј Доренски. Тој беше директор на Белградската филхармонија од 23 март 2001 до 2013 година. Во почетокот на 2014 година, во конкуренција за нов директор, тој бил едногласно избран за најдобар кандидат за оваа позиција.

На возраст од дванаесет години, Тасовац дебитирал со оркестарите на Белградската и Загребската филхармонија. Исто така, настапил како солист со оркестрите во Италија, Швајцарија, Шпанија, Ирска, САД, Русија и Белгија. Одржувал часови по пијано во Италија, Русија и поранешна Југославија.

Тој е добитник на наградата „Дискуртон“ за 2004 година, што ја доделува претставникот на маркетинг -мрежата TBWA на оние кои работат поинаку од вообичаено, ги менуваат правилата и ги кршат воспоставените канони. Тој исто така е добитник на повелбата „Биди добар и покажи им на другите“, доделена од Бизнис школата за односи со јавноста за периодот јули-декември 2004 година, и годишната награда за 2005 година, доделена од Samsung.

Тој, исто така, ја освоил наградата за придонес на годината во Европа во 2009 година, а неделникот Време го избрал за личност во 2011 година.

Тој бил и претседател на Советот за промоција на Србија. На крајот на август 2013 година, ја прифати поканата на премиерот Ивица Дачиќ да стане министер за култура.

Во април 2014 година, повторно бил назначен за министер за култура и информации. Тој ја извршуваше оваа функција до август 2016 година, кога била избрана новата влада на Србија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џорџина се пофали со нов автомобил, еден детал привлече внимание (ВИДЕО)

Џорџина Родригез, сопругата на Кристијано Роналдо, се пофали со нов луксузен автомобил на социјалните мрежи. 

Џорџина се пофали со нов автомобил, еден детал привлече внимание (ВИДЕО)

Таа го сподели видеото од неговата испорака со своите повеќе од 77 милиони следбеници, а објавата дојде во моментот кога нејзиниот сопруг го објави крајот на неговата репрезентативна кариера.

Нов Range Rover вреден повеќе од 200.000 евра

Џорџина покажа на Инстаграм како таа и нејзините деца го пречекаа новиот Range Rover во елегантна шампањ боја пред семејниот дом.

Судејќи според видеото, пристигнувањето на скапиот автомобил особено ја развесели. Иако не го откри точниот модел, се проценува дека неговата цена би можела да надмине 200.000 евра.

Вниманието го привлече и еден интересен детаљ на автомобилот - персонализирана регистарска табличка со името на Џорџина. „Кога испораката ќе стигне во вашата куќа“, се пошегува таа покрај клипот.

Сепак, таа не откри дали се почастила со новиот автомобил или го добила како подарок.

Роналдо се збогува со португалската репрезентација

Објавата на Џорџина доаѓа во време кога нејзиниот сопруг Кристијано Роналдо е повторно во центарот на вниманието. Португалскиот фудбалер во четврток објави дека се збогува со репрезентацијата по 23 години.

Тој ја сподели одлуката со емотивно видео на социјалните мрежи, во кое се потсети на годините поминати во дресот на репрезентацијата и им се заблагодари на сите што го следеа во текот на целата негова кариера.

„Португалија секогаш ќе биде во мене. Португалци, дојде време да се збогувам со дресот со број 7. Никогаш не го сметав само за мој, туку 23 години имав чест и одговорност да го носам, да го бранам и да го претставувам на стадионите низ целиот свет“, рече Роналдо.

YouTube video

Тој посвети особено емотивен дел од пораката на своето семејство, на кое му се заблагодари за нивното разбирање и поддршка во текот на сите години од неговата фудбалска кариера.

„Ви благодарам што го споделивте овој сон со мене. Ви благодарам за разбирањето за сите отсуства, жртви и моменти во кои репрезентацијата го заземаше просторот што ви припаѓаше. Ако стигнав до тука, тоа е затоа што секогаш одевме рака под рака“, заклучи португалскиот фудбалер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион се урна и се запали на автопат во Германија, нема преживеани

Според најновите информации, две лица загинаа во падот на мал авион во Германија, кој се урна на автопатот А2 помеѓу Бург и Кринберг, на североистокот од земјата, соопшти полицијата.

Авион се урна и се запали на автопат во Германија, нема преживеани

„Авионот се запали за време на падот. Според сегашните информации, спасувачите пронајдоа две мртви лица во авионот“, изјави за „Билд“ портпаролот на локалната полиција Стефан Бродтрук.

Причината и околностите на несреќата, која се случи непосредно пред 15 часот во покраината Саксонија-Анхалт, сè уште се истражуваат.

Полициската и спасувачката операција траеја неколку часа, а автопатот кон Хановер беше затворен во тој период.

Според порталот „Флајтрадар“, авионот што се урна бил двосед регистриран на воздухопловниот спортски клуб во Кроп, и полетал од нивниот аеродром во Шлезвиг во 12:33 часот, објави Мирор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Филипче шири паника за домино ефект во банкарскиот систем

Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, ја коментираше темата за Алта банка и случувањата во земјава.

Лефков: Филипче шири паника за домино ефект во банкарскиот систем

Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, ја коментираше темата за Алта банка и случувањата во земјава, за што кажа дека Народната банка веќе најавила сет мерки и како независно регулаторно тело работи да го заштити интересот на граѓаните, додека како што вели, лидерот на СДС повторно се обидува да создаде паника од случување на домино ефект.

„Народната банка претставува една посебна независно регулаторно тело коешто практично е независно и така треба да биде третирано. Банкарскиот сектор исто така спаѓа во она што се нарекува стратешки сектор, економски сектор во државата и кога се пристапува во вакви кризи, треба да се пристапува многу внимателно, имајќи на ум неколку принципи, а тоа е заштита на депозитот и заштедата на граѓаните, меѓутоа и заштита на самиот банкарски сектор. Гледаме дека Народната банка како регулатор, настапува во моментот во насока на заштита на депозитите на граѓаните. Видовме мерки на прес-конференцијата денес во три насоки, зголемување нели на обемот, на местата за пристапност за подигање на готовина“, рече Лефков.

Лефков го посочи и односот на опозицијата и прес-конференциите на лидерот на СДС, каде тој се обидува да создаде паника и како што вели бомбастично најавува некој домино ефект, односно ефект на други банки, за што кажа дека не е точно.

„Апелирам дека политиката и прстите на политиката треба да бидат особено внимателни кога станува збор за банкарскиот сектор и не треба на овој начин да се обидуваат да креираат хистерија. Важно е институциите да го дадат својот одговор, а ние како Собрание на Комисијата за финансирање и буџет да се разгледаат сите оние аспекти во коишто институциите требало да постапат не постапиле или како постапувале“, истакна Лефков и додаде:

„Во дадениот момент се заштитуваат депозитите на граѓаните и се работи активно на мерки и начини за подигање на платите, социјалните придонеси, другите плаќање. Се настојува да се преброди ова и да не се создаде она што Венко го најави како домино ефект во другите банки. Важно е банкарскиот систем да биде стабилен и многу е важно неодговорни политичари да не постапуваат неодговорно, обидувајќи се да добијат некој политички поен“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер