3Тошковски во посета на Археолошкиот музеј: Македонија располага со исклучително богато археолошко и културно наследство
Шоу бизПочина холивудската актерка Ен Хеч, не се разбуди од кома по тешката сообраќајка Актерката Ен Хеч денеска е прогласена за мртва. Таа беше исклучена од апарати за одржување во живот една недела откако со автомобилот удри во куќа во Лос Анџелес.Нејзината смрт ја објави нејзината пријателка Ненси Дејвис на Инстаграм, а нејзиното семејство ја потврди за Гардијан. Актерката беше хоспитализирана во болницата Вест Хилс северно од Лос Анџелес по ужасната несреќа на 5 август. Претставник на нејзините најблиски вчера потврди дека е мозочно мртва и дека само со машини ја одржуваат во живот за лекарите да ѝ ги земат органите за донација. „Сакаме да им се заблагодариме на сите за нивните добри желби и молитви за закрепнување на Ен и да им се заблагодариме на посветениот персонал и прекрасните медицински сестри кои се грижеа за Ен во Центарот за изгореници Гросман во болницата Вест Хилс“, се вели во објавата. Ен Хеч падна во кома по катастрофалната сообраќајна несреќа. Таа имаше значителна повреда на белите дробови за која беше потребна механичка вентилација, а изгорениците бараа хируршка интервенција. Полицијата во Лос Анџелес се сомнева дека Хеч била под дејство на алкохол кога со својот син Mini Cooper удрила во куќа во ЛА, предизвикувајќи огромен пожар. Набрзо се дозна дека е во тешка состојба, а нејзиното семејство вчера потврди дека ја одржуваат во живот само со машини. Ен Хеч била родена на 25 мај 1969 година, а почнала да глуми во осумдесеттите. Таа се прослави со улогата на близначките Вики Хадсон и Марли Лав во сапуницата Друг свет (1987 - 1991), за која доби Еми награда и две награди за сапунска опера. Во доцните 1990-ти, таа почна да добива посериозни улоги, како што се оние во криминалната драма Дони Браско (1997), филмовите Вулкан (1997), Знам што направи минатото лето (1997), акционата комедија Шест дена, седум ноќи (1998) и драматичниот трилер Враќање во рајот (1998). View this post on Instagram A post shared by Anne Heche (@anneheche) По нејзината улога како Мерион Крејн во римејкот на Гас Ван Сант на хорор филмот Психо (1998), кој ѝ донесе номинација за наградата Сатурн, Хеч продолжи да глуми во многу популарни независни филмови, како што е драмата Раѓање (2004), секс-комедијата Шприд (2009), Седар Рапидс (2011), Рампарт (2011) и темната комедија Catfight (2016). Таа доби пофалби за нејзината улога во телевизискиот филм Gracie's Choice, кој ѝ донесе номинација за наградата Еми Primetime, и за нејзината работа на Бродвеј, особено Twentieth Century, за која беше номинирана за наградата Тони.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦеремонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет пред најмлади посетителиТрадиционалната церемонија ја реализираше Баталјонот за почести при македонската армија, придружуван од воениот оркестар.По повод церемонијата на менување на државното знаме, којашто се одржува секој втор петок во месецот, денеска Кабинетот на претседателот го посетија учениците од ООУ „Гоце Делчев“ од Виница и деца од скопските градинки „Орце Николов“ - Карпош, Британска детска Академија и „Изворче – Монтесори“, како и дел од нивните наставници и воспитувачи. Традиционалната церемонија ја реализираше Баталјонот за почести при македонската армија, придружуван од воениот оркестар. Децата љубопитно го проследија настанот, со почит се вклучија во интонирањето на македонската химна, а на крајот го крунисаа моментот со заедничка фотографија. Заинтересирано ги разгледаа кабинетските простории, а посебно внимание им посветија на двата прекрасни мозаици на Чемерски во свечената сала. Највозбудлив дел од посетата беше бурниот разговор со претседателката, која беше изненадена од умните прашања за нејзините омилени игри и училишни предмети, домашните миленици, но и за тежината и предизвиците во вршењето на претседателската функција. Одговарајќи им, претседателката искрено призна дека нивните прашања ја вратиле во најубавиот период од животот, којшто никогаш никој не го заборава.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПетмина се уапсени поради кражба на четири ремек дела од музејот на Реноар Француската полиција уапси најмалку пет лица поврзани со кражбата на четири уметнички дела од музејот Реноар на 8 септември.Се верува дека меѓу уапсените се двајца директни сторители. Според весникот „Нис-Матен“, кој прв извести за апсењата, осомничените би можеле да бидат дел од организирана криминална група, пишува „Еуроњуз“. Кражбата се случила во зори на 8 септември. Градоначалникот Брајан Масон изјавил за локалната станица „Иси Азур“ дека сторителите биле добро опремени и добро информирани. Тие влегле во музејот низ градината, каде што ја исекле оградата, а потоа го скршиле прозорецот на приземјето од зградата. Тие користеле електрична пила за да ги исечат држачите што ги прицврстувале рамките за слики. Масон додаде дека дуото било „забележано благодарение на градските камери за надзор“. 🇫🇷🖼️ Tableaux de Renoir volés sur la Côte d'Azur: cinq personnes ont été interpellées dans le cadre de l'enquête ouverte après le vol de deux tableaux au musée Renoir de Cagnes-sur-mer en septembre. https://t.co/HU61keznxl — Agence France-Presse (@afpfr) October 7, 2026 Плен вреден девет милиони евра Вкупната вредност на украдената уметност се проценува на девет милиони евра. Две слики се пронајдени во градината на музејот. Според изјавата доставена до агенцијата АП, крадците ги отфрлиле за време на нивното бегство од полицијата, која била активирана од алармот. Потрагата по преостанатите две слики сè уште е во тек. Станува збор за делата „Портрет на г-ѓа Колона Романо“ од 1910 година и „Млада жена на бунарот“ од 1886 година. Музејот на Реноар се наоѓа во медитерански град помеѓу Кан и Ница и е негова најпозната знаменитост. Музејот е отворен во 1960 година во куќата што била последниот дом на сликарот. Реноар живеел таму до својата смрт во 1919 година, кога починал од пневмонија на 78-годишна возраст.Тагови: музејот Реноар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски во посета на Археолошкиот музеј: Македонија располага со исклучително богато археолошко и културно наследствоМинисерот за внатрешни работи беше во посета на Археолошкиот музеј во Скопје.„Неодамнешните кражби на вредни историски и археолошки предмети од музеи во повеќе европски земји нè потсетуваат колку е значајна заштитата на културното наследство и колку е важно навременото преземање превентивни мерки. Токму на оваа тема денеска разговаравме при мојата посета на Археолошкиот музеј во Скопје, каде што ги разгледавме можностите за унапредување на институционалната соработка и зајакнување на безбедноста на културните добра. Македонија располага со исклучително богато археолошко и културно наследство, кое сведочи за долгата и разновидна историја на овие простори. Секој археолошки предмет, секој историски артефакт е дел од нашата колективна меморија и културен идентитет, богатство кое имаме обврска да го зачуваме за идните генерации. Заштитата на ова непроценливо богатство не е само прашање на културата, туку и важно безбедносно прашање. Спречувањето на кражбите, нелегалната трговија со културни добра и другите облици на загрозување на културното наследство бараат постојана будност, превенција и координирано дејствување на надлежните институции.“- објави Тошковски.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook