Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
2Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
ЖивотПочина големата музичка ѕвезда , пејачката на Роксет, Мери ФредрисонВо 61 година од животот почина една од најголемите музички ѕвезди на светот во деведесеттите години на минатиот век.Семејството на славната пејачка Мери Фредриксон на групата Роксет, денеска ја соопшти неочекуваната вест. Шведските медиуми објавија дека починала Мери Фредерикс, пејачката на легендарната група Роксет. -Смртта на Мери Фредриксон ја оплакуваат нејзиниот сопруг Микаел Болиос и нивните две деца, објави шведскиот „Експрес“. Медиумите го пренесоа и соопштението од нејзиното најтесно семејство. -Со голема тага мораме да ви соопштиме дека замина еден од најголемите и најсакани наши уметници, изјавиле нејзините најмили. Воедно истакнале дека Мери починала вчера на 9 декември. Во соопштението стои и дека причините за смртта се поврзани со нејзината претходна болест. Познато е дека Мери во 2002 година се лекувала од карцином на мозокот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
МакедонијаГруби пречекан со овации во Чаир!Синоќа во Чаир во Скопје грагани се собраа за да го поздрават поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој излезе од куќниот притвор определен во рамките на случајот во кој тој е обвинет за проневера на државни пари од лотарија.Груби се движеше во друштво на пријатели и соработници, придрружен со огномет и запалени факели и чадни бомби. Од кривичниот суд соопштија дека одлуката за укинување на куќниот притвор е донесена поради истекување на законски дозволениот рок од 60 дена, сметано од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог. Судот не му ја прифати понудената гаранција за барањето да му биде вратен пасошот. Тој има и забрана да го напушта Скопје додека трае судењето. На рочиштата Груби изјави дека не се чувствува виновен. По 14 месеци бегство во Косово, Груби се предаде на Блаце на 23 февруари 2026 и спротивно на досегашната пракса за бегалци од правдата, не остана во притвор туку по неколку часа во затворот во шутка,кажа дека не се чувствувал безбеден во Шутка, па затоа му беше одредена мерката куќен притвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
ЖивотНа папата Лав XIV му е дијагностициран рак на белите дробови, но успешно е опериран соопшти Ватикан На Папата Лав 14 му е дијагностициран рак на белите дробови, но успешно е опериран соопшти Ватикан .71-годишниот папа бил подложен на 90-минутна операција во вторникот во болницата „Џемели“ во Рим, каде му бил дијагностициран аденокарцином на белите дробови. „Операцијата беше успешна и немаше никакви компликации“, соопшти Ватикан. „По операцијата, папата се разбуди нормално и се врати по краток период на набљудување во својата соба“, додаде Ватикан. Грутката првпат била откриена за време на она што Ватикан го опиша како „рутински проверки“. Се очекува папата да остане во болница околу една недела. Претходно, големи толпи чекаа со часови пред болницата на папата.Тие го поздравуваа со радосни поздрави и му посакуваа добро здравје додека поминуваше. Во своето соопштение, Ватикан соопшти дека целиот долен лобус на десниот белодроб на папата бил отстранет „за да се осигури дека постапката е успешна “. Извор од Ватикан изјави за новинската агенција „Франс прес“ дека се спроведуваат дополнителни тестови за да се види дали има некакви знаци дека ракот се проширил. Папата во неделата ја објави веста за својата операција на светот, зборувајќи од балконот на плоштадот „Свети Петар“ .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНема промена кај цените на гориватаНема промена на цените на бензините и дизелот. Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 останува 98,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 се продава по 100,50 денари, а дизелот по 97 денари за литар.Единствено поскапува мазутот, за 2,14 денари и сега чини 51,74 денари за килограм. Во актуелните цени на горивата се вклучени владините мерки за намалено ДДВ на дизелот од 18 на 10%, како и намалената акциза за бензините и дизелот за 4 денари по литар..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter