Почина Благоја Јанаков, професор на Филозофскиот факултет во Скопје - Канал 5

Почина Благоја Јанаков, професор на Филозофскиот факултет во Скопје

На Филозофскиот факултет во Скопје се вработил во 1989 година како асистент, а по  докторирањето на Универзитетот во Белград во 1991 година е избран за доцент за предметот Психологија на личност при Институтот за психологија на Филозофскиот факултет.

Почина Благоја Јанаков, професор на Филозофскиот факултет во Скопје

По кратко боледување, на 68-годишна возраст вчера во Скопје почина Благоја Јанаков, професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Како што соопшти Деканатот на Факултетот, проф. Јанаков по основното и гимназиското образование во родниот Велес студирал психологија во Белград каде го оформил своето високо образование на сите студиски циклуси.

На Филозофскиот факултет во Скопје се вработил во 1989 година како асистент, а по докторирањето на Универзитетот во Белград во 1991 година е избран за доцент за предметот Психологија на личност при Институтот за психологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Четири години подоцна избран е во звањето вонреден професор. Во звањето редовен професор првпат е избран во 2001 година, а потоа реизбран во 2006 година.

Предавал на Природно-математичкиот факултет, Факултетот за ликовни уметности и Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј". На додипломските студии ги предавал предметите Личност, Теории за личноста и Психологија на личен развој.

На последипломските студии предавал околу 25 години. Предавал и на докторските студии, повеќе од 15 години водел едукативни групи за личен развој и интегративна психотерапија. Активно учествувал во голем број домашни, регионални и меѓународни научни и стручни собири. Учествувал во бројни работилници, едукативни групи и семинари. Завршил и четиригодишна едукација по гешталт терапија.

Проф. Јанаков професионално членувал во Друштво на психолози на Србија, Сојуз на друштва на психолози на Југославија, Европска асоцијација за психологија на личност, Американска психолошка асоцијација, Европска асоцијација за психотерапија…Во текот на својот работен век напишал голем број учебници, книги, статии и прирачници.

-Сепак, најмногу ќе остане запаметен меѓу колегите и студентите како професор кој држеше предавања од кои многу можеше да се научи, бидејќи освен теоретско знаење имаше и големо практично искуство кое несебично го споделуваше. Како човек секогаш слушаше внимателно, трпеливо и смирено, а љубовта кон психологијата активно ја покажуваше постојано залагајќи се за нејзина афирмација во земјава и надвор. Зад себе остави силен печат кај многу генерации психолози кои учеа од него и со тоа засекогаш го обезбеди своето место во вечноста на нашето високо образование и на психологијата како професија, соопшти Деканатот на Филозофскиот факултет. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еден настап беше доволен за филмовите на Киану Ривс да исчезнат од Кина (ВИДЕО)

Киану Ривс е познат како еден од најпопуларните актери во Холивуд со години, но во 2022 година се најде во центарот на контроверзност во Кина. 

Еден настап беше доволен за филмовите на Киану Ривс да исчезнат од Кина (ВИДЕО)

По едно од неговите јавни појавувања, голем број филмови од неговата кариера почнаа да исчезнуваат од главните кинески платформи за стриминг, вклучувајќи ги и насловите од франшизите „Матрикс“ и „Џон Вик“.

Поводот беше учеството на Ривс на виртуелниот добротворен концерт на Тибет Хаус САД во март 2022 година, каде што ја рецитираше поемата „Повлечи ја мојата маргаритка“. Организацијата се занимава со зачувување на тибетската култура и е основана во 1987 година на барање на Далај Лама. Учеството на Ривс предизвика критики од кинеските националисти поради политички чувствителното прашање за Тибет, кој Кина го смета за дел од својата територија, пишува списанието Far Out.

Неговите филмови почнаа да исчезнуваат од стриминг услугите

Реакцијата беше особено впечатлива бидејќи само неколку месеци претходно „The Matrix Resurrections“ пристигна во кинеските кина. По концертот, корисниците забележаа дека филмовите на Ривс повеќе не се достапни на некои од најголемите кинески платформи за стриминг. Ројтерс во тоа време објави дека отстранувањата ги вклучуваат филмовите „Матрикс“ и „Џон Вик“, како и акциониот блокбастер „Брзи и бесни“.

YouTube video

„Лос Анџелес Тајмс“ откри дека само „Тенсент Видео“ отстранила најмалку 19 филмови на Ривс. Неговото име повеќе не се појавувало на некои платформи, а филмовите „Бил и Тед“ биле меѓу недостапните наслови. Не беше јасно дали отстранувањата биле директно нарачани од кинеските власти или самите платформи одлучиле да ја повлечат содржината.

Приказната е вкоренета во долгогодишната чувствителност на кинеските власти кон јавната поддршка за Тибет и Далај Лама. Бројни западни ѕвезди претходно се соочија со проблеми на кинескиот пазар по слични изјави, а Ривс сега е на списокот на актери чии политички активности имале директно влијание врз достапноста на нивните филмови во земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Снимен е моментот кога украински дрон се забива во зграда во Русија (ВИДЕО)

Едно лице загина, а четворица се повредени во рускиот Пермски регион откако украинскиот напад со дрон оштети станбена зграда, соопштија руските власти.

Снимен е моментот кога украински дрон се забива во зграда во Русија (ВИДЕО)

Дмитриј Махонин, гувернерот на рускиот регион, во соопштението што го пренесе РИА Новости изјави дека силите за воздушна одбрана и мобилните противпожарни групи одбиле „масовен напад од непријателски беспилотни летала“.

„Нападот оштетил станбена зграда. За жал, едно лице починало. Според прелиминарните информации, уште четири лица се повредени и добиваат сета потребна медицинска помош“, напиша Махонин.

Погледнете го видеото:

Зеленски: Нападнавме три рафинерии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека украинските беспилотни летала со долг дострел нападнале три рафинерии за нафта низ Русија.

„Нашите војници продолжуваат праведно да одговараат на руските напади врз Украина. Рафинерија за нафта беше погодена во Рјазанскиот регион. Нашите сили со долг дострел нападнаа рафинерии за нафта во Пермскиот регион и Татарстан“, рече Зеленски во објава на социјалните медиуми.

Тој додаде дека украинските беспилотни летала, исто така, погодиле место за лансирање и складирање на терористичките беспилотни летала во рускиот Курски регион и „една цел“ во Црното Море, но не даде дополнителни детали.

Објавата на Зеленски дојде по извештаите на Телеграм, од кои некои содржеа податоци за геолокација, дека украинските беспилотни летала ја погодиле рафинеријата ЛУКОИЛ-Пермнефтеоргсинтез, една од најголемите руски рафинерии за нафта во Перм, на повеќе од 1.500 километри од Украина.

Снимките објавени од украинскиот канал Егзиленова+ на Телеграм наводно прикажуваат украински беспилотни летала со долг дострел како летаат над Перм и чад што се издига од рафинеријата поради експлозиите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НАТО со порака по погребот на Младиќ: Нема да дозволиме безбедносен вакуум

Пресудата на Хашкиот суд против Ратко Младиќ помогна во зачувувањето на владеењето на правото и казнувањето на одговорните за воени злосторства, изјави денеска функционер на НАТО. 

НАТО со порака по погребот на Младиќ: Нема да дозволиме безбедносен вакуум

Тој додаде дека Алијансата нема да дозволи повторно да се појави безбедносен вакуум во Западен Балкан.

„Пресудата на Кривичниот суд на ОН против Ратко Младиќ помогна во одржувањето на владеењето на правото и во изведувањето пред лицето на правдата на одговорните за воени злосторства. Генералот Младиќ беше одговорен за ужасни злосторства против цивили, вклучително и убиствата на илјадници босански мажи и момчиња во Сребреница во 1995 година“, изјави функционер на НАТО.

Осудениот воен злосторник Ратко Младиќ беше погребан денес во семејната гробница на гробиштата Топчидер во Белград, со црковни обреди и воени почести. Меѓу илјадниците луѓе на парадата и погребната поворка беа и некои министри на српската влада и функционери на Република Српска.

Ставот на НАТО за стабилноста на Западен Балкан

Функционерот на НАТО, кој сакаше да остане анонимен, не коментираше директно за погребот на Младиќ, но истакна дека „НАТО помогна да се заврши едно од најтемните поглавја во историјата на Европа и повеќе од дваесет години придонесува за градење трајна безбедност на Западен Балкан“.

„Западен Балкан е регион од стратешко значење за нашата Алијанса. Нашата посветеност на регионалната стабилност е цврста и нема да дозволиме повторно да се појави безбедносен вакуум“, рече функционерот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер