Почина авторот на најнежните љубовни балади

Американскиот соул пејач Бил Витерс, кој ги напиша и испеа песните Lean on Me, Aint No Sunshine и Lovely Day, почина на 82-годишна возраст.

Причината за смртта биле проблеми со срцето, потврди неговото семејство, пренесува „Гардијан“.

"Жалиме од загубата на нашиот сакан татко и сопруг. Тој ги обединуваше луѓето. Живееше мирно и се повлече со семејството и пријателите. Неговата музика засекогаш ќе му припаѓа на целиот свет. Се надеваме дека ќе им даде утеха на неговите обожаватели", велат од семејството.

Витерс освои три награди Греми.

притисни ентер