Почина американски тинејџер, погрешно лекуван од коронавирус , два пати го враќале од болница - Канал 5

Почина американски тинејџер, погрешно лекуван од коронавирус , два пати го враќале од болница

Момче (17) од градот Ланкастер, во близина на Лос Анџелес почина откако се зарази со коронавирус.

Почина американски тинејџер, погрешно лекуван од коронавирус , два пати го враќале од болница

Иако здравствениот штаб во Лос Анџелес прв пат објави дека неговата смрт е поврзана со вирусот „Ковид-19“, неколку часа подоцна тие се оградија велејќи дека причина за смртта на тинејџерот може да биде нешто друго.

- Иако првичните тестови покажаа дека тој бил позитивен на „Ковид-19“, случајот е сложен и може да има алтернативно објаснување за неговата смрт. Неговата смрт ќе треба да ја објасни Американскиот центар за контрола и спречување на болести, се вели во соопштението.

Градоначалникот на Ланкастер Рекс Парис изјави дека момчето е хоспитализирано поради респираторни проблеми и починало поради септичен шок, како резултатна широко распространетата инфекција која може да предизвика екстремно низок крвен притисок и слабост на органите.

Парис тврди дека таткото на момчето исто така бил болен од вирусот „Ковид-19“ и дека бил вработен на работно место каде имал директен контакт со луѓе.

Градоначалникот рече дека момчето веројатно имало и други здравствени проблеми, но бил здрав пред да се зарази со вирусот.

Тој рече дека не се сомнева дека тинејџерот починал од компликации предизвикани од вирусот „Ковид-19“.

„Ние сме првиот град во Соединетите држави каде едно дете почина од коронавирус, болката е неподнослива“, рече тој.

Според него, младиот човек отишол во болница поради респираторни проблеми, но тие го пуштиле дома и не го тестирале за Ковид-19. Потоа отишол во друга болница, каде бил примен и тестиран. Дури по неговата смрт, добил позитивен наод за коронавирус.

- Како може да примите дете во болница со респираторни проблеми и да не го тестирате? Многу сум лут“, изјави градоначалникот на Ланкастер.

Искрено сочувство изрази Барбара Ферер, началник за јавно здравје на округот Лос Анџелес.

- Секоја загуба во округот ЛА е трагична. Искажуваме искрено сочувство до семејството и саканите кои ја претрпеа оваа трагедија, рече Барбара Ферер.

„Она што го гледаме во градовите како Њујорк е показател за она за што треба да се подготвиме овде“, рече таа

Во Соединетите држави, само помалку од 3 проценти од сите хоспитализирани со коронавирус се деца под 19-годишна возраст. Статистиката на болни деца е слична во светот од почетокот на епидемијата.

Како и многу други градови во САД, и во Ланкастер е тешко да се добие опрема за тестирање и маски. Парис во соопштението за печат истакнал дека нарачал 100.000 тестови од Европа.

Низ САД, повеќе од 55.000 луѓе се заразени со „Ковид-19“, а најмалку 800 починале.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одмазда за рускиот напад врз автобуска постојка- Украина ја погоди најголемата руска рафинерија (ВИДЕО)

Украински беспилотни летала нападнаа рафинерија за нафта во Омск, Русија. 

Одмазда за рускиот напад врз автобуска постојка- Украина ја погоди најголемата руска рафинерија (ВИДЕО)

Локалното население пријавило две експлозии и чад од централата, а гувернерот на областа Омск го потврдил нападот, пишува Telegram ASTRA, а пренесува Prm.ua.

„Нападната е рафинеријата во Омск. Од цевките излегува чад. Се слушнале две експлозии“, велат локалните жители.

Гувернерот на Омската област Виталиј Хоценко изјави дека руската воздушна одбрана наводно го одбила нападот со беспилотни летала. Според него, оперативните служби во регионот се ставени во состојба на готовност.

Пред нападот во областа Омск беше прогласена опасност од дронови. На аеродромот во Омск се воведени привремени ограничувања за прием и испраќање на авиони.

Рафинеријата Омск е една од најголемите рафинерии за нафта во Русија. Рафинеријата веќе беше цел на напад на украински беспилотни летала во јули оваа година, по што нејзината работа беше целосно прекината.

Да потсетиме дека ноќта кон четвртокот, 8 октомври, украинските одбранбени сили, според прелиминарните информации, нападнале два важни индустриски капацитети во Русија - комплексот за преработка на нафта „Гаспром Нефтехим Салават“ во Башкортостан и фабриката „Саста“ во регионот Рјазан. Пријавени се пожари на територијата на двете компании.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меси доби понуда што не се одбива

Лионел Меси, најдобриот фудбалер на сите времиња, се збогува со репрезентацијата на Аргентина против Бенин, со што заврши една одлична фудбалска приказна. 

Меси доби понуда што не се одбива

Сепак, Аргентинецот нема да застане кога е во прашање клупскиот фудбал, а пристигна и многу интересна понуда.

Меси освои бројни натпреварувања во светскиот фудбал, но никогаш не играл во Копа Либертадорес.

- Мислам дека треба само да игра во Копа Либертадорес, па го прашувам дали го прифаќа овој предизвик - рече претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) Алехандро Домингез.

Фудбалерот на Интер Мајами дури и не размислувал за оваа одлука, но навистина не би било чудно да го видиме во ова натпреварување. Најдобриот фудбалер на сите времиња практично освоил сè што може да се освои, а можеби и кренал уште еден трофеј во својата богата кариера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Голдман Сакс“ дели над половина милијарда во бонуси- само еден човек доби над 100 милиони долари

Околу дваесет врвни раководители во њујоршката инвестициска банка „Голдман Сакс“ ќе добијат специјални бонуси во вредност од над 500 милиони долари во акции, откако банката ги надмина повеќето од своите конкуренти во период од пет години.

„Голдман Сакс“ дели над половина милијарда во бонуси- само еден човек доби над 100 милиони долари

Поголемиот дел од исплатата оди кај извршниот директор Дејвид Соломон, кој треба да добие повеќе од 100 милиони долари, објави „Блумберг“.

Меѓу добитниците се претседателот на банката, Џон Валдрон, кој се смета за наследник на Соломон, како и раководителите на клучните деловни единици Ашок Варадан, Ден Дис и Марк Нахман.

Конечната вредност на наградите ќе биде утврдена подоцна овој месец, кога ќе заврши петгодишниот период во кој се пресметуваат.

Половина од вредноста на наградите на „Голдман Сакс“ зависи од цената на акциите на банката, која значително го надмина нивото потребно за исплата на максималниот бонус, а другата половина зависи од перформансите на „Голдман Сакс“ во однос на шест конкурентски банки.

Акциите на „Голдман Сакс“ пораснаа за околу 150 проценти за пет години, вклучувајќи ги и реинвестираните дивиденди.

Во тој период, банката ги надмина повеќето конкуренти, при што само Банката на Њујорк Мелон (BNY) постигна подобар резултат, при што акциите пораснаа за околу 174 проценти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер