Почина 22-годишен затвореник во затворот во Куманово

Дваесет и двегодишен затвореник почина денеска утро во затворот Кшење во Куманово.

Според полицијата, во осум часот и 20 минути е пријавено во СВР Куманово дека Љ.М. од Куманово е пронајден починат без траги насилство. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот затвореник е предадено за обдукција. На веста за смртта на младиот затвореник реагираат од Алијанса за Албанците. Велат 22-годишникот починал во затворот во Куманово во околности непознати за јавноста и неговото семејство. Бараат оставка од министерот за правда, директорот и заменик директорот на затворот и кривична и морална одговорност за случајот.

Франција ќе прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија, соопшти Елисејската палата

Последен пат Франција презеде слични мерки во странство во јануари 1985 година, во екот на насилниот конфликт меѓу француските власти и движењето за независност во 80-тите години.

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе побара денеска на седница на Владата да биде прогласена вонредна состојба во Нова Каледонија, каде што три лица загинаа во вториот ден од немирите, откако францускиот Парламент ги одобри измените на правилата за гласање во архипелагот на Пацификот, јавија светските агенции, повикувајќи се на кабинетот на претседателот.

Последен пат Франција презеде слични мерки во странство во јануари 1985 година, во екот на насилниот конфликт меѓу француските власти и движењето за независност во 80-тите години.

Во меѓувреме, францускиот премиер Габриел Атал во денешниот говор пред Парламентот во Париз рече дека за неколку часа во Нова Каледонија ќе пристигнат дополнителни полициски сили. Атал повтори дека Владата има намера да разговара со претставниците на различните заедници во Нова Каледонија пред конечно да се прифати уставната реформа, која предвидува промени изборниот закон на француската територија. /МИА

Обвинителство: Извршен увид, се испитуваат причините за опожарување на службениот автомобил

Се испитуваат причините за опожарување на службениот автомобил на директорот на КПУ „Идризово“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и вешти лица од Одделот за форензички истраги на МВР извршија увид во Кисела Вода каде во текот на ноќта беше опожарен службен автомобил во сопственост на КПУ „Идризово“ – Скопје кој го користел директорот на установата.

-Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење со цел да се утврдат причините за опожарувањето. Обезбедени се снимки од видео надзор на околните објекти и се преземаат други дејствија, информираат од ЈОРМ.

Во Полициската станица Кисела Вода во Скопје утрово, во 3.35 часот, било пријавено дека на подрачје на Кисела Вода било опожарено паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Казнено – поправната установа Затвор Идризово, кое било паркирано од З.Ј..

Како што информира МВР, од пожарот бил зафатен дел и од фасада на зграда и предмети на балкони на долните катови од зградата. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

Комуникацијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ засега само телефонска, се анализираат програмите

За денеска се најавуваше продолжувње на преговорите помеѓу работни групи од ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ за идната влада.

Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е Андријана Лазова.

Андријана ќе има ли денес состанок помеѓу претставници од двете партии и до каде се преговорите?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

притисни ентер