Лефков: Филипче продолжува со хистеричната серија овој пат за дата центри, за разлика од СДС, Владата на ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо штетно за граѓаните
1Лефков: Филипче продолжува со хистеричната серија овој пат за дата центри, за разлика од СДС, Владата на ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо штетно за граѓаните
3Мицкоски: Со изградбата на интерконекторите со Грција и Србија, државата добива целосна вертикална енергетска поврзаност
Пет вечери, пет бендови и десет диџеи: Аero street food festival 2026 со феноменална музичката програма!
1Пет вечери, пет бендови и десет диџеи: Аero street food festival 2026 со феноменална музичката програма!
ТенисПобеда за Грабул, пораз на Јотовски Двајцата најдобри македонски тенисери денеска има настап на фјучрс турнири и остварија различен ефект. Димитар Грабул победи, а Томислав Јотовски е поразен. Во Анталија на турнирот што се игра на тврда подлога Грабул во првото коло со 7:5 и 6:1 го победи Молдавецот Андреј Циумак. Мечот беше изедначен до финишот на првиот сет кога беше 5:5, а од тогаш до крајот Грабул освои 8 од 9-те одиграни гема. Негов следен ривал ќе му биде Сањар Фајзиев од Узбекистан (803 ранг листа), кој денеска со 6:3 и 6:3 го победи Глеб Алесенко од Украина. Јотовски и на вториот фјучрс (тврда подлога) на кој настапува на островот Крит во Грција не успева да ја мине првата пречка. Во изедначен меч загуби од Бар Цуф Боцер (Израел) со 7:6 (7:4) и 6:4 во гемови. Противникот имаше еден брејк повеќе што беше и решавачко за победата. Попладнево и двајцата ќе играат мечеви во 1.коло и во конкуренција на двојки. Грабул со Бесир Дургути за ривали ги имаат Глеб Алесенко (Украина) и Денис Јевсеев (Казахстан). Јотовски со Србинот Мики Јанковиќ ќе играат против Израелците Даниел Цукирман и Даниел Скрипник. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЛиверпул го договори најскапиот трансфер летовоЛиверпул е блиску до реализација на најголемиот трансфер летово, напаѓачот на европскиот шампион ПСЖ, Бредли Баркола се поблиску до Енфилд роуд. Англискиот клуб преговара за ангажман на 23 годишниот Бредли Баркола од Пари Сен Жермен за вкупна сума од околу 140 милиони евра. Преговорите меѓу клубовите траат веќе неколку недели, при што Ливерпул се обидува да ја намали првичната цена од околу 170 милиони евра што ја бараше ПСЖ. Веста за договорот ја потврдуваат англиските медиуми и Фабрицио Романо, водечкиот експерт за фудбалски трансфери. Според најновите информации, „Црвените“ ќе платат фиксна сума од околу 117 милиони евра, плус дополнителни 23 милиони евра кои би можеле да се исплатат преку бонуси. Баркола со месеци беше главна цел на Ливерпул, кој бараше крилен напаѓач по заминувањето на Мохамед Салах во Трабзонспор. Претходно, клубот се обиде да го ангажира и Јан Диоманде, но нивната понуда беше одбиена, па младиот напаѓач на крајот заврши во Реал Мадрид.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваПет вечери, пет бендови и десет диџеи: Аero street food festival 2026 со феноменална музичката програма!Од 4 до 8 септември, паркот „Авионче“ ќе пулсира во ритамот на македонската музиката во живо, диџеј-сетовите, гастрономските натпревари и специјалните трибјути посветени на Владо Јаневски и ДНК.Од 4 до 8 септември 2026 година, паркот „Авионче“ повторно ќе стане највкусната и најразиграната точка во Скопје. Второто издание на AERO Street Food Festival носи пет фестивалски вечери исполнети со улична гастрономија, концерти, диџеј-сетови и интерактивна забава за публиката. Под мотото „Поголем, позвучен и поразновиден!“, фестивалот годинава подготвува богата музичка програма. Секоја вечер на сцената ќе настапуваат по еден бенд и по двајца диџеи. „AEROStreetFoodFestival е настан што потврдува дека Аеродром е општина во која се создаваат убави моменти, се негува културата и се гради заедништвото. Навистина ми е драго што и годинава паркот „Авионче“ ќе биде место за музика, дружење, добра храна и забава за сите генерации. Како Општина, секогаш ќе ги поддржуваме настаните што носат позитивна енергија, ја збогатуваат понудата за нашите граѓани и го оживуваат јавниот простор. Верувам дека фестивалот ќе прерасне во убава традиција и секој септември ќе носи посебна атмосфера во Аеродром. Ги поканувам сите да бидат дел од оваа фестивалска приказна“ изјави Дејан Митевски – градоначалник на општина Аеродром. Пред публиката ќе се претстават бендовите South Park, Ringtones, Dopamine, Marbel и Acoustic Division, носејќи различни музички стилови и енергија за сите генерации. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во познати домашни и светски хитови, изведени во живо и во препознатливите аранжмани на секој од бендовите. За атмосферата пред и по концертните настапи ќе се погрижат Милан Серафимов, Александар Јорданов, „Јанко петел јаваше“, DJ Marko, DJ Vaso, DJ Rizinski, диџеите од Fluere, DJ Guardian, DJ Ficho и диџеите од Sure Shotz, со по два диџеј-сета во текот на секоја фестивалска вечер. Особено емотивно и музички моќно ќе биде големото финале на 8 септември, кога фестивалот ќе заврши со вечер посветена на две македонски легенди. Acoustic Division ќе приреди специјален трибјут посветен на Владо Јаневски, додека диџеите од Sure Shotz ќе ја заокружат програмата со посебен музички трибјут посветен на ДНК. Последната фестивалска вечер ќе биде прослава на песните што оставија силна трага во македонската музичка историја и кои публиката ги пее од првиот до последниот стих. „Како и секоја година, остануваме посветени на македонските изведувачи и домашната музика. Во текот на петте фестивалски вечери, публиката ќе ужива во богата музичка програма, врвна улична храна и бројни забавни предизвици. Веруваме дека AERO Street Food Festival и годинава ќе понуди незаборавно урбано доживување за сите генерации“, изјави Владимир Темелковски, еден од организаторите на фестивалот. Забавата, сепак, нема да се одвива само на музичката сцена. Секоја вечер посетителите ќе можат да учествуваат во натпревари во брзо јадење, квизови со прашања и одговори, како и во други забавни фестивалски предизвици водени од Бомбакис. Најхрабрите и највештите учесници ќе имаат можност да се натпреваруваат пред публиката и да освојат интересни награди. Фестивалот веќе втора година по ред ја има клучната поддршка од Општина Аеродром, која уште од почетокот ги препозна вредностите на фестивалот и неговото значење за локалната заедница. А од годинава поддршка дава и Град Скопје, придонесувајќи кон збогатување на културната, забавната и гастрономската понуда на градот. Со афирмацијата на домашната музика, локалните гастрономски брендови и урбаната фестивалска култура, настанот прераснува во нова септемвриска традиција во Скопје. Од добра храна и музика во живо до натпревари, дружење и незаборавни трибјути – од 4 до 8 септември, паркот „Авионче“ ќе биде местото каде што Скопје ќе јаде, ќе пее и ќе се забавува заедно. Финалето секогаш се игра во Аеродром!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалБарселона го претставува ЛиваковиќХрватскиот репрезенативец Доминик Ливаковиќ (31) е официјално претставен како нов голман на шпанскиот шампион Барселона. Голманот на хрватската репрезентација пристигна во Барселона и по успешните лекарски прегледи, потпиша договор со каталонскиот гигант. Барселона ја потврди веста преку социјалните мрежи и со соопштение на официјалната веб-страница на клубот. „Уште поголема сигурност меѓу стативите. Добредојде, Ливаковиќ“, објави клубот заедно со фотографија од новиот голман и натписот „Подготвен кога е потребно“. Ливаковиќ потпиша договор со Барселона што важи до крајот на сезоната 2029/30. Барселона првично планираше да го ангажира Ливаковиќ за следната сезона, кога истекува договорот на Војчех Шчесни, но клубот одлучи да го забрза процесот. Според информациите од Шпанија, Каталонците ќе му платат на неговиот актуелен клуб, Фенербахче, фиксна сума од 2 милиони евра за хрватскиот голман, плус дополнителни 2 милиони евра преку бонуси. Ливаковиќ доаѓа во Барселона по тригодишен престој во Фенербахче, каде што пристигна од Динамо во летото 2023 година. Тој помина седум години во загрепскиот клуб, освојувајќи бројни трофеи и етаблирајќи се како еден од клучните играчи на тимот.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter