БалканПо земјотресите во Хрватска , се појавиле 70 огромни дупки во земјата Земјотресите што продолжуваат да ја тресат областа на Петриња во Хрватска предизвикуваат нови штети, кои главно се манифестираат преку отворање на нови дупки во земјата.Бидејќи големите дупки се во близина на семејни куќи, се планира да се евакуира дел од локалното население на безбедни локации. Томо Медвед, шефот на Штабот за цивилна заштита за отстранување на последиците од земјотресот, изјави дека бројот на овие дупки во областа на Општината Кукурузари се зголемила од 40 пред една недела на 70 до денеска. Медвед, вицепремиер и министер на хрватските ветерани, рече дека секој нов земјотрес, вклучувајќи го и земјотресот со јачина од 3,2 Рихтери што синоќа ја потресе областа Петриња, остава нови штети, што сега е особено видливо при отворањето на нови дупки. Од оваа причина, посочи, Штабот добил одредени препораки од Факултетот за рударство, геологија и нафтено инженерство, според кои ќе донесе заклучоци за проценка на состојбата и можна евакуација на одреден број луѓе од областа. Тој нагласи дека дупките честопати се наоѓаат во непосредна близина на семејните куќи и дека експертите секојдневно го следат и анализираат нивното ширење. „Но, ова сега е навистина голема бројка, голема експанзија и мора да најдеме решение за грижа за луѓето, така што животот на луѓето што живеат таму да не биде загрозен на кој било начин“, рече Медвед.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ХороскопДневен хороскоп за 12. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за понеделник, 12. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ви претстои пријатна и многу емотивна средба со пријатели или драги личности. Врската добро се развива. Кариера Без оглед што и натаму трпите мали стресови од страна на надредените, денеска ќе бидете дури и поддржани.Контрадикторно е , но вистинито. Здравје и совет Медитирајте. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашите лични опдноси се развиваат во поволна насока за вас. немојте премногу да барате или да анализирате , зошто и вака е добро. Кариера Своите идеи внимателно ќе ги презентирате , поучени од претходните искуства . Сепак , би можеле да бидете малку посмели. Здравје и совет Останете доследни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска ќе бидете многу среќни во својот дом. Ако сте во двојка , ќе се посветите на домашните работи , кои ве опуштаат. Доколку сте сами , нема да излегувате. Кариера Работата што не сте ја довршиле , денеска би можеле да ја доведете кон крај на многу инспиративен и пријатен начин. Здравје и совет Избегнувајте колачи. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Од удобноста на домот денеска ќе излезете надвор на сонце со своето друштво за да ги почестите саканите лица. Кариера И со мали чекори може да се стигне на целта. Не ви се потребни сензации. Можеби е помалку атрактивно , но е ефективно. Здравје и совет Здравјето ви се подобрува. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Се што на каков било начин може да влијае на вашиот љубовен и емотивен живот , денеска нема да ви оди од рака. Стрпете се. Кариера Ќе ви се чини како да имате многу пријатна позиција , но ќе треба да ја оправдате со професионализам и работа. Здравје и совет Непостојаност во навиките. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе се послужите со нежен речник за да освоите нечие срце. Делумно ќе успеете. Кариера На службен пат би можеле да доживеете исклучително убаво искуство . Ќе успеете да споите пријатно со корисно. Здравје и совет Не анализирајте премногу. Овен 21.3-20.4. Љубов Пред вас е ден е ден во кој ќе имате посебна инспирација за љубов и за своите идеали за личните односи. Кариера Нека ве води вашето знаење и креативните идеи . Нема да ве изневерат , туку ќе ви помогнат да излезете на вистинскиот пат. Здравје и совет Ги победувате грижите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашата љубовна врска убаво ќе се развива и покрај вашата повремена нетрпеливост. Ќе ви помогнат одредени ситуации. Кариера Полека излегува на виделина дека по некои прашања вие имате поголемо стручно занење од вашите надредени.Немојте поради тоа да се замислувате. Здравје и совет Прошетајте се на чист воздух. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Немојте да се фалите со нешто што не постои и што никогаш не се случило. Прифатете го ова сиромашно време за љубов како нешто минливо. Кариера Поддршката што можеби ја очекувавте нема да се оствари. Треба да се потпрете на сопственото знаење и труд. Здравје и совет Внимавајте што јадете. Рак 22.6-22.7. Љубов Во попладневните часови би можеле да покажете високо ниво на конфузија или да претерате во консумација на пијалоци додека сте во друштво. Внимавајте. Кариера Повторно нема да бидете сигурни што сакате. Ќе се обидувате нешто да отплеткате и ќе имате делумен успех. Ќе ви недостига доследност и прерфекционизам во работењето. Здравје и совет Изолирајте се во мир. Лав 23.7-22.8. Љубов Доколку уште сте сами , излезете меѓу луѓе зашто се можни преубави средби полни со искрени емоции. Кариера Без оглед на малото количество стрес , денеска сите предизвици ќе ги решавате со леснотија и ќе уживате во тоа. Здравје и совет Одете таму каде што ви е добро. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во врска со љубовниот живот немате никакви грижи. Оние кои се во врска уживаат, а самите имаат успех во додворувањата. Кариера Следуваат минливи компликации со колегите , од кои некои ќе одат на боледување или ќе изостанат поради битна причина. Ќе мора да се снаоѓате. Здравје и совет Внимавајте на вируси.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – КичевоОваа автопатска делница е дел од Коридорот 8 која ги поврзува превојот Стража со Кичево.Претседателот на владата Христијан Мицкоски, заменик претседателот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево. Оваа автопатска делница е дел од Коридорот 8 која ги поврзува превојот Стража со Кичево. Проектот треба да се реализира во две фази - првата ја опфаќа трасата од селото Црвевци до Кичево, а втората од Долно Строгомиште до Црвевци.средствата се обезбедени преку заем од Европската банка за обнова и развој и грантови од инвестициската рамка за Западен Балкан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно, претпладне ќе има повремен локален дождСпоред Управата за хидрометеорлошки работи времето денес ќе биде променливо облачно, претпладне ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен, повремено силен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 20 степени. МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) 4 Попова Шапка, 7 Маврови Анови, 8 Крушево, 10 Берово, 11 Крива Паланка, Охрид, Претор, 12 Тетово, Прилеп, Битола, Виница, Куманово, 13 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Демир Капија, 14 Скопје-Петровец, Велес, Струмица, 15 Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2) 16 Тетово, 13 Крива Паланка, 11 Скопје-Петровец, 9 Скопје-Зајчев Рид, Попова Шапка, 7 Прилеп, Крушево, Кавадарци, Демир Капија, 6 Претор, Струмица, Пожаране, 5 Велес, Виница, Гевгелија, 4 Штип, Куманово, Маврови Анови, 3 Ѓуриште. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно време наместа со повремени врнежи, кои на повисоките планини ќе бидат од снег. Од утре до почетокот на викендот ќе дува засилен северозападен ветер, кој повремено наместа ќе биде силен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook