Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)
1Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)
МакедонијаПо вонредна инспекција, ќе се урива дивоградба во старото градско јадро во Охрид Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам ќе спроведе присилно административно уривање на бесправно изграден објект во старото градско јадро во Охрид .Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам ќе спроведе присилно административно уривање на бесправно изграден објект во старото градско јадро во Охрид откако при вонредна инспекција било утврдено дека сопственикот не постапил по претходно донесено решение за отстранување на дивоградбата. Како што информираа од Министерството за транспорт, вонредниот инспекциски надзор бил извршен по информации добиени од јавноста. Државен инспектор излегол на терен и извршил контрола при што било утвредено дека и покрај претходно донесеното решение од страна на инспекторатот за отстранување на објектот, по истото не е постапено. Согласно наодот на државниот инспектор, инспекторатот ќе донесе налог за присилно административно отстранување на објектот согласно позитивните законски прописи“, се наведува во соопштението од Транспорт и додаваат дека остануваат силно посветени на борбата против нелегалните градби и дека законот за градење ќе се применува подеднакво за сите, без исклучоци и без селективност, насекаде низ државата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВо Британија трет ден по ред се соборува температурен рекорд Британските власти го продолжија портокаловото предупредување за екстремна топлина до недела, откако денеска беше забележана највисоката јунска температура досега регистрирана во земјата трет ден по ред.Британските власти го продолжија портокаловото предупредување за екстремна топлина до недела, откако денеска беше забележана највисоката јунска температура досега регистрирана во земјата трет ден по ред, соопшти Метеоролошката служба. Предупредувањето, кое ги опфаќа Лондон, југоисточна Англија, Источна Англија и делови од Источен Мидлендс, останува на сила до 9 часот наутро по локално време во недела поради очекуваната уште една топла и влажна ноќ, иако температурите постепено почнуваат да се намалуваат. Продолжувањето доаѓа по реткото тридневно црвено предупредување за топлина кое заврши во петокот навечер, објави Скај њуз. Рекордот беше срушен трет пат по ред Во Велика Британија, јунскиот рекорд за температура од 37,3 степени Целзиусови беше привремено регистриран во петокот во Сантон Даунхам, Сафолк, откако рекордот беше срушен два дена претходно. До оваа недела, јунскиот рекорд за температура во Велика Британија беше 35,6 степени Целзиусови, кој беше регистриран во Саутемптон во 1976 година. Главниот метеоролог на Метеоролошката служба, Енди Пејџ, го опиша петокот како врв на топлотниот бран и трет ден по ред со рекордни јунски температури. „Овој невиден топлотен бран за јуни е уште еден показател за тоа како климатските промени ги менуваат границите на температурните екстреми во Велика Британија“, рече тој. Бури и прекини во сообраќајот Иако се очекува температурите постепено да опаѓаат во текот на викендот, метеоролозите предупредуваат на можни грмотевици што би можеле да донесат обилни врнежи од дожд, град, грмотевици и силни ветрови. Топлотниот бран ги наруши транспортните и јавните услуги низ Англија оваа недела. Повеќе од 570 училишта беа делумно или целосно затворени, неколку болници прогласија вонредни инциденти, а железничките оператори ги повикаа патниците да избегнуваат непотребни патувања поради ризикот од оштетување на инфраструктурата од високите температури. „Еуростар“, исто така, откажа некои услуги помеѓу Лондон и Париз поради екстремната топлина што го погоди поголемиот дел од Европа. Метеоролошката служба објави дека на почетокот на следната недела се очекува температурите да се вратат поблиску до сезонскиот просек.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПреку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
ЗдравјеСекој граѓанин преку „Мој термин“ ќе може да се изјасни дали сака да биде органодарителЈас ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител по воведувањето на системот, изјави министерот за здравство Азир Алиу на вчерашната јавната панел-дискусија во Гостивар .Јас ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител по воведувањето на системот, изјави министерот за здравство Азир Алиу на вчерашната јавната панел-дискусија во Гостивар посветена на органодарителството, на која тој ги презентира системските мерки за унапредување на органодарителството. Со измените на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, кој веќе е во собраниска процедура, секој полнолетен граѓанин ќе може кај својот матичен лекар јасно да се произнесе дали сака да биде органодарител, со што ќе се овозможи создавање појасна слика за ставовите на граѓаните и дополнително ќе се зајакнат довербата и информираноста за органодарителството. „Изјаснувањето ќе се врши преку нов дигитален модул во „Мој термин“, безбедно и со двојна верификација. Секој граѓанин ќе може во секое време да ја промени или да ја повлече својата одлука. Постојат теми кои не бараат само политика, туку и човечност, доверба и морална зрелост на општеството. Органодарителството е токму таква тема, која го отвора едно од најдлабоките прашања што нашето општество може да си го постави: Дали во најтешкиот момент можеме да создадеме надеж за некој друг? “истакна Алиу. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПреку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
МакедонијаНа порталот „uslugi.gov.mk“ има 352 услуги, месечно се користат речиси 14.000Бројот на електронски услуги на порталот „услуги.гов.мк“ е тројно зголемен, а бројот на издадени услуги е деветпати поголем, кажа минстерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на отчетот за двегодишнината од мандатот..Бројот на електронски услуги на националниот портал uslugi.gov.mk е зголемен од 120 во 2024 година на 352 годинава, а бројот на корисници надмиува 260.000, од кои околу 92.000 се регистрирани само во текот на минатата година. На отчетот за двегодишното работење, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, го издвои развојот на порталот како еден од клучните приоритети, посочувајќи дека месечниот број на издадени електронски услуги е зголемен десеткратно, односно од околу 1.300 на повеќе од 13.000, додека вкупниот број поднесени барања надминува 340.000. Потсети дека преку порталот без чекање на шалтери, граѓаните меѓудругото можат електронски да добијат изводи од матичните книги на родени, венчани и умрени, уверение за државјанство, потврди за неосудуваност, како и да поднесат барања за лични документи, услуги од социјалната заштита, даночни и пензиски постапки. „ Македонија не смее да биде држава на чекање, мора да биде држава што испорачува, затоа што власта не е привилегија, туку да наследиш подобар систем од оној што си го наследил. Во Македонија предолго зборувавме за дигитализација, се најавуваа стратегии портали, системи реформи, но граѓанинот често не гледаше промена во секојдневниот живот, а ние сакавме да ја прекинеме таа пракса, реформа која граѓанинот не ја чувствува не е завршена реформа.“ Дигитализацијата има и темна страна – тн. Фишинг напади, вели Андоновски, по зачестените измами со лажни пораки поврзани со сејф сити системот.. порача дека единствената ефикасна заштита е зголемување на свесноста на граѓаните, па затоа апелира до граѓаните со особена внимателност да ги проверуваат пораките кои ги добиваат, пред да споделуваат свои лични податоци. „Не постои друг механизам на заштита на граѓаните освен да бидат свесни дека не секоја порака што ја добиваат е вистинска и е од вистински испраќач. Секогаш прво се проверува испраќачот, дали сте сигурни дека тој испраќач е тој, а потоа и суштината на пораката, ја читате неколку пати да проверите дали вистина сте биле во таква ситуација, го познавате испраќачот, ја познавате пораката, дали има грешки во текстот, бидејки најчесто има.“ Меѓу клучните приоритети на министерството Андоновски вештачката интелегенција, образоанието и дигиталните вешини. Нагласи дека првите придобивки од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор преку националниот центар „Везилка“ ќе бидат видливи уште ова лето. Најави дека на есен вештачката интелегенција ќе се применува во секторите енергетика, , култура, здравство, земјоделство и во јавната администрација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter