По шест часа, завршија консултациите помеѓу САД и Русија во Истанбул - Канал 5

По шест часа, завршија консултациите помеѓу САД и Русија во Истанбул

По шест часа завршија денешните консултации помеѓу САД и Русија во Истанбул, посветени на нормализирање на работата на дипломатските претставништва.

По шест часа, завршија консултациите помеѓу САД и Русија во Истанбул

Консултациите се одржуваа во Конзулатот на Русија во Истанбул. По средбата немаше изјави за медиумите.

Резултатите од разговорите се очекува подоцна да бидат сумирани од министерствата за надворешни работи на двете земји.

На денешната средба руската делегација ја предводеше рускиот амбасадор во САД Александар Дарчиев, а американската делегација заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Соната Култер.

Првата рунда консултации меѓу Русија и САД во Истанбул се одржа на 27 февруари. Тогаш разговорот зад затворени врати траеше повеќе од шест часа.

Крадците не мирувале ниту за Велигден - вкупно 16 тешки кражби биле пријавени во СВР Скопје

Крадците не мирувале ниту за Велигден. Вкупно 16 тешки кражби само во СВР Скопје се пријавени за време на продолжениот велигденски викенд од кои 5 се случиле во станбени објекти, велат од МВР за Канал 5.

Крадците не мирувале ниту за Велигден - вкупно 16 тешки кражби биле пријавени во СВР Скопје

Во пресрет на првомајските празници кои дел од граѓаните би можеле да ги спојат со викендот, поранешниот началник Љубомир Ѓурчевски вели дека покрај потребата од засилени полициски патроли, потребно е и граѓаните да преземат превентивни мерки за заштита од кражби.

-Вториот момент е граѓаните да едуцираат, да известат некои повозрасни роднини, пријатели на коишто имаат одредена доверба да во одреден период од денот влезат во станот, го отворат станот, се со цел маркерите, криминалците да се убедат дека во тој стан се присуни луѓе.

Ѓурчевски вели и дека важно е граѓаните и да ги сокријат вредните предмети кои ги имаат во своите домови или да ги депонираат во сефови во банките. Дополнително и да внимаваат како го оставаат својот дом, пред да заминат на некое патување.

-Она најбитното, граѓаните да ги понесат со себе, да не оставаат дома вредносни предмети: злато, златен накит итн., се разбира доколку можат да го тргнат, да го одвојат, да го изнесат или да си закупат сефови во банките и да ги депонираат таму за одреден временски период додека се надвор од станот.

-Оставањето светло, запалено светло е еден применлив метод којшто го применуваат граѓаните, но треба да се внимава, нели, согласно инсталацијата да не се предизвикаат пак некои други несакани последици.

Од МВР пак велат дека во континуитет спроведуваат превентивни активности преку организација на едукативни кампањи и средби со граѓани и организации со цел намалување на кривичните дела.

YouTube video

Од 2 мај ќе се наплаќа за влез со кола во националниот парк „Шар Планина“

За влез во природа, паричен надомест. Од 2 мај, Националниот парк „Шар Планина“ започнува со систем за наплата на влез на моторни возила на територијата на паркот.

Од 2 мај ќе се наплаќа за влез со кола во националниот парк „Шар Планина“

Доколку возите автомобил или мотор, ќе треба да платите 150 денари. 100 денари повеќе ќе ги чини превозниците на комбиња или минибуси до 20 седишта, додека пак 450 денари ќе треба да платат автобусите и тешките моторни возила. Оваа цена како што соопштија од паркот, ќе важи за цел ден.

Ослободени од наплата пак, ќе бидат жителите на селата во рамките на паркот, сопствениците на приватни имоти и хотелски објекти.

Системот за наплата како што велат од паркот, ќе се развива во неколку фази, а првично истиот ќе важи само за недопрените предели на Шара. Туристите пак, кои одат до Попова Шапка, засега не се обврзани да платат влез.

Една од најголемите причини за воведувањето на наплата во паркот се возачите на четирицикли, кои во неколку наврати ги уништуваа патеките низ планината. Пред неколку дена, вработени во Националниот парк поставија дрвена заштита со цел да се спречи движењето на четирициклите над селото Бозовце.

YouTube video

ОПМ предлага да се направи алатка за споредба на цените

Идната недела министерството за економија ќе има појасна слика дали мерката за скалесто ограничување на бруто профитната маржа и ограничување на цените на дел од производите, која завршува утре - ги дала посакуваните резулати. 

ОПМ предлага да се направи алатка за споредба на цените

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески со предупредување до трговците доколку од 1 мај цените драстично се зголемат – ќе следат нови мерки. Во меѓувреме инспекторите од пазарен редовно вршат конторли и по однос на новата законска обврска за онлајн ценовници. Ристески вели во 21 век цените треба да бидат јавно и транспаретно презентирани, не се исклучува можноста да има општа веб страна за прверка на цените, но според надлежните потребно е да помине еден месец од имплементацијата за да се согледаат резултатите.

„Колку се прегледни или не се не можам да кажам сега, тоа ќе го сублимираме после еден месец од имплементацијата. Можеби ќе одиме како да кажам на една генерална и општа веб страна која ќе биде понудена понатаму и збир на информации кои ќе дава подобри резултати да можат граѓаните самите транспаретно да ги конторлираат цените.“- Марјан Ристески – заменик министер за економија и труд

До организацијата на потрoшувачи поплаки од граѓани за новото законско решение засега велат нема. Оценуваат дека идејата за онајлан ценовници е добра, но според нив треба да се доразвива, предлагаат да се направи алатка за компаративна споредба.

„Луѓето вака се бунат. Некој има намера да купи 5 или 6 производи и сега треба во сите тие списоци што ги објавуваат да ги бара тие производи, условно да оди онјалн од марктет во маркет за да може да ги најде. Кога би имале една компративна алатка тоа би било многу брзо.“- Маријана Лончар – ОПМ

Во министерството за економија финишира и методологијата за новата владина потрошувачка кошничка, очекувањата се таа наскоро да се најде пред синдикатите и работодавачите во рамки на економско социјалниот совет. Детали што се ќе биде вклучено во неа засега не се откриваат, но Ристески вели добро е што после толку години кошничката ќе ја изработува официјална институција и врз база на податоците ќе се креираат идните политики за заштита на стандардот на граѓаните.

YouTube video

притисни ентер