СветРубио: Ксенија Карелина, осудена за предавство во Русија, ослободена и на пат за САД Ксенија Карелина, руско-американска државјанка, осудена на 12-годишна затворска казна во Русија под обвинение за предавство, е ослободена и е на пат за САД, објави американскиот државен секретар Марко Рубио.„Американката Ксенија Карелина е во авион на враќање кон дома во Соединетите Американски Држави. Таа беше неправедно задржана во Русија повеќе од една година, а претседателот Трамп обезбеди нејзино ослободување“, напиша Рубио на мрежата X. Тој додаде дека Трамп „продолжува да се бори за ослободување на сите Американци“, пренесе Си-Ен-Ен. Карелина (33) беше осудена за предавство, откако донираше нешто повеќе од 50 долари на американска хуманитарна организација која ја поддржува Украина. Живеела во Лос Анџелес и вежбала балет, а американско државјанство добила во 2021 година. Таа отпатувала во Русија во јануари 2024 година за да ги посети својата 90-годишна баба, сестра и родители, со планови да се врати во Лос Анџелес по две недели, но била уапсена. Американските власти за нејзиното апсење дознаа дури на 8 февруари. Според веб-страницата што ја водат нејзините поддржувачи, се верува дека таа е неправедно уапсена, а нејзиното ослободување е поздравено како дипломатски успех.Тагови: русија САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаУапсени се десет возачи- деветмина возеле без возачка, од кои двајца малолетнициЛишени од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, девет возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници.Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, девет управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца биле малолетници, а еден возач предизивикал сообраќајна незгода со материјална штета. Едно лице возело под дејство на алкохол. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопшти МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканМаж од Косово ја убил бремената сопруга, била во деветти месец на бременостДваесет и петгодишната Јетлира Фониќи, која била бремена во 34-та недела, е убиена синоќа во семејната куќа во селото Кервасари во близина на Малишево во Косово.Нејзиниот 26-годишен сопруг е осомничен за тешко убиство, потврди утрово Основното обвинителство во Ѓаковица. Сопругот е исто така тешко ранет од огнено оружје и е во критична состојба во Универзитетскиот клинички центар на Косово во Приштина. Тој е интубиран и поврзан на респиратор, а лекарите ја опишуваат неговата состојба како многу сериозна и нестабилна. Парот пронајден ранет во спалната соба Полицијата добила пријава за пукањето синоќа околу 23:20 часот. По пристигнувањето во куќата, полицајците ги пронашле сопружниците со прострелни рани во спалната соба. Двајцата биле пренесени во болница. Универзитетскиот клинички центар на Косово објави дека 25-годишна сопруга била донесена околу 00:15 часот без знаци на живот. И покрај обидите за реанимација, нејзината смрт е потврдена. Таа била бремена во 34-та недела. Нејзиниот сопруг е тешко повреден. Директорот на службите за итни случаи, Насер Сила, изјави дека мажот бил интубиран и поврзан со респиратор, како и дека се извршени потребните тестови. Обвинителство: Сопругот е осомничен за тешко убиство Основното обвинителство во Ѓаковица потврди дека 26-годишниот сопруг на убиената жена се води како осомничен во овој случај. Покрената е постапка за тешко убиство и неовластено поседување, контрола или поседување оружје. На местото на злосторството е пронајдено и огнено оружје за кое се сомнева дека е употребено во пукањето. По наредба на обвинителот, телото на убиената жена е пренесено во Институтот за судска медицина во Приштина за обдукција. Полицијата и обвинителството ја продолжуваат истрагата за да ги утврдат сите околности на злосторството. Засега, официјално не е објавен можен мотив, ниту е потврдено како сопругот ги претрпел повредите. Членовите на семејството се збогуваат со убиената 25-годишна жена на социјалните мрежи. Косовски Клан објави дека нејзиното име е Јетлира Фониќи.Тагови: Косово сопруга Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСо едноминутен молк во Собранието одбележана 35-годишнината од независност на УкраинаСо оддавање почит кон загинатите и едноминутен молк, во Собранието се одржа сесија на интерпартиската парламентарна група за поддршка на кримската платформа, посветена на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter