По седум години, Шведска го отпушти селекторот

Шведскиот фудбалски сојуз синоќа му врачи отказ на селекторот Јане Андерсон откако не успеа да ја одведе Шведска на ЕП 2024.

Иако Шведска синоќа ја совлада Естонија со 2:0, тие не се пласираа на ЕП бидејќи квалификациите ги завршија на третото место во групата Ф со само десет освоени бода од 24 колку што е можно. Швеѓаните имаат десет бода помалку од водечката Белгија, а девет од второпласираната Австрија. Јане Андерсон ја предводи шведската репрезентација од летото 2016 година.

Тој ја предводеше шведската репрезентација до четврт-финалето на Светското првенство 2018 и осминафиналето на Евро 2020. Сепак, Швеѓаните последователно не успеаја да се квалификуваат за Светското првенство 2022 година (изгубија од Полска во финалето на плеј-офот) а сега за ЕП 2024. Не се знае кој ќе го наследи 61-годишниот Андерсон на тренерската позиција.

Јанчев: Спроведено второ авионско прскање против комарци

Утринава беше спроведено второто авионско прскање против комарци, објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Со третирањето беше опфатено течението на реката Луда Мара од с. Марена, целото градско подрачје, с. Ваташа па се до брана Моклиште.

Изведувач на работата е фирмата Бониер од Куманово, напиша Јанчев на социјалните мрежи.

Радев ќе го врачи вториот мандат за формирање влада

Претседателот на Бугарија, Румен Радев ќе го врачи денеска вториот мандат за формирање влада.

Се очекува мандатот да биде доставен претпладнето и веднаш да го врати втората по големина пратеничка група во Народното собрание - „Продолжуваме со промената - Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ).

Според одредбите од бугарскиот Устав, по враќањето на тој мандат за формирање влада, претседателот на државата во рок од седум денови и наложува на следната по бројност пратеничка група да предложи кандидат за премиер.

Во случај и тие да не успеат да формираат редовен кабинет, претседателот закажува нови избори и именува нов привремен кабинет.

За Харис за еден ден донирани 46,7 милиони долари

Организацијата за собирање средства за демократите „АктБлу“ (ActBlue) синоќа соопшти дека е регистрирана најголема дневна донација за претседателската трка откако претседателот Џо Бајден се повлече и ја поддржа потпретседателката Камала Харис.

По започнувањето на кампањата на потпретседателката Харис до 21 часот (локално време) преку „Актблу“ собрани се 46,7 милиони долари.

Тоа е најголема сума собрана во кампањата 2024 година.

притисни ентер