По пожарот, земјотрес на Закинтос!

Закинтос утрово бил потресен од земјотрес од 4,1 степени по Рихтер - јави грчката новинска агенција АНА.

Според опсерваторијата на Институтот за геодинамика во Атина, епицентарот на земјотресот бил во морето, 13 километри западно од Амалиада кон Закинтос.

Засега нема извештаи за повредни или за штета.

На Закинтос пред десетина дена беснееше пожар, кој ја зафати боровата шума во центарот на островот.
притисни ентер