По паметните очила, претставен е прототип на првите паметни леќи (ФОТО) - Канал 5

По паметните очила, претставен е прототип на првите паметни леќи (ФОТО)

Компанијата Xpanceo, со седиште во Дубаи, претстави прототипови на четири различни паметни леќи на овогодинешниот Mobile World Congress.

По паметните очила, претставен е прототип на првите паметни леќи (ФОТО)

За разлика од паметните очила, овие паметни леќи полесно би се вклопиле во човечкото секојдневие и нема да ги видат луѓето што ве гледаат. Така, технологијата би била дел од корисникот.

Тие претставија холографски паметни контактни леќи, леќи со биосензори, леќи со наночестички за подобар вид и транспарентни електронски леќи.

Холографската леќа е всушност леќа со мешана реалност (XR). Леќата со биолошки сензор може да го измери очниот притисок и да го предупреди носителот за можни проблеми со глауком. Објективот за наночестички може да обезбеди супервизија, вклучувајќи ги и можностите за зумирање. Проѕирната електронска леќа има свои посебни способности.

Сепак, треба да се повтори дека овие леќи се прототипови и се уште никој не ги пробал на нивните очи, а од Xpanceo велат дека моментално се во фаза на аплицирање за медицинско тестирање. Тие, исто така, велат дека последните тестови ќе започнат во 2026 година, а работата се уште е во тек на невроинтерфејсот и некои аспекти на проширената реалност, пренесува Tech Radar.

Компанијата користи 2D материјали кои поддржуваат напреден дизајн на паметни контактни леќи, флексибилна и транспарентна електроника која е тенка само неколку нанометри и вештачка интелигенција.

Xpanceo ги гледа своите паметни контактни леќи како уред кој го следи здравјето, вклучително и нивото на гликоза, крвниот притисок, кортизолот и многу повеќе. Компанијата најавува интеграција на нервен интерфејс, што подразбира употреба на мозокот за контрола на паметните леќи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ Повторно поскапување на горивата – според Мицкоски граѓаните „нема да го почувствуваат“ бидејќи сме „трета економија во Европа“

Од денеска бензините поскапуваат за 4,5 денари, а дизелот за 6,5 денари.

СДСМ Повторно поскапување на горивата – според  Мицкоски граѓаните „нема да го почувствуваат“ бидејќи сме „трета економија во Европа“

Владата повторно не презеде ниту една мерка да го ублажи ударот.

Ниту навреме, ниту сега.

Нема намалување на акцизата.

Нема привремена интервенција.

Нема ниту обид да се заштити животниот стандард на граѓаните.

Ова е директна последица на катастрофалната економска политика што ја води Христијан Мицкоски и неговата влада.

Додека Мицкоски се фали со статистика и зборува за „трета економија во Европа“, граѓаните плаќаат сè повеќе за гориво, за храна, за сè.

Поскапувањето на горивата директно удри врз:

• цена на основните производи,

• трошоци на земјоделците,

• транспорт,

• трошоци на работниците кои секојдневно патуваат.

Владата имаше можност да реагира. Не реагираше.

Затоа што на оваа власт ѝ е полесно да ги пушти граѓаните да платат, отколку да ја понесе одговорноста за сопствената економска политика.

Граѓаните го чувствуваат секој ден.

На каса.

На пумпа.

Во празниот паричник.

Тоа е вистинската статистика за Мицкоски.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директор во ФИФА поради критики кон Инфантино добил отказ

ФИФА го отпушти еден од своите високи функционери, главниот оперативен директор Кевин Ламур, откако тој јавно го критикуваше планот на претседателот Џани Инфантино за продажба на удел во Светското првенство.

Директор во ФИФА поради критики кон Инфантино добил отказ

Ламур претходно изјави дека вработените во организацијата биле „доведувани во заблуда“ и дека „заслужуваат подобро од презир и заплашување“ поради недостатокот на транспарентност кај Инфантино, пренесува „Скај њуз“. ФИФА одби да ги коментира условите под кои замина Ламур.

Во кратко официјално соопштение, портпаролот изјави: „ФИФА потврдува дека работниот однос меѓу ФИФА и Кевин Ламур, главниот оперативен директор на организацијата, заврши на 17 август 2026 година. ФИФА му се заблагодарува на Кевин за неговиот двегодишен ангажман и му посакува сè најдобро во иднина“. Вработените во ФИФА беа известени за неговото заминување синоќа. Отпуштањето се случи истиот ден кога Инфантино ја загуби и поддршката од Шкотската фудбалска асоцијација.

Генералниот секретар на ФИФА, Матијас Графстром, испрати писмо до потпретседателите и членовите на Советот во кое ја објасни ситуацијата.

„По неодамнешните разговори, ФИФА и нашиот главен оперативен директор Кевин Ламур се договорија да ги прекинат меѓусебните работни односи. Оваа одлука е донесена по внимателно разгледување и со голема почит кон Кевин, како на личен, така и на професионален план“, се наведува во писмото.

Графстром исто така го истакна придонесот на Ламур. „Кевин ѝ се приклучи на ФИФА во ноември 2024 година и раководеше со период на значајни промени, при што ги подобри односите со засегнатите страни и реализираше неколку важни заеднички проекти, покрај бројни други клучни достигнувања. Го гледавте Кевин на секоја седница на Советот на ФИФА од неговото назначување во 2024 година, а многумина од вас редовно соработуваа со него на разни проекти.“ „Сметав дека е важно лично да ве информирам за ова. Би сакал да му се заблагодарам на Кевин за неговиот придонес, неговата работа и секојдневната посветеност кон ФИФА. Му посакувам сè најдобро во иднина“, заклучи Графстром.

Инфантино инаку се соочи со силен отпор во фудбалскиот свет поради планот за продажба на удели од Светското првенство на фондови за приватен капитал. Тој на крајот го повлече предлогот вреден 20 милијарди долари по жестокото противење, при што УЕФА дури и се закани со бојкот на сите натпреварувања на ФИФА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Завршен концерт од Интернационалниот семинар на виолинистот Перцан и пијанистката Гулијева

Македонскиот виолинист со интернационална кариера Емилио Перцан заедно со пијанистката Тамила Гулијева изминатите денови во Охрид го водеа Меѓународниот семинар за виолина, виола и камерна музика.

Завршен концерт од Интернационалниот семинар на виолинистот Перцан и пијанистката Гулијева

Македонскиот виолинист со интернационална кариера Емилио Перцан заедно со пијанистката Тамила Гулијева изминатите денови во Охрид го водеа Меѓународниот семинар за виолина, виола и камерна музика, а крајот на семинарот беше означен вчера со завршен концерт на учесниците во рамки на фестивалот „Охридско лето“.

Годинава на семинарот учествуваа 11 млади од Украина, Словенија, Перу, Србија, Македонија, и првпат имаше учесници од Ерменија. По завршувањето на нивниот концерт во црквата „Света Софија“, им беа доделени и дипломите за учество на оваа летна школа.

-Огромна инспирација е да се работи со младите. Меѓу нив има и студенти кои веќе се на мастер студии, но доаѓаат на семинарот заради подобрување на знаењата. Воодушевувачки е колку тие можат да научат за десет дена колку што трае семинарот. Кај нас, најголем предизвик е приспособувањето. За само десет дена треба да се приспособиме едни на други, и да научиме нешто едни од други, вели виртуозот на виолина, Емилио Перцан.

Интернационалниот семинар за виолина, виола и камерна музика, под уметничко раководство на виолинистот Емилио Перцан, постои од 2009 година. Првите три години се одржува на Истра, Р. Хрватска, а од 2014 година со поддршка на Министерството за култура на РС Македонија и на градот Охрид, продолжува да се одржува во Охрид.

Семинарот го посетуваат млади виолинисти од Русија, Германија, Австрија, Хрватска, Грција, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина и Македонија, а досега на семинарите учествувале повеќе од 150 ученици и студенти од овие, но и од други земји. Исто така, редовно учествуваат и педагози и изведувачи, како и професионални музичари кои доаѓаат на усовршување.

Македонскиот виолинист Емилио Перцан има активна педагошка и изведувачка кариера и соработува со уметници како: Викторија Мулова, Даниел Хоуп, Кент Нагано, Чен Реис, Рафаела Миланези, Михаел Рол, Јулија Лежнева, Гзавие де Метр и др. Преку различни ангажмани, Перцан настапува во најпознатите сали и на најпознатите фестивали низ светот како: салата на Берлинската филхармонија, салата на фестивалот во Баден-Баден, Оперската сала во Токио, Концертната сала во Сао Паоло итн.Снима за дискографските куќи: „Дојче грамофон“, „Сони“, „Дека“, „Хармонија Мунди“, „Пан класикс“ и „Оникс класикс“.Од март 2015 година предава виолина на Универзитетот за уметност во Грац-Австрија, а од октомври 2020 година и на Универзитетот „Калаидос“ во Цирих.Држи семинари по виолина, виола, камерна музика и предавања по историска изведба, методика во Германија (Schloss Akademie Hamburg), Русија (Конзерваториум „Чајковски“, Гнесинска академија, Иполитовски институт), Австрија (Gifted in music), Италија, Киргистан, Украина итн.Неговите студенти се добитници на повеќе од 150 меѓународни награди.

Пијанистката Тамила Гулијева дипломира и магистрира со почести на Музичката академија во Баку (Азербејџан), а продолжува да се усовршува на Универзитетот „Фолкванг“ во Есен, каде од 2007 година е ангажирана и како предавач.Гулијева е добитничка на повеќе награди, меѓу кои прва награда на Фестивалот за млади пијанисти и награда за Најдобар пијано-соработник во 1999 година. Како солист настапува рецитално и со симфониски и камерни оркестри, а е официјален пијано-соработник на мајсторските курсеви на Мстислав Ростропович, Табеа Цимерман, Квартетот „Форе“ и др.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер