По осум неуспешни врски, Кајли Миног се вери со медиумски магнат - Канал 5

По осум неуспешни врски, Кајли Миног се вери со медиумски магнат

Откако на актерката Били Пајпер, блиска пријателка на Кајли Миног, и излета дека австралиската пејачка и креативен директор на британското издание на магазинот GQ и GQ Style, Пол Соломонс се свршени, маќеата на Соломонс, Глорија го потврди истото.

По осум неуспешни врски, Кајли Миног се вери со медиумски магнат

Таа се јави од нивната семејна куќа во селото Ланбрадах лоцирано во Јужен Велс, северно од градот Каерфили. Глорија за Дејли Меил изјави дека е воодушевена и пресреќна од свршувачката и дека имала чест да ја запознае Кајли.

- Таа е убава, и тоа е многу возбудливо. Но, не можам да ви кажам ништо повеќе затоа што ми рекоа да не кажувам ништо. Јас премногу ги почитувам мојот син и Кајли за да не ги послушам. Глорија, која е во брак со таткото на Пол, Марк, веќе 41 години, се воздржала од откривање детали за нејзината идна снаа.

Таа додаде дека нема идеја каде и кога ќе се одржи венчавката.

Новинарите ја контактирале и сестрата на Пол, Никола и нејзиниот сопруг Ивор Џонс, кои исто така потврдиле дека ја запознале Кајли и дека таа е „апсолутно прекрасна“, но им било забрането да откриваат детали.

„Дајте ми милион фунти за да можам да ви кажеме нешто“, се пошегува идниот зет на Кајли.

Атрактивната 52-годишна музичка sвезда и 48-годишниот Пол, медиумски магнат, се во врска од летото 2018 година. Да потсетиме, Кајли раскина со Џошуа Сасе во февруари 2017 година, наводно поради неговата измама.

- Запознав некој со кого конечно се чувствувам добро. И се чини дека сè е како што треба - рече заљубената пејачка минатата година во интервју.

Во едно интервју, таа потврди како ја чувствува таа позната хемија, пеперутки во стомакот и сè што оди со тоа. Таа признава дека се заљубила во Соломонс до уши.

- Сите мои пријатели ми рекоа дека се однесувам поинаку, тогаш сфатив дека нешто се случува. Затоа што, мислев дека се однесувам навистина кул, но излегува дека не било така - рече таа.

Кајли рече дека таа и Пол се сретнале на инсистирање на заеднички пријател кој сакал да ги обедини и дека еден пријател ја убедувал долго време да се дружи со Пол.

- Во тоа време не бев заинтересирана да запознаам нови луѓе, затоа секогаш одговарав: 'Да, но не сега, еден ден, можеби'. Како и да е, некако се случи еден ден, се поврзавме и се засакавме - рече таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Софија го интензивира притисокот во случајот со Ива Михаилова – бугарски пратеници на рочиште во Кочани

Бугарија го интензивира притисокот за случајот со Ива Михаилова. 

Софија го интензивира притисокот во случајот со Ива Михаилова – бугарски пратеници на рочиште во Кочани

Најмалку шест бугарски пратеници дојдоа да го следат денешното рочиште во кочанскиот суд , каде продолжи судењето против Михаилова, која има двојно државјанство - македонско и бугарско. Пред рочиштето, роднините на Ива во Кочани одржаа симболичен протест пред зградата на судот, а паралено во Софија пред македонската амбасада протестираа десетици поддржувачи предводени од Виктор Стојанов од бугарската „Фондација Македонија“, кому му е забранет влез во Македонија.

Михаилова е обвинета за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, по сообраќајната несреќа од октомври лани, во која едно лице го загуби животот, а неколку други беа повредени, меѓу кои и самата Михаилова. Овој случај ја крена на нозе официјална Софија со реакции дека таа е дискриминарана, откако судот во Кочани и го одби барањето да и бидат вратени лични документи одземени со мерките на претпазливост за да може да се лекува во Бугарија, поради опасност од бегство, но и поради проценка дека за такво лечење има услови во Македонија. Според адвокатот Јанаки Митровски, во конкретниот случај се гледа намера да се политизира случајот од бугарска страна. Михаилова, вели тој, во овој момент е невина, а нејзината презумпција на невиност треба да се почитува до крај, но тоа не значи дека против нејзе не треба да се применуваат мерки за обезбедување на присуство, бидејќи поседувањето на два пасоша според него ја прави ризична за бегство.

-Во конкретиот случај се гледа јасна интенција на бугарската политика и особено на дел од помалите т.н екстремистички партии да го политизираат случајот односно лажно да претставуваат дека Ива Михајлова е некаква жртва, односно дека за нејзе важат посебни процесни правила од оние кои што важат за сите останати кои се нашле пред судовите во Македонија. Ако истата ја напушти државата во Бугарија, Бугарија и Македонија не екстрадираат свои граѓани и процесот против нејзе нема да продолжи. Ништо не ја спречува бугарската држава или пратениците кои се дојдени, нивните партии, да предложат да речеме гаранција од милион евра којшто е гаранција дека нема да се даде во бегство, но тие тоа намерно не го чинат, затоа што премногу не им е гајле за Ива Михаилова колку што им е гајле да ја користат како алатка за пропаганда, изјави Митровски.

Бугарското МНР и бугарскиот државен врв - претседателката Јотова и премиерот Радев во повеќе наврати го експонираа овој случај како доказ за наводна дискриминација од македонските институции на лицата со бугарски идентитет. Според поранешниот амбасадор Марјан Ѓорчев во овој случај не постои никаква дискриминација и се креира вештачки конфликт.

– Нема никаква дискриминација на нејзините човекови права, затоа што таа има двојно државјанство, таа е македонски државјанин, како таква функционарала во Македонија а сега само се прави конструкција да на некој начин вештачки се произведе некој конфликт којшто не постои, затоа што таа треба да си одговара пред макеоднските закони како македонски државјанин. Ова е негативна манифестација од проблемите кои можат да произлезат од двојното државјанство, изјави Ѓорчев.

Сепак, тој смета дека случајот Михаилова не може значително да ги влоши односите меѓу Скопје и Софија, бидејќи Македонија според него веќе има искуство со случајот со Спаска Митрова и Пендиков, кои имаа двојни државјанства, а беа повод на констинуирани обвинувања од Софија за дискриминација и пристрасност од македенските институции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши: Сите закони за кои е потребен бадентер ќе бидат ставени на гласање

Бројните процедурални зебелешки и реплики со кои пратениците од ДУИ ја блокираа седницата пред летните одмори е злоупотреба на Деловникот, смета спикерот Африм Гаши.

Гаши: Сите закони за кои е потребен бадентер ќе бидат ставени на гласање

Според него ваквите злоупотребни не треба да бидат причина за предвремени парламентарни избори. Распуштање на собранието е можно само со 61 пратеник, посочи собранискиот спикер на првиот брифинг со новинарите по летните одмори.

-На денешната коориднација немаше никаква најава од ДУИ дека повторно ќе има блокада од страна на нивните пратеници. Тоа не е блокада, туку злоупотреба на Деловникот, но ќе видиме како ќе реагираат. Не треба една злоупотреба на Деловникот да предизвика предвремени избори, но тоа е политичка одлука и за неа може да се решава и на друго ниво, посочи спикерот Гаши.

Најголем предизвик во парламенот и по летните одмори на пратениците останува гласањето за законите за кои е потребен Бадентер. Меѓу нив се Законот за правична застапеност, за локална самоуправа, Законите за високо образование и висока раководна служба кој е дел од реформската агенда и уште десетина други, за кои Гаши најави дека ќе бидат ставени на седница но дека е потребно претходно да се даде време за дијалог и дискусија и да се обезбеди поддршка и од пратениците на ДУИ.

-Ова прашање има повеќе политичка димензија отколку процедурална. Во својство на претседател на Собранието се обидувам да ги преземам сите мерки. Јас сум во контакт со сите пратенички групи. Се обидуваме да дојдеме до решение. Ако прашањето навлегува во политичката сфера, тогаш се разговара на друго политичко ниво. Се согласувам дека ова прашање треба да се реши, но им оставам на политичките актери да го решат. Не можам да оценам дали лидерска средба би помогнала или не, но не може да се најде решение ако не се седне да се разговара, порача Гаши на брифингот.

Засега освен Законот за висока раководна служба со Собранието не е доставен друг закон од реформската агенда, но Гаши рече дека таквите закони се третираат со највисок приоритет и дека како што пристигнуваат во Парламентот веднаш ќе бидат ставени на дневен ред. Очекувањата на собранискиот спикер се дека до крајниот рок 31 декември ќе бидат донесени сите триесетина закони кои ги бара Брисел.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата учебна година почнува со три илјади првачиња помалку и 433 укинати паралелки

Помалку ученици во клупите, помалку паралелки и клуч на врата во нови 26 училишта. 

Новата учебна година почнува со три илјади првачиња помалку и 433 укинати паралелки

Со нова демографска слика утре започнува новата учебна година. Речиси 3 илјади првачиња и 3.200 средношколци помалку од лани ќе седнат во училишните клупи. Годинава ќе има и 433 паралелки помалку, од кои 222 во основното и 211 во средното образование. Јаневска вели дека оптимизацијата е во интерес на учениците. Малите паралелки се спојуваат за поголеми групи и подобри услови за настава и социјализација.

- Не е тајна дека со години опстојуваат, на пример, две паралелки со по два ученика на иста возраст и во исто училиште. Сега таквите ги обединивме. Одредени политички субјекти се обидоа тоа да го претстават како страшен потег, крах во образованието, а всушност е позитивна промена, како што реков првенствено во интерес и само во интерес на учениците. - Весна Јаневска – министерка за образование и наука

Сепак, Јаневска уверува дека ниту еден наставник нема да остане без работа. Наставниците без полн фонд на часови ќе бидат прераспределени , дел како образовни асистенти, а најголем дел во продолжен престој и целодневна настава. Во март идната година согласно стапката на инфлација ќе добијат и зголемување на платите од 7,5 до 10 проценти.

-Ниту еден, ниту еден редовно вработен наставник не е отпуштен од работа. Од утре сите продолжуваат да работат со класовите. Најголем дел од наставнниците што немаат полн фонд ќе одат во престој, затоа што се залагаме за подолг престој на учениците во училиштата. Па таму каде што биле класични паралелките сега ќе им овозможиме да продолжат во настава која ќе трае цел ден, некаде ќе биде целодневна, некаде ќе биде престој, тоа ќе одлучат самите училишта. - Весна Јаневска – министерка за образование и наука

Со новите 26, вкупно во земјава под клуч се 148 училишта, најчесто во руралните средини. Паралелно со оптимизацијата на училишната мрежа, Јаневска вели дека се работи и на подобрување на условите за настава Од вкупно 1.023 училишни објекти, во 620 ќе се одвива едносменска настава, а паралелно се прошируваат капацитетите на 14 училишта, речсиси сите во скопските општини..

Јаневска уверува и дека учебната година започнува со навремено обезбедени учебници, кои веќе се испорачани и од утре ќе можат да им бидат поделени на учениците. Годинава се ангажирани и 1.524 образовни асистенти , најмногу досега, за учениците со посебни образовни потреби.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер