По него воздивнуваат жените од цел свет, а тој има големи маки со двете сопруги и девојката - Канал 5

По него воздивнуваат жените од цел свет, а тој има големи маки со двете сопруги и девојката

Еден од најжешките холивудски актери Лиам Хемсворт неодамна го прослави својот 30-ти роденден, а ова е приказната за неговите бурни љубовни врски.

По него воздивнуваат жените од цел свет, а тој има големи маки со двете сопруги и девојката

Лиам Хемсворт е австралиски холивудски убавец кој важи за еден од најжешките актери на денешницата.

Се прослави во франшизите „Игри на гладта“ и „Ден на независноста: оживување“, а иако постигна завидна манекенска и актерска кариера, тој всушност е најпознат по својот бурен љубовен живот, кој го одбележа најголемата холивудска „дива жена“. " - Мајли Сајрус.

Имено, врската помеѓу Мајли Сајрус и Лијам Хемсворт со години ги полнеше таблоидите. Тие се запознале и се заљубиле во 2009 година, кога се запознале на снимањето на „Последната песна“, а набрзо започнале и врска. Прво три пати биле заедно, а во тој период неколку пати раскинувале и се смирувале. Тогаш никој не очекувал дека ќе се свршат, но се случило токму тоа - објавија дека ќе се венчаат во 2012. Купиле заедничка вила во Лос Анџелес и живееле заедно, а потоа одеднаш, во 2013 година, решиле да раскинат. Меѓутоа, таа одлука не траела долго бидејќи се вратиле во прегратка и повторно завршиле заедно во 2016 година.

Потоа се обиделе да ја сокријат врската, но набрзо се дознало дека нивната обновена љубовна приказна траела со месеци и дека свршувачката повторно пропаднала. Мајли гордо се прошета со вереничкиот прстен, а тие беа наречени омилениот пар на Холивуд. Се венчаа две години подоцна, на 23 декември 2018 година, во нивниот дом, а само осум месеци подоцна Мајли ѝ соопшти на јавноста дека поднеле барање за развод. Нивниот развод беше официјално финализиран во 2020 година, а самиот развод беше проследен со секс скандали.

Имено, Лијам ја обвини Мајли дека им ја уништила врската затоа што сакала да има секс со други луѓе и не сакала да се согласи на моногамија, а таа возвратила велејќи дека тој е алкохоличар кој станува агресивен кога пие, и дека не сакал да биде воздржан од својата љубомора. Од друга страна, многумина поверуваа на зборовите на Лиам бидејќи Мајли само неколку недели по раскинувањето на бракот заврши во прегратките на Кејтлин Картер Џенер, а потоа почна да ги менува љубовниците како „чорапи“. Американските медиуми тогаш пишуваа дека пејачката го изневерува со Кејтлин на јахта.

Како што тогаш изјавија неименувани извори за американските медиуми, Хемсворт за веста за разводот слушнал на најнепријатен можен начин - преку социјалните мрежи!

Лијам, пак, чекаше две години да се опорави од брачниот бродолом, а од 2020 година е во врска со австралиската манекенка Габриела Брукс, која веднаш беше прифатена од неговото семејство.

Сепак, во последно време се шушка дека Лијам ја напуштил мирната убавица по три години врска, иако сите мислеа дека ќе ја однесе до олтарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четири жени жртви на насилство во последното деноноќие - кои се европските искуства за справување со фемицидот?

Во последните 24 часа полицијата интервенирала во пет различни случаи за семејно насилство поради физички напади, психичко малтертирање, но и закани со оружје во семејниот дом. 

 Четири жени жртви на насилство во последното деноноќие - кои се европските искуства за справување со фемицидот?

Според МВР, вчера бил уапсен и 40-годишен маж од Тетово кој подолг временски период физички ја малтертирал сопругата, а и упатувал и закани со огнено оружје. Додека случаите со семејно насилство се нижат, правници од земјава кои размениле искуство за тоа како овие случаи се решаваат во други европски земји, предупредуваат дека кај нас најмногу недостасува работа во делот на превенцијата.

– Кај нас прво што недостасува е прво промена во кривичниот законик – фемицидот да добие посебна квалификација како фемицид, а со тоа ќе се извлечат и другите подзаконски и регулативи и акти – да може полицијата да биде соодветно обучена полицијата, каде сега гледаме промени, да биде посебно обучена, посебни центри во СВР, во центарот за социјална работа, но и во медицинските центри коишто ќе може да работат и ќе може да ги проценуваат, идентификуваат и ќе рабтоат со жртвите, но и со насилниците, тоа е едната форма на превенција, изјави Срџан Амет, адвокат.

За зголемен број на случаи со семејно насилство обвинуваат и од опозициската СДСМ – од таму велат дека бројот на пријави за семејно насилство е зголемен за 70 отсто во однос на лани, но и дека тоа ништо не значи доколку случаите не се процесуираат до крај. Поради ова, СДСМ иницира и итна собраниска седница за заштита на жените.

– Бараме итна седница на Собранието на која без одложување и без политички калкулации ќе расправаме за насилството врз жените и семејното насилство, ќе бараме одговорност од секој кој направил пропуст во постапувањето и да испорачаме конкретни мерки за превенција и заштита,- изјави Јована Тренчевска, пратеничка од СДСМ.

За власта не е спорно одржувањето на таква седница во собранието – оттаму велат и дека бројот на пријави за семејно насилство е во пораст, но тоа тврдат дека е поади тоа што довербата во институциите сега е поголема во однос на порано.

– Ние ќе ја поддржиме таа иницијатива за одржување на седницата и ќе разговраме. Секако, ќе го поставиме и ние прашањето до јавното обинителство зошто нема поднесено обвинителни акти, а секако е добро да се одговори и од страна на судот зошто тие обвинителни акти коишто се поднесени се уште немаат судска разрешница како што очекуваат граѓаните,- изјави Бојан Стојаноски, пратеник ВМРО-ДПМНЕ.

Во Македонија во 2026 година досега се регистрирани седум фемициди и повеќе случаи со насилство врз жени,. Последниот случај со 26-годишната Сара Ѓорѓиеска од Охрид која беше брутално претепана од својот 31-годишен партнер дополнително го разбуди гневот во јавноста, по што следуваа и серија протести, а следниот е закажан за утре во паркот жена Борец.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“

Од седуммина предложени сведоци на одбраната на Дејан Јованов-Деко, на денешното рочиште за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, во судница се појавија само двајца.

Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“

Дел од нив, како што објаснија неговите адвокати, се премислиле и не сакале да сведочат во постапката. Затоа одбраната се откажа од нив што предизвика реакција од судијката Дијана Груевска-Илиевска која предупреди дека одбраната е должна да го обезбеди присуството на предложените сведоци, но и негодување кај родителите на загинатите.

-Двајца се повлечени, а пиротехничарот не успеа да го пронајдат ниту судот ни одбраната. Се поставува сериозно прашање: дали воопшто постои тој фамозен пиротехничар и врз основа на кои податоци е предложен како сведок? Не бараме привилегии, туку сериозна, ефикасна и правична судска постапка во која секој доказ и секој сведок ќе придонесат за утврдување на вистината. Нашата болка е реална, нашата загуба е неповратна, а нашето трпение не е бесконечно,- изјави – Александар Наунов – Татко на загината во „Пулс“.

Еден од сведоците кој се појави во судницата беше девојка која во Пулс повремено работела како шанкерка. Кажа дека еден или два ПП апарати забележала во билетарницата на влезот од објектот но не се сеќаваше дали имало и на друго место. Таа раскажуваше и што се случувало ноќта на 16 март кога избувнал пожарот.

-Не го видов поставувањето на пиротехничките средства на бината. Претходно имало пиротехнички средства во „Пулс“, но толку силни како таа вечер, немав видено. Бевме на левиот шанк кога почна пожарот. Од нашата страна и таму каде што се наоѓа задната врата беше жариштето и сите се упативме на другата страна. Таа врата претходно ја имам видено отворена само за проветрување на просториите, не знам дали таа вечер била отворена,- -Анастасија Соколова – Сведок.

Обвинителот Борче Јанев укажа на разлика меѓу денешното сведочење и нејзиниот претходен исказ во ОЈО Кочани, кога рекла дека не знае дали има друга врата или излез за евакуација. Таа објасни дека ја забележала вратата за време на подготовките за работа, но не ја видела да се користи.

Вториот сведок, Бојан Спасовски угостител од Гевгелија, зборуваше за настапот на ДНК во неговиот локал. Настапот го договорил телефонски со Панчо, но не знаел дека групата ќе користи пиротехника. Претпоставуваше дека станувало збор за таканаречени топли прскалки бидејќи по согорувањето оставале чад.

Следно рочиште за случајот е закажано за 30 ноември.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски на средба со британската амбасадорка Сивагнанам

Продлабочување на стратешкото партнерство и полициската соработка со Обединетото Кралство.

Тошковски на средба со британската амбасадорка Сивагнанам

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Н.Е. Маја Сивагнанам, на која беше потврдена одличната досегашна соработка и заедничката определба за натамошно продлабочување на партнерските односи меѓу двете држави во областа на безбедноста.

На средбата се разговараше за тековните активности и можностите за унапредување на полициската соработка, со посебен акцент на борбата против сериозниот и организиран криминал, граничната безбедност, справувањето со нелегалната миграција, сајбер-криминалот и недозволените финансиски текови.

Посебно внимание беше посветено на активностите во рамки на Заедничката работна група за миграција, како и на натамошното зајакнување на оперативната и регионалната полициска соработка, размената на информации и искуства и јакнењето на професионалните и техничките капацитети на македонската полиција.

Министерот Тошковски изрази благодарност за континуираната поддршка што Обединетото Кралство му ја дава на Министерството за внатрешни работи преку експертска и техничка помош, специјализирани обуки и реализација на заеднички проекти.

На средбата беше истакнато дека Договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство претставува значајна основа за натамошно продлабочување на соработката во областа на безбедноста и реализација на заеднички активности насочени кон поефикасно справување со современите безбедносни предизвици, поголема регионална стабилност и безбедност на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер