„Охридско лето“ со уште еден концерт надвор од фестивалската рамка, Јуна Ли и Кенет Клецјен на 4 декември во Скопје
1„Охридско лето“ со уште еден концерт надвор од фестивалската рамка, Јуна Ли и Кенет Клецјен на 4 декември во Скопје
СветПо мајката, осуден е и таткото на тинејџерот кој изврши масовно убиство во училиште во САДЏејмс Крамбли, таткото на тинејџерот Итан Крамбли, кој отслужува доживотна затворска казна за масовното убиство што го изврши во училиште во близина на Детроит, Мичиген во 2021 година, е прогласен за виновен за убиство од небрежност.Така, таткото на тинејџерот, по мајката Џенифер Крамбли, е осуден според обвинението во кое се наведува дека не го чувал оружјето на обезбедено место и не реагирал на знаците на психички тешкотии на неговиот син, објави Си-Ен-Ен. Итан Крамбли, кој имал 15 години кога отворил оган со полуавтоматски пиштол на 30 ноември 2021 година, уби четворица ученици и ранил уште двајца, како и наставник. Обвинителите во обвинението посочија дека тинејџерот имал пристап до пиштол од девет милиметри што му го купил татко му четири дена пред да ги изврши убиствата. Итан Крамбли на работниот лист по математика, покрал цртежот со пиштол и ранет човек, напишал: "Мислите нема да запрат. Помогни ми. Мојот живот е бескорисен". Неговите родители, кои биле поканети на состанок со училишниот советник во врска со цртежите и белешките, потоа не го однеле дома од училиште. Училишниот советник Шон Хопкинс ги советувал родителите да побараат помош за момчето во следните два дена бидејќи тој верувал дека има самоубиствени мисли. Итан му кажал на советникот дека е тажен поради смртта на баба му, смртта на неговото милениче и одселувањето на неговиот пријател. Тој рекол дека цртежот е скица на видео игра и дека не планирал да изврши насилство. Ниту еден родител не им го спомнал неодамна купеното оружје на службениците во училиштето, според судските записи. Џејмс и Џенифер Крамбл се првите родители во САД кои се осудени за вооружено насилство од нивното дете на училиште. Ним им се судело во одделни постапки, а Џенифер е осудена за убиство од небрежност во февруари. Итан, кој сега има седумнаесет години, отслужува доживотна затворска казна за убиство, без условно ослободување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Култура„Охридско лето“ со уште еден концерт надвор од фестивалската рамка, Јуна Ли и Кенет Клецјен на 4 декември во СкопјеИзвонредната корејско-американска сопранистка Јуна Ли и пијанистот Кенет Клецјен ќе настапат на 4 декември, во 19 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност.Извонредната корејско-американска сопранистка Јуна Ли и пијанистот Кенет Клецјен ќе настапат на 4 декември, во 19 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност, во рамки на дополнителната концертна понуда на „Охридско лето“, надвор од официјалната фестивалска програма. Јуна Ли е меѓународно призната оперска уметница, особено позната по улогата на Чо-Чо-Сан во „Мадам Батерфлај“ од Пучини, што ја има изведено речиси 200 пати. Се образувала на Џулијардската школа во Њујорк, а настапувала со реномирани оперски куќи, меѓу кои Метрополитен операта и Вашингтонската национална опера. Нејзин сопруг и музички партнер е пијанистот Кенет Клецјен, кој студирал на Конзерваториумот при Колеџот Оберлин и на Џулијардската школа. Намерата, според организаторите, е одржувањето концерти во текот на целата година да прерасне во традиција, како благодарност до публиката и поддржувачите на фестивалот, но и како можност за продолжување на средбите со врвни уметници и надвор од фестивалските денови. „Со овие концерти сакаме да покажеме дека „Охридско лето“ не живее само во текот на фестивалските денови, туку дека нашата мисија продолжува во текот на целата година. На овој начин ја прошируваме нашата концертна дејност, отвораме можности за нови уметнички соработки и ѝ овозможуваме на публиката да ужива во настапите на еминентни музички имиња, надвор од летниот период. Особено ни е важно оваа иницијатива да прерасне во традиција и „Охридско лето“ да продолжи да биде значаен дел од културниот живот и во текот на годината“, вели директорот на „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски. Посебно значење на концертот му дава и застапеноста на дела од американски композиторки, кои ќе бидат изведени премиерно пред македонската публика. Со вклучувањето на нивното творештво во концертната програма, „Охридско лето“ ја истакнува важноста на родовата инклузивност во класичната музика, отвора простор за поголема видливост на жените-композиторки и придонесува кон афирмација на разновидни современи музички изрази. „Особено ни е важно што со овој концерт пред македонската публика премиерно претставуваме и дела од американски композиторки, како определба да ја истакнеме родовата инклузивност во класичната музика. Со тоа сакаме да ја збогатиме понудата за публиката и да поттикнеме интерес за творештвото на авторки чии дела заслужуваат да бидат почесто присутни на концертните сцени“, додава Цуцковски. Kонцертната година во рамки на „Охридско лето“ ќе биде заокружена на 7 декември во Охрид, со предновогодишен концерт кој ќе биде музички подарок за градот и охриѓани. На сцената ќе настапат бугарската сопранистка Илина Михајлова и италијанскиот пијанист и композитор Франческо Барбагелата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
МакедонијаВо Собранието одбележан Светскиот ден на дететоДенеска, во Собранието, се одржа едукативен настан во организација на Парламентарниот институт, под мотото „Моите права, мојата иднина – детските права во дигиталниот свет“.На настанот присуствуваа пратениците Драгана Бојковска, Бојан Стојаноски, Емилија Ангелова и Славјанка Петровска, како и директори, наставници и ученици од трите основни училишта од Општина Илинден: ООУ „Ристо Крле“, ООУ „Гоце Делчев“ и ООУ „Браќа Миладиновци“. Меѓу присутните беше и претставник на УНИЦЕФ во нашата држава. Настанот го отвори Даниел Ѓоќески, во улога на модератор, кој ги поздрави присутните пратеници, директорите, наставниците, учениците и претставникот на УНИЦЕФ, ги запозна со програмата и текот на настанот и им посака успешна работа. Поздравно обраќање имаше пратеничката и претседателка на Клубот за младински прашања и политики, Драгана Бојковска, која се осврна на значењето на детските права и обврски, како и на улогата и надлежностите на Собранието. Свои обраќања имаа и директорите на трите основни училишта, како и претставникот на УНИЦЕФ. Во продолжение на настанот беше реализирана симулација на седница на Детскиот парламент, во која учениците активно учествуваа во дебата и ги споделија своите ставови и размислувања за прашања од особено значење за нивното секојдневие. Во фокусот на дискусијата беа детските права, предизвиците и можностите што ги носи дигиталниот свет, влијанието на социјалните медиуми, употребата на вештачката интелигенција, како и важноста на меѓусебната почит, одговорната комуникација и безбедното однесување на социјалните мрежи. Во завршниот дел од настанот, во дебатата се вклучија и присутните пратеници, кои од свои лични и професионални перспективи ги споделија своите размислувања и ставови за прашањата и темите што претходно ги отворија учениците. Настанот има цел да ја подигне свеста кај децата за нивните права, да поттикне дискусија за предизвиците и можностите што ги носи дигиталното опкружување, како и да ја истакне важноста на безбедното, одговорното и активно учество на децата во дигиталниот свет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСТОП ЗА УСЈЕ - Протестна блокада на 1 декември во СкопјеГраѓаните повторно на улица, протестна блокада на раскрсницата кај Црвен крст на 1 декември .Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ повикува на протестна блокада во вторник, 1 декември, со почеток во 17:30 часот, на раскрсницата кај Црвен Крст во Скопје. По повеќе од една година институционално одложување и отсуство на конкретни решенија, граѓаните повторно излегуваат на улица за да побараат функционален надзор над индустриското загадување, транспарентност и одговорност од надлежните институции. Министерството за животна средина и просторно планирање сè уште нема објавено ниту драфт-верзија на новата А-интегрирана еколошка дозвола за „Титан Усје“, ниту најава за јавна расправа. Во исто време, остануваат неодговорени и системските барања за подобра контрола на индустриските загадувачи. Меѓу клучните барања на граѓаните се: ● Активирање на државна акредитирана лабораторија за независна контрола. Пред шест месеци, министерот Хоџа изјави дека лабораторијата е целосно опремена и дека за нејзина акредитација недостига уште еден обучен вработен. Шест месеци подоцна, таа сè уште не функционира. ● Усогласување на алармните прагови за активирање мерки со препораките на Светската здравствена организација, со цел навремена заштита на здравјето на граѓаните. ● 24-часовно јавно објавување на емисиите од сите инсталации со А интегрирана дозвола. Досега не е поставена ниту една нова државна мерна станица, ниту на индустриските загадувачи им е наложено јавно да ги објавуваат податоците од мерењата. Дополнително, загрижува и начинот на кој функционира Државниот инспекторат за животна средина. Формалните инспекциски контроли, без континуирани реални мерења и конкретни корективни мерки, не обезбедуваат ефикасна заштита на граѓаните. Новата А-интегрирана дозвола за „Титан Усје“ претставува важен тест за тоа дали државата ќе ги примени европските еколошки стандарди и ќе воспостави правила што ќе важат за сите индустриски загадувачи. Не бараме уште едно ветување. Бараме институционална одговорност, функционален надзор и конкретни мерки. Затоа, ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат на протестната блокада: �� РАСКРСНИЦА КАЈ ЦРВЕН КРСТ НА Р. МАКЕДОНИЈА �� ВТОРНИК, 1 ДЕКЕМВРИ 2026 �� 17:30 ЧАСОТ Со почит, Стоп за УсјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook