Пo излегувањето од затвор: Актерката проговори за маките кои ги преживеала (видео) - Канал 5

Пo излегувањето од затвор: Актерката проговори за маките кои ги преживеала (видео)

Американската актерка и ѕвезда на серијата „Мелроус Плејс“, Ејми Локан проговори за затворските денови и проблемите со кои се сретнала.

Пo излегувањето од затвор: Актерката проговори за маките кои ги преживеала (видео)
Ејми во затвор се нашла поради сообраќајната несреќа која ја предизвикала, а во која загинало едно лице. Нејзиниот маж кој бил со неа во автомобилот, бил повреден. Актерката отслужила две ипол години затворска казна и затворот го напуштила во јуни 2015 година. Судијата минатата недела ја ослободи од понатамошно издржување на казната.

Меѓутоа нејзината агонија со тоа не се завршила. Само пет дена по излегувањето од затворот, нејзиниот сопруг поднел документи за развод. Денеска живее сама во Њу Џерси и се присетува на анонимните состаноци за алкохоличари.

Минатата недела го даде своето прво интервју после излегувањето од затвор во кое искрено говореше за тоа што и се случувало. Исто така истакна дека скоро сите пријатели и го свртеле грбот после несреќата која се случила.

„Престојот во затвор е нехуман. Тоа е како да сведочите на сопствената смрт. Луѓето прво ви испраќаат писма, но потоа целосно исчезнуваат како никогаш и да не постоеле во вашите животи. Секој пат после посетите на моите ќерки ме претресуваат од почеток, ме соблекуваа гола и морав да клечам и да кашлам“.

Инаку за вакво казнено дело, најмалата затворска казна изнесува пет години, па многумина беа огорчени од одлуката на судијата, кого го обвинија дека и попушта поради славата. Тој призна дека казната ја намалил поради нејзините болни ќерки на кои им е потребна.

Во меѓувреме, Локан истакна дека немала никакви бенефиции поради популарноста. Се туширала како што самата изјавува, заедно со 90 жени, а бидејќи се борела со депресијата, читала и им помагала на останатите затвореници со проблемите со алкохолизмот.

Иако веќе добила неколку актерски понуди, фокусирана е на борбата за старателство над децата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Скопје 2028 - со силни партнерства го отвораме патот кон европската културна сцена

Градоначалникот Ѓорѓиевски упати искрена благодарност до амбасадорот Ле Риголер, Францускиот институт и сите партнери за довербата и поддршката.

Ѓорѓиевски: Скопје 2028 - со силни партнерства го отвораме патот кон европската културна сцена

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристоф Ле Риголер, директорот на Францускиот институт во Скопје, Грегоар Жислер, и директорот на Фондацијата „Скопје ЕПК 2028“ Марјан Цветковски, го означија почетокот на едно значајно стратешко партнерство со потпишување на Меморандум за соработка меѓу Фондацијата и Францускиот институт, под високото покровителство на Град Скопје.

- Со ова партнерство отвораме врати за заеднички уметнички продукции, размена на уметници и експерти и развој на културните и креативните индустрии. Создаваме простор нашите творци да се поврзат со европската културна сцена, а скопјани да добијат нови, квалитетни и достапни културни содржини. Скопје има дух, има талент и има приказна што заслужува да ја види и слушне цела Европа. Наша обврска е да создадеме можности таа приказна да го добие своето вистинско место – изјавив Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека Град Скопје посебно ќе се посвети на соработката со Бурж, со кој во 2028 година ја споделуваме титулата европска престолнина на културата, како и на можноста за реализација на „Француска сезона во Скопје 2028“.

- Градиме мостови меѓу нашите градови, нашите уметници и нашите култури, со амбиција тие врски да траат и долго по 2028 година. За мене, успехот на Скопје 2028 ќе се мери и со можностите што ќе ги создадеме за младите, со поддршката за нашите уметници и со културата што ќе стигне до секој граѓанин. Сакам оваа титула да остави трајна вредност во животот на нашиот град. Заедно ја претвораме визијата во конкретна соработка. Скопје има што да ѝ покаже на Европа. Со својот културен идентитет, со својата креативност и со своите луѓе е подготвено да остави силен белег – рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски упати искрена благодарност до амбасадорот Ле Риголер, Францускиот институт и сите партнери за довербата и поддршката.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Притвор за лицето од тетовско осомничен за компјутерски криминал

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишник од селото Голема Речица за повеќе дела од областа на компјутерскиот криминал.

Притвор за лицето од тетовско осомничен за компјутерски криминал

За време на повеќемесечните предистражни дејствија координирани од јавен обвинител, се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение за извршено кривично дело – Компјутерска измама од член 251-б од Кривичниот законик, бидејќи осомничениот во периодот од 2025 до 2026 година администрирал нелегална онлајн група на комуникациската апликација „Телеграм“, преку која нудел услуги и софтверски алатки за измами поврзани со незаконско враќање парични средства.

Освен ова, тој е осомничен и за кривично дело – Злоупотреба на лични податоци од член 149, кое го вршел како администратор на домејни и веб-страници поврзани со платформата „OLVX“, која служела како нелегален пазар за продажба на украдени дигитални податоци, софтверски алатки и услуги наменети за извршување кривични дела. Главни корисници на платформата биле сајбер криминалци кои купувале и продавале лични податоци и пристапни акредитиви за кориснички сметки, а во периодот на функционирање на платформата биле понудени над 1.500 украдени пристапни податоци на жртви – физички и правни лица.

Врз основа на наредба за претрес обезбедена од судот по барање на јавниот обвинител беше извршен претрес кај осомничениот и беа одземени два мобилни телефони. Во скриен фолдер на еден од телефоните беше утврдено дека тој поседувал вкупно 29 видеа со експлицитна содржина на полови дејствија меѓу возрасни лица и деца. Поради тоа, 20-годишникот е осомничен и за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија според член 193-а од Кривичниот законик.

Имајќи предвид дека постои несомнен ризик од бегство на осомничениот на кој му се ставаат на товар неколку кривични дела, како и поради опасноста тој да продолжи да врши кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор, соопштуваат од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трајанов: Има индиции дека границата е нелегално премината, институциите детално да истражат

Може ли во моментов да се детектира чија е одговорноста за бегството на Ива Михаилова? 

Трајанов: Има индиции дека границата е нелегално премината, институциите детално да истражат

Има ли и каква е улогата на бугарските власти во случајот.. За овие дилеми свое видување има поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов, со него разговара Јана Јосифоска.

Во видеото погледнете го целиот разговор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер