Заменик-министерот за јавна администрација Јаќимоски на работен состанок за реализацијата на Реформската агенда
2Заменик-министерот за јавна администрација Јаќимоски на работен состанок за реализацијата на Реформската агенда
Шоу бизПо истрагата за смртта на Лијам Пејн, обвинет и негов близок пријател Според последните информации, пет лица се обвинети во врска со смртта на британскиот пејач Лијам Пејн, а меѓу нив е и неговиот близок пријател Рохелио Норес.Според аргентинското Државно обвинителство, менаџерката на хотелот Гилда Мартин, вработениот во хотелот Естебан Граси и Норес се обвинети за убиство од небрежност, а пак, вработените Брајан Паиз и Езекиел Перејра се обвинети за снабдување со дрога. Според наводите, Судот наредил двајца од петтемина обвинети да бидат задржани во притвор. Тие се повикани да се појават на Суд во рок од 24 часа. Пред неколку дена аргентинската полиција ѝ испратила покана за сослушување и на неговата девојка Кејт Кесиди, која не е осомничена, но се надеваат дека таа може да даде дополнителни информации. За потсетување, три недели по смртта на Лијам Пејн, обвинителите во Аргентина ја отфрлија можноста за самоубиство, наведувајќи дека најверојатно бил во несвест кога паднал од балконот на третиот кат на хотелот „Касасур Палермо“ во Буенос Аирес на 16 октомври.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУнгарија прогласи вонредна состојба поради сериозниот недостиг на водаУнгарскиот министер за заштита на животната средина, Ласло Гајдош, денеска изјави дека владата прогласила вонредна состојба поради сериозниот недостиг на вода предизвикан од сушата.Во објава на Фејсбук, Гајдош наведе дека индексот на суша во 66 од вкупно 84 унгарски водостопански области ги надминал праговите утврдени со прописите, поради што биле воведени вонредни мерки, пренесе МТИ. Според него, експерти од Дирекцијата за управување со води ќе спроведат посебни мерки за заштита и управување со водните ресурси на 74 отсто од територијата на земјата, со цел да се ублажат последиците од сушата.Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗаменик-министерот за јавна администрација Јаќимоски на работен состанок за реализацијата на Реформската агендаЗаменик-министерот за јавна администрација Јаќимоски на работен состанок за реализацијата на Реформската агенда и процесот на европска интеграција.Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски, денеска учествуваше на работен состанок посветен на реализацијата на Реформската агенда и процесот на европската интеграција, предводен од претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, и директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман. На состанокот беа разгледани досегашниот напредок во спроведувањето на реформските активности, приоритетите во наредниот период, како и потребата од понатамошна координација меѓу институциите со цел навремено исполнување на преземените обврски од Реформската агенда. Во фокусот на состанокот беа и реформите во областа на јавната администрација, како значаен дел од процесот на европска интеграција и усогласувањето со европските стандарди. Во оваа насока, беа разгледани активностите поврзани со исполнувањето на обврските од Реформската агенда, како и тековните процеси за унапредување на законската рамка и системските решенија во областа на јавната администрација. Преку континуирано спроведување на реформите и конструктивна соработка со европските партнери, Министерството за јавна администрација придонесува кон изградба на институции кои функционираат според принципите на професионалност, ефикасност и отчетност. Јакнењето на јавната администрација останува еден од клучните приоритети во процесот на европска трансформација на државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКампања на МВР и РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возишСекое патување започнува со една едноставна одлука….Секое патување започнува со една едноставна одлука… да седнеш зад воланот. Мислиме дека сѐ е под контрола. И дека ништо не може да тргне наопаку. Но, понекогаш… доволен е само еден момент за да го изгубиш вниманието. При брзина од 80 километри на час… само една секунда невнимание значи повеќе од 20 метри поминати возејќи „на слепо“. Дали вреди? Држи го погледот на патот. Твојот живот – и животите на другите – зависат од тоа. Животот е премногу вреден за да го изгубите поради мал момент на невнимание вози внимателно и не користи мобилен телефон - не заборавај, „Секој живот е важен.“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter