По четири сестри од една клиника си заминуваат за еден месец - Канал 5

По четири сестри од една клиника си заминуваат за еден месец

За 10 години ќе нема кој да не лечи?

По четири сестри од една клиника си заминуваат за еден месец

Месечно по четири сестри заминуваат од секоја клиника, а многу ретко доаѓа по една или две нови сестри на одредени оддели, објаснуваат од Националното здружение на медицински сестри и акушерки. Тања Трајковска од клиниката за гинекологија и акушерство од одделот за интезивна нега на предвремено родени бебиња вели дека млад кадар се има помалку а најпоразително е кога сестра заминува од оддел за интензивно лекување.

Во Скопје денеска се одржува десетта регионална конференција на медицински сестри и акушерки. На конференцијата учесници од балканските земји кои бараат и предложуваат решенија како до подобар статус на сестрите и како да не заминуваат од земјите. Според нив ако продолжи ова темпо на одлив бившите југословенски републики за помлаку од десет години ќе немаат стручен кадар за работа, но и за едукација на нов кадар.

„На прво место е признанието, на петто место е личниот доход. Сите мислат дека е личниот доход. Не е. Значи мора да биде едно признавање на професијата, бидејќи една професија било која може да биде призната, да биде почитувана. А, мора да признаеме дека сестрата е таа која со пациентите е 24 часа на секое ниво“, вели Радмила Нешиќ, престседател на здружението на сестри и акушерки од Србија.

„Како да ги задржиме, како во тоа занимање(медицнски сестри) во тоа да останат бидејќи во стопанството и во туризмот условите се многу подобри, отколку во здравството и сите знаете дека медицинската сестра работи 24 часа секој ден, сабота недела и празници. И денес на младите веќе парите не им се важни, туку слободното време“, објаснува Моника Ашман претседател на медицински сестри и акушерки од Словенија.

Она што беше упатено како порака е дека во долгата панедемија медицинските сестри беа 24 часа со пациентите и беа на првата линија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. 

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање.

На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број странски туристи во септември во земјава дошле од Турција - вкупно 27.933. По нив во бројност се туристите од Србија со 8.358, потоа од Германија со над 6.000 и Полска со над 4.600 туристи.

Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември годинава, а од вкупниот број туристи, скоро 25 проценти биле домашни, додека 75 проценти биле странски туристи.

Споредбено со периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Во четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. пилешки стек

5 - 6 кисели краставички

100 гр. сусам

150 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Прилог

потпечени лепчиња и шери домати

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер