Лишено лице од беровско, управувал возило со 2,62 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода
СВР Велес го расчисти случајот со уништување на урбаната опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес
1Лишено лице од беровско, управувал возило со 2,62 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода
2СВР Велес го расчисти случајот со уништување на урбаната опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес
АвтомобилизамПо автопат возел Ауди со 335 км/час и се снимал (ВИДЕО)Најбрзото Ауди од сериското производство лесно постигнува брзини што го одземаат здивот.Германскиот братучед на Ламборџини е пеколна машина и ќе биде навистина срамота кога ќе се тргне од гамата. Р8 е пеколна машина способна да фати стотка за 3,37 секунди во верзијата Спајдер и со 200 км на час по десет секунди. Миг подоцна таблата покажува 335 км на час, нешто повеќе од прогласениот максимум. Audi R8 Performance се напојува од 5,2 V10 мотор, но со 620 КС и 580 Nm. Доколку ве интересира како изгледа да се вози над 300 км на час на автопат со ваков автомобил, погледнете во продолжение. Само ќе нагласиме да не се обидувате да направите нешто слично на јавен пат. Вакви брзини се дозволени само на некои делови од германските автопатишта. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишено лице од беровско, управувал возило со 2,62 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгодаНа 19.08.2026 во 17:40 часот во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода Љ.М.(62) од с.Русиново, беровско. Претходно, тој со патничко возило „форд“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило и во ограда од двор на куќа. При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,62 промили алкохол во крвта. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСВР Велес го расчисти случајот со уништување на урбаната опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во ВелесНа 18.08.2026 и 19.08.2026, полициски службеници од СВР Велес извршија службени разговори со двајца малолетници на возраст од 15 години.Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде две лица оштетуваат опрема во дворот на основното училиште „Васил Главинов“ во Велес, а по претходна пријава за оштетени спортски реквизити и тартан подлогата на ракометното игралиште во дворот на училиштето, СВР Велес презеде мерки и активности за пронаоѓање на сторителите. На 18.08.2026 и 19.08.2026, полициски службеници од СВР Велес извршија службени разговори со двајца малолетници на возраст од 15 години, во присуство на нивните родители и претставник од Центарот за социјални работи Велес и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.Тагови: СВР Велес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија12 активни пожари низ Македонија, најкритично во мариовскоДенеска во земјава има 12 активни пожари, од кои 4 се активни, а 8 се веќе изгаснати.Најкритично се уште е во Мариoво. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter