Јанев по големата полициска операција во Прилеп: Митот за недопирливите конечно падна, работата продолжува
2Јанев по големата полициска операција во Прилеп: Митот за недопирливите конечно падна, работата продолжува
3Стерјовски во Пустец со студенти по историја од Брисел: За положбата и предизвиците на Македонците во Албанија
БалканПо 21 година откриен е планот за убиството на АрканУбиецот на Жељко Ражнатовиќ Аркан, Добросав Гавриќ, требало да биде ликвидиран во болницата во Лозница.Ова за Објектив го открил долгогодишниот началник на Одделот за крвни и сексуални деликти Жарко Поповиќ Поп, со детален опис како овој план бил спреченн од полицијата. План за ликвидација на Аркан постоел и пред неговот убиство во „Интерконтинентал“. Како што открива Поповиќ, планот лесно пропаднал бидејќи убијците биле во врска со Владимир Јевтовиќ Јорго. - Гавриќ и екипата биле на Палиќ, во пресрет на православна Нова година. Јорго сè им „отпеал“, каде се наоѓа. Сето тоа беше снимено на базните станици. Зоран Николиќ Пегла, кој почина во затворската болница, ја откри целосната приказна. Од подготовките до бегството - опишува шефот на полицискиот тим кој ја водел истрагата. За шпекулациите дека Аркан е жив и е виден на различни места, Поповиќ децидно вели: „Тој не е жив. Ги видов фотографиите од неговата обдукција“ - Поповиќ не остава ни трошка дилема. Гавриќ е осуден на 35 години затвор за тројното убиство во „Интерконтинентал“, во кое, покрај Аркан, на 15 јануари 2000 година беа убиени и Миленко Мандиќ и Драган Гариќ. Додека Драган Николиќ Гаги и Милан Ѓуричиќ Мики беа осудени на 30 години. Милан Ѓуричиќ Мики беше убиен во престрелка во Јужноафриканската Република. Гавриќ исто така беше уапсен во таа земја во 2011 година и чека екстрадиција во Србија. Тој упорно избегнува екстрадиција и се бори за политички азил во таа земја, тврдејќи дека луѓето на Аркан би го убиле во Србија. Поповиќ нема дилема дека Аркан му бил миленик на Слободан Милошевиќ, тоа го предочува од разговорот со Радомир Марковиќ. -Раде и Аркан „не се мирисаа“. Ниту пак Раде го сакаше, ниту го почитуваше. А кога го слушав Раде за време на „Сабја“, ми раскажа една интересна приказна. Ми раскажа како седел во канцеларија еден ден и му се јавила секретарката, го известила дека дошол Жељко Ражнатовиќ и дека сака да разговара со него. Внимавајте, поминал тукутака низ зградата на Државната безбедност и влегол во неговата канцеларија. Раде го примил, а Аркан веднаш му рекол: „Здраво Раде. Видете, само што разговарав со Слоба и тој ми рече да ми дадете дозвола за моите бензински пумпи“. Тоа му било потребно за увоз на нафта, а во тоа време МВР сè уште даваше акцизни дозволи бидејќи по бомбардирањето беше воена состојба - се сеќава Поповиќ. Поповиќ продолжува да се сеќава на разговорот со поранешниот шеф на Државната безбедност. „Раде тогаш ми рече: „Гледам, го земам телефонот и му вртам на Слоба, и му велам: „Господине претседателе, овде е тој и тој, дали Вие го испративте кај мене да му го завршам тоа? Марковиќ тврди дека Милошевиќ тогаш му рекол: „Раде, заврши му го тоа“. И ја прекинал линијата. Ова не е тајна. Слоба го обожаваше Аркан. Не да го сакаше, го обожаваше - вели Поповиќ. Поповиќ објаснува и дека Мира Марковиќ го назначила Раде Марковиќ на функцијата прв човек на ДБ и дека тоа било голема грешка. - Тој не беше стручен за таа работа бидејќи целиот свој живот го помина во јавната безбедност... Да беше паметен ќе одбиеше – вели Поповиќ без дилема. Дилема нема и кога станува збор за одговорот на прашањето зошто Јовица Станишиќ добил отказ. – Тој не беше американски шпион, но сакаше добри односи со ЦИА и да се „испеглаат“ односите меѓу Србија и САД, за да не ни пречат повеќе – вели Поповиќ. Извор: objektiv.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКаранфилова Пановска: Фон дер Лајен потврди дека ЕУ го признава македонскиот идентитетПораката на фон дер Лајен го потврдува она што СДСМ го говори од 2022 година.Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на прес конференција со Мицкоски јавно потврди дека местото на Македонија е во Европската Унија, заедно со македонскиот јазик, култура и идентитет што уште една потрда на она што говори СДСМ, рече на денешната прес-конференција заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска. „Денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пред сите, пред целата јавност, кажа дека местото на Македонија е во Европската Унија.“ рече Пановска. Пораката на фон дер Лајен го потврдува она што СДСМ го говори од 2022 година — дека Европската Унија е унија на различности и дека европскиот пат подразбира целосно признавање на македонскиот јазик и идентитет. „Воедно, фон дер Лајен кажа дека тие во Европската Унија нè чекаат нас со широко отворени раце, заедно со нашиот јазик, со нашата култура и со нашиот идентитет.“ додаде таа. Пристапните преговори беа отворени во 2022 година, а скрининг-процесот беше заокружен во 2023 година, за време на Владата предводена од СДСМ. ВМРО и Мицкоски, пак, ширеа хистерија за наводно предавство и ветуваа враќање на името, раскинување на Преспанскиот договор и подобри преговарачки позиции. „Нè викаа нас предавници. Велеа дека ќе го вратат името. Ветуваа дека ќе го раскинат Преспанскиот договор, ветуваа дека ќе обезбедат подобри преговарачки позиции. И што се случи? Дојдоа на власт. По доаѓањето на власт, Преспанскиот договор за нив стана ремек-дело на дипломатијата. Ветувањата за подобри преговарачки позиции се претворија во блокиран европски процес„ рече Каранфилова – Пановска. Одолговлекувањето ја влошува позицијата на Македонија. Наместо исчекор во преговорите со Европската Унија, Мицкоски доби упатување кон билатерални разговори со Бугарија, потенцираше заменик претседателката на СДСМ. „Наместо европеизација добивме билатеризација. Колку се повеќе го одолговлекуваме процесот, позицијата на Македонија ќе се влошува. И тоа денеска се случи.“ рече Каранфилова – Пановска. Додека другите земји кандидати напредуваат и отвораат кластери, Македонија останува без патоказ. „Македонија, за жал, после 30 години сериозна стратешка определба, битки и жртви на патот за Европската Унија, ќе остане без патоказ.“ рече Пановска. Блокадата има последици за иднината на државата: младите и бизнисите заминуваат, а граѓаните остануваат посиромашни. Зад изјавите за наводна заштита на идентитетот останува блокиран европски пат, за кој одговорноста ја носат ВМРО и Христијан Мицкоски. СДСМТагови: Каранфилова Пановска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанев по големата полициска операција во Прилеп: Митот за недопирливите конечно падна, работата продолжуваЈанев одржа работна средба со раководството на полицијата во Прилеп и со дел од полициските службеници кои повеќе од една година работеа на истрагата и реализацијата на операцијата.Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска го посети Одделението за внатрешни работи Прилеп, по големата полициска операција спроведена пред два дена во која беше сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога и економски криминал. Јанев одржа работна средба со раководството на полицијата во Прилеп и со дел од полициските службеници кои повеќе од една година работеа на истрагата и реализацијата на операцијата. На средбата беа анализирани преземените активности и резултатите, но и следните чекори за одржување на безбедноста и спречување повторно создавање и зајакнување на криминални структури. Во изјава за медиумите, директорот информираше дека во рамки на операцијата биле извршени претреси на 36 локации, а дополнителна активност била реализирана вчера во банкарски сеф, каде биле пронајдени над 50.000 евра. Од вкупно 37 локации, четири претреси биле извршени кај полициски службеници вработени во ОВР Прилеп. Во рамки на акцијата биле пронајдени и одземени и моторни возила. „Сите сме сведоци дека беше спроведена голема, сложена и комплексна операција, којашто не беше ад хок операција којашто требаше да биде само спроведена и да си отидеме, туку операција и истрага којашто бараше многу посветена работа, којашто беше долгорочна, многу посветена, истрајна и пред сè чесна работа. Колегите коишто се до мене и позади мене имаат многу непроспиени ноќи во еден подолг временски период“, истакна Јанев. Тој информираше дека до надлежното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е поднесена кривична пријава против 21 лице, а судот во Скопје определил мерки за обезбедување за сите лица опфатени со пријавата. Јанев посочи дека операцијата била резултат на долгорочна истрага, прибирање докази и анализи, а активностите биле спроведени не само во Прилеп, туку и во Скопје и Струга. „Тоа што е најважно за мене како прв човек на Бирото за јавна безбедност и на сите колеги, граѓаните да знаат дека митот за недопирливите во Прилеп конечно падна. Тоа е тоа коешто е наша должност, наша мисија – дека никој не може да се затскрива зад одредени конекции, одредени врски, одредени познанства и да се прави недопирлив“, порача директорот на БЈБ. Тој изрази благодарност до полициските службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Битола, ОВР Прилеп, специјалните полициски служби при БЈБ, како и до сите институции кои учествувале во реализацијата на операцијата. Јанев нагласи дека успешното завршување на операцијата не значи и крај на полициските активности во Прилеп. Истрагата продолжува, а посебен фокус ќе биде ставен на секојдневното и повидливо присуство на полицијата на терен и на зајакнување на соработката со граѓаните. „Од денеска понатаму следува потешкиот дел. Тоа за што бевме овде го завршивме, го спроведовме. Меѓутоа, истрагата ќе продолжи секако и понатаму. Она што е најважно за локалната полиција е што понатаму. А понатаму значи – секојдневно ќе бидеме присутни со граѓаните, полицијата ќе биде уште повидлива“, истакна Јанев. Директорот упати апел до граѓаните да не бидат неми сведоци на криминалот, туку да пријавуваат и да соработуваат со полицијата, потенцирајќи дека довербата се гради со секојдневна професионална работа, присуство и конкретни резултати. „Кога институциите работиме заедно, кога споделуваме информации, кога ги градиме тимовите и кога работиме чесно, резултатите доаѓаат сами по себе“, порача Јанев.Тагови: БЈБ мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПрироден феномен или загадување?Природен феномен или загадување- Обилните дождови и поплави поттикнале брз раст на планктони на познатиот остров.Морето кај популарниот тајландски туристички остров Ко Лан оваа недела пдобило светло, интензивно зелена боја и непријатна миризба, откако обилните дождови и поплавите поттикнале цветање на планктонот. Долж поголемиот дел од крајбрежјето можеа да се забележат густи наслаги со зелена боја и непријатна миризба, додека капачите главно се преместија на плажи што не се погодени од оваа природна појава. „Она што всушност го гледаме со голо око е бојата што ја создава еден вид планктон наречен *Noctiluca*“, изјави високиот истражувач и раководител за истражување на морската животна средина, Арвут Мунхапон. Тој наведе дека цветањето на планктоните е природна појава што се повторува, но дека состојбата се влошила на глобално ниво бидејќи климатските промени довеле до затоплување на морињата. „Преку испирање на почвата, земјоделските ѓубрива и отпадните води богати со хранливи материи навлегуваат во морето и го поттикнуваат брзиот раст на планктоните“, додаде Мунхапон. Во изминатите недели Тајланд беше погоден од значителни поплави, вклучително и во централните провинции и во Бангкок, што ја зголеми количината на слатка вода што се влева во Тајландскиот Залив.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook