Мисајловски: Градењето национална отпорност, подготвеноста на институциите, како и сојузничката солидарност во НАТО се клучни за справување со современите кризи
1Мисајловски: Градењето национална отпорност, подготвеноста на институциите, како и сојузничката солидарност во НАТО се клучни за справување со современите кризи
ЖивотТурција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД, бронзените ремек-дела од Бубон повторно обединети По повеќедецениски истражувања и меѓународна соработка, Турција успеа да врати 100 вредни културни артефакти од Соединетите Американски Држави, кои сведочат за богатата историја на Анадолија.Артефактите беа претставени во Археолошките музеи во Истанбул од страна на министерот за култура и туризам на Турција, Мехмет Нури Ерсој, кој истовремено ја отвори и изложбата „Нема излез: Бубон“, посветена на повторното обединување на бронзените статуи од истоимениот антички град. Враќањето е резултат на правните и научните активности на Министерството за култура и туризам на Туркије. Особено значаен беше случајот од мај 2026 година, кога американска аукциска куќа понуди на продажба артефакти со потекло од Анадолија. По доставувањето научни докази и документација до Обвинителството на округот Менхетен и Службата за истраги на домашната безбедност на САД, продажбата беше запрена, а предметите беа вратени во Турција На претставувањето присуствуваше и Метју Богданос, заменик-обвинител на округот Менхетен и раководител на Одделението за борба против трговијата со културни добра. Министерот Ерсој ја истакна поддршката на американските институции, Министерството за надворешни работи на Турција и Генералниот конзулат на Турција во Њујорк, упатувајќи благодарност и до „Туркиш ерлајнс“ за безбедниот транспорт на артефактите. „Нашата цел не е само да ги преместиме артефактите од една изложбена витрина во друга, туку повторно да ги разгледаме во контекст на нивните приказни и културната средина на која ѝ припаѓаат“, изјави Ерсој, нагласувајќи дека Турција ќе продолжи со борба против нелегалната трговија со културни добра. Меѓу вратените предмети се издвојуваат 40 артефакти од локалитетот Хорозтепе, во покраината Токат, датирани меѓу 2300 и 2000 година пред нашата ера. Колекцијата опфаќа церемонијални музички инструменти, оружје и метални садови, кои сведочат за развиените металуршки вештини во Анадолија за време на раното бронзено време. Тие беа вратени речиси 70 години по ограбувањето. Особено вредни се 44-те архитектонски плочи од теракота од селото Дивер, во покраината Бурдур, вратени од колекцијата на Музејот „Џ. Пол Гети“ во Лос Анџелес. По претходните враќања предмети од истиот локалитет од САД, Данска и Музејот на ликовни уметности на Вирџинија, овие плочи во претстојниот проект ќе бидат обединети со другите артефакти од Дивер што се чуваат во Археолошките музеи во Истанбул. Изложбата „Нема излез: Бубон“, пак, ја раскажува приказната за бронзените статуи од античкиот град Бубон, во близина на селото Ибеџик, во покраината Бурдур, кои биле ограбени за време на нелегалните археолошки ископувања во 1960-тите години и незаконски изнесени од Турција. Статуите потекнуваат од Себастејонот, светилиште посветено на римските императори и царското семејство, а нивните делови со децении биле чувани во различни земји и меѓународни колекции. Нивното потекло и меѓусебна поврзаност биле потврдени преку споредување на трагите од спојување на стапалата со камените постаменти, како и анализи на почвата и анализи на изотопскиот состав на оловото. Деловите од статуите, чии глави, торза и екстремитети со децении биле во различни меѓународни колекции, повторно се обединети. Меѓу нив се и бронзените статуи на римските императори Луциј Вер, Септимиј Север, Каракала и Марко Аврелиј. Враќањето на овие артефакти отвора нови можности за научни истражувања. Археолошките ископувања во Бубон, обновени во 2023 година, продолжуваат под координација на Археолошкиот музеј во Бурдур, со учество на турски археолози. Со враќањето на 100-те артефакти и повторното обединување на бронзените статуи од Бубон, Турција продолжува со напорите за зачувување, проучување и враќање на своето културно наследство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМисајловски: Градењето национална отпорност, подготвеноста на институциите, како и сојузничката солидарност во НАТО се клучни за справување со современите кризиМисајловски говореше на тема „Национален хуманитарен систем, градење отпорност, можности и предизвици од членството во НАТО“Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денеска се обрати на настанот „Хуманитарната дипломатија како инструмент за обликување на иднината на Црвениот крст на Република Македонија и националниот хуманитарен систем“, на покана на генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити, а под покровителство на Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, д-р Беким Сали. Во своето обраќање пред присутните, министерот Мисајловски говореше на тема „Национален хуманитарен систем, градење отпорност, можности и предизвици од членството во НАТО“, при што ги истакна клучните столбови за заштита од денешните современи кризи, нагласувајќи дека воените конфликти, климатските промени, природните катастрофи, хибридните и сајбер-заканите не познаваат граници и ги надминуваат капацитетите на поединечните институции. „Современиот концепт на национална отпорност подразбира покрај способноста да одговориме на кризите, истите навремено да ги предвидиме со цел да ги намалиме последиците и што побрзо да го вратиме нормалното функционирање на општеството. Подготвеноста не започнува во моментот кога ќе се појави кризата, туку се гради многу порано преку заедничко планирање, развој на капацитетите и меѓусебна доверба“, истакна Мисајловски, потсетувајќи на мислата на американскиот претседател Џон Кенеди „Времето да се поправи покривот е додека сонцето сјае“. Осврнувајќи се на улогата на Министерството за одбрана и Армијата во националниот систем за справување со кризи, Мисајловски посочи дека македонската Армија покрај својата примарна мисија, одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата, претставува витален капацитет за поддршка на цивилните институции. Тој нагласи дека, поддршката, е клучот во справувањето со непогодите и кризните состојби, бидејќи ниту една институција не може да дејствува изолирано, и токму затоа е неопходна координацијата и со Црвениот крст, граѓанскиот сектор и волонтерските друштва. Во тој контекст министерот Мисајловски додаде дека системот на солидарност и помош на земјите сојузнички во рамки на Алијансата, за нашата држава претставува дополнителна гаранција и поддршка за градење отпорно општество и побрз одговор при големи катастрофи. Како потврда за оваа двонасочна солидарност беа посочени македонските армиски тимови кои помагаа по разорниот земјотрес во Турција и поплавите во Словенија, но и итната сојузничка помош за време на трагедијата во Кочани преку поддршката со медицинска евакуација, опрема и лекување на повредените, како и преку ангажирањето на 10 воздушни тимови за гаснење на пожарите во 2024 година. Мисајловски на крајот додаде дека, градењето национална отпорност е континуиран процес во кој секој сектор има своја одговорност, а преку зајакнување на партнерството меѓу државните институции, Црвениот крст и граѓанскиот сектор се создава поефикасен и поодржлив систем за заштита на граѓаните.Тагови: Владо Мисајловски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКонески: Станови за млади брачни парови до 35 години со цени за 20 проценти пониски од пазарнитеНула комуналии за изградба на дом и студентска картичка со 20 проценти попусти за услуги преку апликацијата М-услуги.Почитувани, 35-тата годишна конференција на УМС е добар повод да зборуваме за младите. А кога зборуваме за иднина на младите, тоа значи да ги засукаме ракавите и да се работи за секој еден млад човек. Ние како УМС велиме дека иднината не се чека, иднината се гради, а ние како ВМРО-ДПМНЕ постојано без застој работиме на подобро утре за младите. Сега, во оваа прилика, како што кажа и претседателот Христијан Мицкоски, имаме три мерки кои се клучни и кои ги решаваат прашањата на младите, како тоа за егзистенција и домување. А нашите мерки се конкретни проекти кои ќе ги преточиме во законски решенија и кои точно се знае како ќе се спроведуваат. Првата мерка се однесува на младите брачни парови до 35 години и предвидува најмалку 20% попуст на пазарната цена за станбен простор и за реализација на истото ќе се донесе закон. Ова значи дека секоја градежна компанија која сака да гради, за да добие дозвола ќе биде обврзана да оддели минимум 10% станбена површина за брачни парови до 35 години, по цена која ќе биде најмалку 20% помала од пазарната цена. Понатаму, тука е и втората мерка која исто така предвидува млади до 35 годишна возраст во оваа ситуација кога кои сакаат да градат свој дом. Практично со оваа мерка, секој млад брачен пар до 35 години кој сака да гради дом нема да плаќа на општината за комуналии. И за оваа мерка се предвидува законско решение. Третата мерка е за студентите. Секој студент ќе има студентска картичка со која ќе има низа поволности и пониски цени за 20% за сите услуги што ќе ги користи преку апликацијата М-услуги. И за реализација на оваа мерка во координација се сите надлежни институции со цел да им обезбедат на студентите не само она што подразбира усогласување со инфлацијата за студентскиот оброк, туку поволности и за други услуги. Почитувани, Ние, како Унија на млади сили, кога зборуваме за иднина зборуваме за можностите, а тоа освен овие мерки што ги наведов, работиме и на тоа секој млад човек да има можност за квалитетно образование, услови за професионална кариера, можности за сопствен бизнис, да создаде семејство и да живее достоинствено. За сето ова, добро е што имаме реален партнер. Тој партнер е Владата на Република Македонија која е предводена од проф. д-р Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕТагови: Тодор Конески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВодата во Скопје безбедна за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 16.11.2026 до 20.11.2026 зема 196 примероци за физичко-хемиска и 196 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook