Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
2Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
БалканПленковиќ му врати на Милановиќ: Швеѓаните згрешија, мислеа дека тој може да биде шеф на НАТО Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска, по велигденската миса, изјави дека пораката за христијанска солидарност и поддршка за оние на кои им е најпотребна е важна со оглед на бројните кризи и неволји со кои се соочува светот.Коментирајќи ја најавата на францускиот амбасадор Гаел Вејсиер дека воените авиони Рафале може да пристигне во Хрватска и порано од очекуваното, во првата половина на 2024 година, премиерот рече дека тоа е сосема очекувано. Тој се осврна и на написите во шведските медиуми дека е потенцијален кандидат за нов генерален секретар на НАТО и изјавата на претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ дека „важно е да се избегне датумот на изборите за да се прилагоди на потребите на премиерот и неговата амбиција да се вметне во високо меѓународно тело“. „Ми се чини дека шведските медиуми се збунија, мислеа на Милановиќ, бидејќи тој силно ја поддржа Шведска во однос на влезот во НАТО, дека и тој застапува многу јасни прозападни, трансатлантски позиции и дека едвај го чекаат во седиштето на НАТО“, рече Пленковиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАкциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршокЗа сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.На 15.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола насочена кон санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. При спроведената контрола констатиран е вкупно 541 прекршок, од кои 250 се однесуваат на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина надвор од населено место, додека 291 прекршок е констатиран во населено место. Во текот на контролата констатирани се и 58 прекршоци од друг вид. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата и апелира до возачите да ги почитуваат ограничувањата на брзината и да го приспособат управувањето со возилата на условите на патот, со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.Тагови: брзо возење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПоплави ја пустошат Турција: Бројот на жртви расте (ВИДЕО)Четири лица загинаа, а тројца се водат како исчезнати во поплавите што ја погодија Турција, додека Генералниот директорат за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции поради нови обилни врнежи од дожд и бурски ветрови.Портокалово предупредување е издадено за Истанбул, Бурса, Коџаели, Јалова и Сакарја, додека жолто предупредување важи за уште 40 провинции, објави денес Хуриет. Локално се очекуваат многу обилни врнежи од дожд во Истанбул, особено од пладне, а северните и анадолските делови на градот би можеле да бидат најизложени на ризик. Многу обилни, локализирани и интензивни врнежи од дожд се прогнозираат и во Бурса, Билеџик, Коџаели, Сакарја, Зонгулдак, Бартин и крајбрежните области на Дизенгоф. Обилни врнежи од дожд и грмотевици се очекуваат и во делови од Егејското, Медитеранското, Централно и Источно Анадолија, како и во западните и централните региони на Црното Море. Метеоролозите предупредуваат и на силни ветрови и бури, со налети од 50 до 70 километри на час, повремено и до 80 километри на час. Во некои области се очекуваат налети на бура од запад и северозапад, додека во други региони ветерот ќе дува од југ. #Pianist #plays #a #melody #from "#Titanic" #while #his #hotel #in #Antalya #floods: #Record-breaking #downpours #hit #Turkey 📌 Heavy rains struck the region on October 14. According to authorities, the flooding has affected more than 800 homes and 280 businesses. https://t.co/n8bifR8KeB — Us Un (@UsUn583176) October 16, 2026 Поради ризикот од ненадејни поплави, лизгање на земјиштето, удари од гром, град, оштетување на покривите и прекини во сообраќајот, на граѓаните им се препорачува да бидат внимателни и да ги следат предупредувањата на надлежните служби. На поголеми надморски височини во провинциите Бурса и Кутахја се очекуваат лапавица и снег во текот на ноќните и утринските часови. Извор: Б92Тагови: турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАХВ: Запленети и уништени се 1000 килограми пилешки желудникИнспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа вонредни инспекциски контроли во месарници во Струга и Охрид, при што запленети и уништени се 1000 килограми пилешки желудник кој е забранет за увоз и користење. Дополнително, запленети и уништени се и 55 килограми подготовки од месо каде бил употребен пилешки желудник. Против две месарници кои не го почитувале донесеното Решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи поднесени се соодветни прекршочни санкции. Спроведените контроли на Агенцијата во месарниците во Охрид и Струга се дел од засилените контроли кои се спроведуваат во насока на спречување на нелегалните активности во прометот со овој вид храна, сузбивање на овој вид криминал и заштита на здравјето на потрошувачите. Со цел обезбедување на висок степен на заштита на јавното здравје и интересите на потрошувачите, Агенцијата во јули 2024 година донесе решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи од поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето - можна контаминација со патогени- бактерии и вируси, присуство на токсини и сл. Решението за забрана АХВ ја донесе врз основа на резултатите од спроведената анализа на ризик од можни опасности по здравјето на граѓаните од консумација на овој тип внатрешни органи од живина по здравјето на граѓаните и од резултатите од спроведените инспекциски контроли со кои тогаш беше утврдена злоупотреба и измама на потрошувачите од страна на неколку месни индустрии.Тагови: АХВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook