Со ВМРО-ДПМНЕ на власт платите и пензиите растат значително побрзо, граѓаните добиваат повеќе и живеат со поголема економска сигурност
2Со ВМРО-ДПМНЕ на власт платите и пензиите растат значително побрзо, граѓаните добиваат повеќе и живеат со поголема економска сигурност
ЗабаваПлејбој ги избра фотографиите на голата Ана Никол Смит за најдобри (ФОТО)На официјалниот инстаграм профил на Плејбој може да се видат фотографии кои го обележиле ова списание низ историјата , а тимот реши да го објави она што е најдобро.Така , денеска беа објавени две фотографии на голата Ана Никол Смит , снимени во 1994 година. На фотографиите Ана позира во када , а сапуницата и тече од нејзините раскошни гради. View this post on Instagram Outtakes from Anna Nicole Smith’s February 1994 PMOY pictorial titled ‘My Sudsy Valentine’ Photographed by Stephen Wayda #playboyheritage A post shared by Playboy (@playboy) on Sep 23, 2019 at 1:21pm PDT Сликите се направени од фотографот Стивен Вајда и веќе собраа повеќе од 200 000 лајкови на Инстаграм. Моделот Ана Никол Смит почина од предозирање во 2007 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФормулаМакс Верстапен верен на Ред Бул до 2030 годинаЧетирикратниот светски шампион во Формула 1 Макс Верстапен стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина и денеска потпиша нов договор со тимот на Ред Бул до 2030 година.Претходниот договор на „лудиот Макс“ истекуваше во 2028 година, но во изминатиот период многу се шпекулираше за негов трансфер во Ферари, Мерцедес, па дури и за предвремено пензионирање на холандскиот возач. На крајот, Ферстапен сепак се реши да остане во Ред Бул и да се обиде да го врати овој тим на тронот на Формула 1. „Ги имаме најдобрите луѓе овде и возбуден сум што ќе продолжиме да работиме заедно, да се вратиме на врвот. Тоа е целта што е зацртана пред сите нас. Отсекогаш сум велел дека ова е моето второ семејство, од првиот ден се чувствувам како дома. Дојдов во овој тим за да поедувам на трки и да освојувам трофеи, она пто го остваривме досега е неверојатно, но сакаме да се вратиме на тие победнички патеки што поскоро“, изјави Верстапен.Тагови: Макс Верстапен Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисСабаленка доживеа шокантна елиминација, ја губи првата позиција на ВТА листата?За првиот рекет во светот, Арина Сабаленка, настапот на турнирот од серијата WTA 1000 во Синсинати заврши неочекувано брзо.Белорусинката е поразена во осминафиналето од Чехињата Сара Бејлек со 7-6, 6-4, со што се отвори можност за промена на врвот на WTA-листата. Арина која во претходното коло убедливо ја совлада Кинезинката Ванг Синју, не успеа да го пронајде својот ритам во дуелот против 35-тата тенисерка во светот. Сабаленка испушти значителна предност во двата сета; таа водеше со 5-1 во тај-брејкот од првиот сет и имаше предност од 4-1 во вториот, но Бејлек одигра многу подобро во завршниците од двата сета и ја обезбеди победата. „Немам зборови... Неверојатно е“, изјави Бејлек откако ја оствари првата победа во кариерата против високорангирана тенисерка. Во четвртфиналето таа ќе се соочи со Американката Медисон Киз. Овој пораз за Сабаленка доаѓа пред почетокот на УС Опен, кој стартува на 30 август. Со тоа, четирикратната гренд-слем шампионка продолжува со серијата слаби резултати, по елиминациите во осминафиналето во Торонто и на Вимблдон, како и во четвртфиналето на Ролан Гарос. Поразот на Сабаленка директно влијае врз борбата за првото место на ВТА-листата; Елена Рибакина сега има шанса да стане новата светска тенисерка број еден доколку стигне до финалето на турнирот во Синсинати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
НБАДончиќ подготвува луксуз за своите соиграчи од Лејкерс: приватен авион, Блед, риболов, голф... Словенечката НБА ѕвезда, Лука Дончиќ ќе биде домаќин на речиси целиот тим на Лос Анџелес Лејкерс за време на петдневниот собир во Словенија, а за своите соиграчи подготви посебна програма што оди далеку надвор од кошаркарскиот терен.Според информациите од ESPN, Дончиќ организирал лет со приватен авион за 14 лица, а по пристигнувањето, играчите ќе ги пречекаат пакети подароци со словенечки производи. Собирот ќе се одржи од 20 до 24 август во Љубљана, а целта е тимот да почне да гради меѓусебна хемија пред сезоната 2026/27. Покрај заедничките тренинзи, Дончиќ ќе ги одведе соиграчите во еден од неговите омилени ресторани, а планирани се и излет на Блед, риболов, голф и бројни други заеднички активности. Речиси целиот состав на Лејкерс ја прифати поканата на Дончиќ. Се очекува да се вратат 16 од неговите 17 соиграчи, вклучувајќи ги Остин Ривс, Вокер Кеслер и Брони Џејмс. Сандро Мамукелашвили би требало да му се приклучи на тимот одделно, бидејќи моментално се наоѓа во Грузија. Единствениот што нема да биде во Словенија е дебитантот Кем Кар, но не по сопствена одлука. Во истиот период, тој мора да присуствува на задолжителната НБА-ориентација за дебитанти во Соединетите Американски Држави. Така, Дончиќ практично ќе биде домаќин на целиот тим на Лејкерс во својата земја и ќе се обиде да ги постави темелите за новата сезона, прва по заминувањето на Кралот,- Леброн Џејмс, преку петдневни тренинзи, дружење и активности надвор од теренот.Тагови: ЛА Лејкерс Лука Дончиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter