Плажата Јаз со „Си Денс“ прогласена за најдобра во Европа

„Лоунли Планет“ го објави списокот со дестинации кои морате да ги посетите ова лето.

Највлијателниот светски туристички водич, „Лоунли Планет“ (Lonely Planet), по посетата на минатогодишниот „Си Денс“ (Sea Dance) фестивал, ја прогласи плажата Јаз за најдбра плажа во Европа, сместувајќи ја на прво место од листата на десет најдобри европски плажи кои ова лето задолжително треба да се посетат, позиционирајќи ги Будва и Црна Гора како најдобра туристичка дестинација, пред Португалија, Франција, Италија, Велика Британија, Шпанија, Грција и Литванија.

- Ова е уште една потврда дека при изборот на локацијата, за морското издание на „Егзит“ фестивал, добро биравме и наспроти Петроварадинската тврдина, која важи за една од најдобрите концертни локации на светот, го препознавме вистинскиот потенцијал на Јаз, која пружа единствена можност на една локација да се обединат неколку различни фестивалски сегменти – од концертниот простор, кампот и преубавата песочна плажа за одмор и уживање во текот на денот – изјави Душан Ковачевиќ, директорот на „Егзит“ фестивал.

Во својот прилог, овој реномиран туристички водич, кој годишно го користат над 300 милиони луѓе при изборот на најдобрите дестинации за патување, наведува дека плажата Јаз со „Си Денс“ фестивал, актуелниот носител на титулата Најдобар европски фестивал, е најдоброто место за провод на сите оние кои за време на својот престој сакаат да ја почувствуваат магијата на летната авантура. Како што се вели во текстот, покрај Јаз, не постои било кое друго место на кое би требало да се отиде на музички фестивал.

Во описот на плажата стои и дека Јаз е сместен во непосредна близина на Будва, која ја красат магичниот Стар град и тврдината која за време на летото се претвора во театарска сцена под отворено небо во рамки на фестивалот „Град театар“. За сите љубители на адреналинската забава, кои ова лето ќе ја посетат Црна Гора и Јаз, „Лоунли Планет“ препорачува дневни излети, меѓу кои е и задолжителниот рафтинг по кањонот на Тара.

„Лоунли Планет“, уште минатата година во мајското издание на списанието, го одреди „Си Денс“ фестивалот во Будва на второто место од најдобрите музички случувања во Европа, а по посетата на фестивалот, како и на плажата Јаз, медиумот не го криеше своето воодушевување од убавините на црногорското крајбрежје.

Овој влијателен туристички водич, на овој начин се придружува на списокот од водечки светски медиуми, кои во своите известувања за „Си Денс“ фестивал пишуваат и за преубавиот црногорски брег, како за вистински неоткриен бисер на Јадранот.

„Лоунли Планет“ годишно објавува над 500 публикации на осум светски јазици! Оваа медиумска група ги опфаќа тематските публикации за патувања, ТВ програмите за светските дестинации, исклучително посетуваниот вебсајт http://www.lonelyplanet.com/ , мобилните апликации, како и месечното списание „Лоунли Планет Травелер“ (Lonely Planet Traveller) кое се објавува на пет јазици.




Рома и Лацио заинтересирани за Матип

Дефанзивецот на Ливерпул, Жоел Матип би можел да ја продолжи кариерата во Италија, пренесува денеска весникот Кориере дело Спорт.

Според изворот, за услугите на 32-годишниот Камерунец се заинтересирани градските ривали Рома и Лацио.

Матип би можел да ја смени клупската средина ова лето.

Сезонава Матип одигра 14 натпревари за Ливерпул.

Лазаровите каланди одекнаа во Скопје

Голем број дечиња, заедно со своите родители, како и професионални музичари, со пеење придружено од традиционални музички инструменти и со гранчиња во рацете, тргнаа од Плоштад „Македонија“ и се упатија кон Градскиот Трговски Центар.

За првпат во главниот град на Републиката, а по пример на минатогодишниот празничен настан во Кичево кој беше организиран од хорот „Митрополит Козма Пречистантски", и оваа година во градот Скопје се одржа свечена празнична поворка по повод празникот на Лазаревото Воскресение (Лазарева Сабота).

Голем број дечиња, заедно со своите родители, како и професионални музичари, со пеење придружено од традиционални музички инструменти и со гранчиња во рацете, тргнаа од Плоштад „Македонија“ и се упатија кон Градскиот Трговски Центар, како и во Diamond Mall, каде имаа музички настап со кој беа восхитени сите присутни.

Поворката беше поддржана од сите случајни минувачи кои со нескриена радост и воодушевување и се приклучуваа.

Пеењето на најрадосните каланди, кое се случи не само во Скопје, туку и во Кичево и Реканскиот крај, најсоодветно и во православен дух го најави Празникот над Празниците - Воскресението Христово.

Филипче : Отворам канцеларии за комуникација со граѓаните во Прилеп, Кавадарци и Струмица

Носителот на СДСМ и коалицијата во изборната единица четири, Д-р Венко Филипче, денес беше во Прилеп каде на ноза средби со граѓани ја образложи програмата на СДСМ и начинот на кој тој и пратениците од оваа изборна единица ќе работат. 

Филипче рече дека од стотиците средби кои ги имал до сега, граѓаните јасно бараат полесен пристап до пратениците и слух за нивните барања, кои потоа ќе се преточат во конректни политики.

„Многу луѓе велат дека политичарите ги бараат само кога им е потребен нивниот глас, а потоа никаде ги нема. Граѓаните бараат да бидат слушнати, но и конректни механизми да влијаат врз пратениците кои ги бираат. Јас и пратениците од листата на СДСМ кои ќе бидеме во Собранието ова ќе го овозможиме. Како поранешен министер, сите политики ги носев во блиска координација со здруженијата на пациенти и колегите здравствени работници. Како пратеник тоа ќе го правам со граѓаните кои ќе ни ја дадат довербата на избори. Оние кои ги претставуваме треба да бидат директно вклучени и слушнати во процесот на креирање на политики“ - истакна Филипче.

Тој планира да ја смени целосно перцепцијата за пратеникот и улогата кој тој ја има преку сосема нов начин на работа и комуникација со луѓето кои ќе ги претставува. Филипче најави отворање на канцеларии во секоја поголема општина, во прва фаза Прилеп, Кавадарци и Струмица.

„Ако денес сум ви ветил дека ќе останам вака достапен како во камапњата и после изборите, тоа ќе го исполнам, а тоа ќе го исполнат и другите пратеници од оваа листа. Ќе отвориме канцеларии во сите поголеми градови каде редовно јас, но и другите пратеници ќе имаме средби со вас и ќе подготовуваме решенија за вашите барања. СДСМ е партија на граѓаните, а не салонско здружение и како таква ќе се однесува“ - рече Филипче.

Со почит,

Скопје, 27 април 2024

СДСМ

притисни ентер