Пласидо Доминго го победи коронавирусот, пуштен е од болница

Шпанскиот тенор Пласидо Доминго објави вчера дека излегол од болницата во Акапулко, на југот од Мексико, во која е примен по компликациите предизвикани од Ковид-19.

„Дома сум и добро се чувствувам. За среќа, веднаш по првите симптоми бев под надзор на доктори заради моите години и другите болести. Докторите веднаш се посомневаа на заразата Ковид-19, што многу ми помогна“, напиша оперскиот пејач на својот Фејсбук и на Инстаграм.

Пласидо Доминго веле дека го продолжува лечењето дома во Акапулко, мексиканско летувалипте, кое е на 400 километри од Мексико Сити.

Музичарот на 22 декември објави дека е заразен од коронавирус.

Доминго веќе неколку месеци е на мета од обвинувањата за сексуално злоупотребување, заради што мораше да се откаже од фунцкијата директор на Операта во Лос Анџелес и да откаже неколку настапи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🔴. Official statement ! Comunicado oficial. Comunicato ufficiale.

A post shared by Plácido Domingo (@placido_domingo) on

притисни ентер