Планинарскиот дом Љуботен одбележа 90 години - Канал 5

Планинарскиот дом Љуботен одбележа 90 години

Планинарскиот дом Љуботен одбележа 90 години – реновиран е за да биде засолниште и за идните генерации планинари.

Планинарскиот дом Љуботен одбележа 90 години

Со пригодна манифестација планинарскиот клуб „Љуботен" одбележа девет децении од постоењето на нивниот планинарски дом, кој се наоѓа на 1620 метри надморска височина под истоимениот врв на Шар Планина. Воедно ова беше можност да се означи и крајот на петгодишното реновирање на домот преку кое објектот доби нов покрив, поткровје и пет бунгалови.

Одбележувањето почна вчера во раните утрински часови со планинарска тура од Старо село до домот Љуботен на која учествуваа домаќините, претставници на други клубови и рекреативци. Патеката од околу осум километри по земјен пат и шумски предел се поминува за 2,5 часа пешачење. По пристигнувањето и освежувањето, следуваше разгледување на обновениот дел од планинарскиот дом, кој бил почнат да се гради во далечната 1931 година. Поставена беше и изложба на фотографии преку кои посетителите можеа да ги видат историските случувања поврзани со домот во изминатите девет децении.

-Некој направил нешто, денес ние го чуваме, реновираме и го градиме, за да генерации после нас го наследат и одржуваат. Тој пример ни го дале генерацииите пред нас. Ние сега го чуваме за да го пренесеме на следните генерации. Тоа е нешто што нас ни дава волја како членови на планинарскиот клуб „Љуботен" да работиме и да се бориме со оние предизвици кои се пред нас, истакна во пригодното обраќање, претседателот на клубот, Јован Божиновски.

Тој потсети на заложбите на прерано починатиот професор Љупчо Меловски (1958-2019) од Македонско еколошко друштво и неговиот придонес во иницијативата за обнова на домот како и напорите за прогласување на Шар Планина за национален парк.

Претседателот на Федерацијата на планинарски спортови, Јовица Угриновски порача дека најзначајно е што многу љубов и труд се вложува за да постои и опстои овој дом кој е засолниште на планинарите од непогодните временски состојби.

-Ова што го гледате пред вас, колку материјал има внесено внатре, гледате дрво, цигли, камен. Дали забележивте уште две состојки за да ова добие ваков изглед. Главниот материјал е труд и љубов. Дрво може да скапе, цигла може да се распадне меѓутоа љубовта е вечна, истакна Угриновски.

За обнова на домот поддршка клубот имал освен од Македонското еколошко здружение (МЕД), од Германската корпорација за меѓународна соработка (ГИЗ) и Проект за зголемување на пазарната вработливост ИМЕ на Швајцарската агенција за развој и соработка.

-Развојот на туризмот и заштитата на традицијата не е едностран, туку заеднички напор на повеќе засегнати страни. Ни беше задоволство и чест да ги здружиме силите за оваа активност со други донатори и здруженија Бидејќи тоа е иднината на туризмот во која веруваме и се залагаме – активен, отворен, одржлив за планетата, локалната култура и традиција, како и за локалната економија. Бујниот потенцијал на планината Шара за активен туризам може да биде инспирација за сите нас да бидеме одговорни посетители или одговорни даватели на услуги во туризмот. Мојата главна порака денес е „Дозволете ни да уживаме во раскошот што оваа планина го нуди за своите посетители, но единствената трага што ја оставивме зад нас по нашата посета треба да бидат нашите стапалки во земјата", истакна Клиф Хамерс, претставник на Швајцарската амбасада.

Обновата на најстариот планинарски дом во С. Македонија е започнат кон крајот на 2015-тата година.

-Почнавме со тоа што целосно се извади стариот покрив и се направи комплетно нов. Така се создадоа услови поткровјето кое не беше во функција, сега да може да се користи. Потоа се работеше на надворешноста со промената на фугата помеѓу камењата од ѕидовите кои остааа и ја доловуваат автентичноста од 1931 година. Од позади се доградија тоалети за катот горе, затоа што до сега имаше само на приземје тоалети. Се променија прозорци и врати. Откако се направи тоа се прејде на бунгаловите, се рушија старите и се направија нови со тоалети, тушеви и кревети, објасни претседателот Јован Божиновски.

Сега веќе обновениот дом има улога на сместувачки капацитет каде може да се преноќи.

-Последна работа беше поткровјето да се стави во функција. Се поставија нови скали за се стигне од приземјето до катот и потоа до поткровјето. Во поткровјето се поставија 20 легла, како уште 10 во петте бунгалови. Во собите на првиот кат, кои следно ќе се реновираат, ќе има уште 25 со што вкупниот број ќе биде 55 легла, потенцира Божиновски.

Иницијатор на изградбата на домот во 1931 година бил тогашниот градоначалник на Тетово, Орестие Крстиќ, кој воедно и бил претседател на тогашното тетовско туристичко друштво „Шар Планина", сегашен планинарски клуб „Љуботен".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мотоциклот на Бетмен оди на аукција, проценет е на 1,07 милион евра

Мотоциклот што се користел како возило на Бетмен во филмовите „Темниот витез“ и „Враќањето на темниот витез“ е понуден на аукција за филмски реквизити.

Мотоциклот на Бетмен оди на аукција, проценет е на 1,07 милион евра

Мотоциклот што се користел како возило на Бетмен во филмовите „Темниот витез“ и „Враќањето на темниот витез“ е понуден на аукција за филмски реквизити и се очекува да се продаде за дури 900.000 фунти, или околу 1,07 милиони евра.

Мотоциклот, познат како Бетпод, го користел Кристијан Бејл, кој го играл Бетмен во филмовите на Кристофер Нолан „Темниот витез“ од 2008 година и „Враќањето на темниот витез“ од 2012 година, објавува CNN.

Беше ставен на аукција од куќата „Пропстор“.

Режисерот и основач на аукциската куќа, Стивен Лејн, изјави дека мотоциклот, познат и како „Ѕверот“, го дизајнирал Нолан заедно со сценографот Натан Кроули, додека за неговата конструкција бил задолжен уметникот за визуелни ефекти, добитник на Оскар, Крис Корволд.

Бетподот е напојуван од мотор на Хонда од 750 кубни сантиметри и е опремен со гуми со дијаметар од дури 80 сантиметри.

Лејн рече дека создавањето мотоцикл што практично би можел да функционира на филмски сет е голем технички предизвик и за актерите и за каскадерите.

Шест „Бетподи“ се направени, но само еден е официјално одобрен за продажба надвор од студијата „Ворнер Брос“.

Онлајн лицитацијата започна вчера и ќе заврши на 4 декември за време на аукција во живо во Лондон.

„Бетпод“ се продава заедно со стотици други филмски сувенири, вклучувајќи два комплетни костими на Бетмен, едниот што го носеше Бејл во филмот од 2005 година „Бетмен почнува“, а другиот што го носеше Вал Килмер во филмот од 1995 година „Бетмен засекогаш“.

На аукцијата ќе бидат вклучени и шапка и кошула што ги носеше каскадерот Вик Армстронг во филмовите од 1984 година „Индијана Џонс и храмот на пропаста“ и „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“ од 1989 година, како и меч што го користеше Кит Харингтон како Џон Сноу во серијата „Игра на тронови“.

Меѓу предметите е и ракавицата на Фреди Кругер, која достигна минимална цена од 25.000 фунти, или околу 30.000 евра, само неколку часа по почетокот на аукцијата.

Повеќе од 100 предмети ќе бидат изложени во хотелот „Камберленд“ во Лондон од 19 до 22 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија на Задушница во Србија: Жена палела свеќи, паднала и починала

Денеска во селото Зебинце во близина на Владичин Хан се случила несреќа, по што кратко потоа починала жена, С. М. (65). 

Трагедија на Задушница во Србија: Жена палела свеќи, паднала и починала

Таа отишла на Задушница на гробиштата во планинското село Зебинце, објави Телеграф.

Според Љиљана Петровиќ, дежурна јавна обвинителка во Владичин Хан, С. М. се лизнала додека палела свеќи на гробиштата и зграпчила споменик кој се скршил и паднал на нозе.

„Пристигнала брзата помош и, како што бевме информирани, таа се пожалила на болки во грбот. Таа била пренесена од Здравствениот дом до Одделот за прием и тријажа во Врање, а оттаму во Ниш. Сепак, за жал починала на пат кон Ниш“, изјави Љиљана Петровиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хамилтон: Нема да ме замолчат

Фредерик Васер седнаа денеска на иста маса со Шарл Леклер и Луис Хамилтон во Интерлагос.

Хамилтон: Нема да ме замолчат

Шефот на Ферари го свика состанокот поради тензиите по Големата награда на Мексико, во која двајцата возачи се бореа жестоко во првиот круг, при што Макс Верстапен ја освои победата. Ферари беше уверен дека може да победи таму и заврши на второто и четвртото место.

Васер за Канал+ изјави дека неговиот дуел на возачи покажува недостаток на почит кон стотиците вработени во фабриката. Тој разговараше со двајцата одделно во Мексико, но заедничкиот состанок мораше да почека за Бразил. Леклер го пропушти четвртокот и своите обврски кон медиумите бидејќи тој и неговата сопруга Александра го пречекаа новото бебе.

„Да“, одговори Хамилтон

Во Интерлагос, Хамилтон не се откажа од она што го кажа во Мексико. Кога го прашаа дали Леклер вози поагресивно против него отколку против другите возачи, тој одговори: „Да“. Тој го наведе Сингапур како пример, каде што Леклер беше тркало до тркало со Верстапен во првата кривина, а потоа се откажа од нападот.

„Никогаш нема да бидам замолчен“, рече Хамилтон, додавајќи дека не жали што проговорил. „Навистина не ми е гајле што сите мислат за она што го кажав“. Сепак, тој ги пофали годините на Леклер во Ферари и истакна дека работел на изградба на добри односи со него.

Хамилтон сè уште му верува на Васер

Британецот не верува дека проблемот ќе се реши на еден состанок, но сè уште стои зад шефот на тимот. „Сè уште верувам дека Фред е вистинскиот човек да нè води до шампионатот“, рече Хамилтон, кој верува дека Ферари може да се бори за титулата следната година.

Целта на состанокот е да се постави јасно правило: кога Ферари се бори за победа, внатрешниот дуел не смее да го загрози тимот. Според англиските медиуми, договорот од Бразил треба да одреди и како Леклер и Хамилтон ќе соработуваат во сезоната 2027.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер