НаукаПланета во облик на лимон би можела да содржи наоѓалиште на дијаманти (ВИДЕО)Атмосферата на планетата во облик на лимон, наречена PSR J2322-2650 b, која беше откриена во 2017 година од вселенскиот телескоп Џејмс Веб, е составена главно од хелиум и јаглерод и може да содржи наслаги од дијаманти.Атмосферата на планетата во облик на лимон, наречена PSR J2322-2650 b, која беше откриена во 2017 година од вселенскиот телескоп Џејмс Веб што орбитира околу пулсар - ротирачка неутронска ѕвезда, е составена главно од хелиум и јаглерод и може да содржи наслаги од дијаманти, објавија Националната администрација за аеронаутика и вселена на САД (НАСА) и Универзитетот во Чикаго. Водечкиот истражувач Мајкл Жанг од Универзитетот во Чикаго нагласи дека ова е сосема нов тип на планетарна атмосфера, никогаш порано невидена. Наместо типични молекули како вода, метан или јаглерод диоксид, атмосферата на новооткриената планета содржи молекуларен јаглерод, поточно молекули составени од два и три јаглеродни атоми, извештајот беше објавен во The Astrophysical Journal Letters. Молекуларниот јаглерод е невообичаен затоа што на температури од околу 650 степени Целзиусови на ноќната страна и над 2.000 степени Целзиусови на дневната страна на планетата, може да се врзе со други видови атоми, доколку се присутни во атмосферата. Молекуларниот јаглерод доминира само кога нема кислород или азот. Планетата орбитира околу пулсарот со орбитален период од нешто помалку од осум часа и постојано ја држи едната страна свртена кон пулсарот, слично како што Месечината прави со Земјата, додека гравитационото влијание на пулсарот е толку големо што планетата е растегната во форма на лимон. Утврдено е дека масата на планетата е слична на онаа на Јупитер и дека планетарниот систем е оддалечен 750 светлосни години од планетата Земја, а она што ги заинтригира научниците е нејзината необична атмосфера. Покрај фактот дека атмосферата на необичната планета е доминирана од хелиум и јаглерод, откриено е дека е разнесена од силни западни ветрови, кои можат да подигнат облаци од саѓи, а длабоко во планетата, саѓите можат да кондензираат и да формираат дијаманти.Тагови: дијаманти планета Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканФото: Змија виси над волан на автомобил во БиХКорисниците на социјалните мрежи биле изненадени од видео од Сјеница кое неодамна кружи на интернет. Сопственикот на автомобилот снимил змија како виси од вратата на автомобилот. Таа висеше веднаш над воланот, обидувајќи се да се ослободи; како успеа да се заглави во вратата на автомобилот останува непознато. Оваа необична глетка ги забавуваше многу корисници. „Ја закачи како освежувач на воздух“, гласеше еден од коментарите. https://www.instagram.com/reel/DbjENoYxfSq/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loadingТагови: змија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисСаша Зверев: „Новак има 400 милиони во банка, мислиш ли дека го интересира тоа?“Еден од најдобрите свтески тенисери, Германецот, Саша Зверев застана во одбрана на најтрофејниот свтески тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој беше нападнат поради одлуката да се откаже од турнирот „Мастерс“ во Монтреал на 40-годишна возраст.Мастерс турнирот во Монтреал повторно ги разочара навивачите бидејќи не успеа да ги привлече најголемите тениски ѕвезди. Ниту оваа сезона во Канада нема да ги видиме Новак Ѓоковиќ, Јаник Синер и Карлос Алкараз; тие одлучија да се повлечат од турнир кој, со оглед на случувањата таму со години наназад, можеби и не заслужува статус на турнир што носи 1.000 бодови. Постојат различни причини поради кои тенисерите се откажуваат, но најважна е календарот. Турнирот се одржува по Вимблдон, а пред Синсинати и Ју-Ес Опен, и трае две недели. Токму затоа најдобрите во светот нема да настапат, иако некои почнаа да ги критикуваат, тврдејќи дека се незадоволни поради парите. Поради тоа, Саша Зверев – овогодишниот победник на Ролан Гарос и моментално трет тенисер во светот – одлучи да застане во одбрана на своите колеги, а пред сè на Новак Ѓоковиќ: „Дали мислите дека бонусите му се важни на Новак? Верувам дека тој има – ако можам да проценам – повеќе од 400 милиони во банка, така што не верувам дека тоа му е важно. Уште помалку го интересира пласманот на светската АТП-листа...“, се насмеа Зверев. И додека челниците и организаторите на турнирите се обидуваат да најдат други виновници наместо да ја признаат грешката со форматот, Саша Зверев не може да поверува дека се размислува за одземање бодови од АТП-листата или за укинување на бонусите за тенисерите кои не сакаат да играат. „Дали сакате да паднеме на светската ранг-листа ако не играме? Искрено, ако форматот се врати на стариот, со времетраење од седум дена, би можеле да разговараме за тоа. Но, ако треба да бидеме на овие натпреварувања две и пол недели, а притоа сме среде сезоната на Грен слем турнирите, тогаш не можете да нè присилувате“, додаде одлучно Зверев.Тагови: Зверев Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамДали се ближи крајот на пребрзото возење? Ќе забавува ли самиот автомобил?Европската комисија разгледува воведување на напреден систем кој автоматски би ги забавувал автомобилите кога возачот ќе ја надмине дозволената брзина.Европската комисија разгледува воведување на напреден систем кој автоматски би ги забавувал автомобилите кога возачот ќе ја надмине дозволената брзина; доколку биде одобрен, неговата имплементација би можела да започне околу 2030 година. Според достапните информации, системот би користел сателитска навигација, дигитални мапи, 5G мрежи и камери за препознавање сообраќајни знаци за да ја одреди дозволената брзина, по што електрониката на возилото би ја ограничила моќноста на моторот и би спречила понатамошно забрзување, а воедно би овозможила привремено зголемување на брзината во итни ситуации. Ова опфаќа понапредна верзија на системот за интелигентна помош за брзина (ISA), кој е задолжителен од јули 2024 година за сите нови автомобили што се продаваат во Европската Унија, а кој во моментов само ги предупредува возачите кога ќе го надминат ограничувањето на брзината. Иако организациите за безбедност во сообраќајот сметаат дека ваквата технологија би можела значително да го намали бројот на тешки сообраќајни несреќи предизвикани од пречекорување на брзината, критичарите предупредуваат на можни грешки при препознавањето на сообраќајните знаци, застарени дигитални карти, неточности во GPS-системите, како и на ризици по приватноста на корисниците и сајбер-безбедноста на возилата. Европската комисија нагласува дека проектот сè уште се разгледува и дека се водат консултации со производителите на автомобили и со експертите за безбедност во сообраќајот во врска со можните регулативи; следствено на тоа, сè уште не е донесена конечна одлука за негово спроведување, пренесува „iamexpat“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter