ПК Љуботен: Голема количина снег долж патеката за искачување на Титов врв

Поради големата количина снег која не е забележана во изминативе 38 години замолуваме сите кои ќе дојдат на искачувањето да ја почитуваат програмата и обврските како учесници важни за нивната безбедност. 

Планинарскиот клуб Љуботен на одржаната прес-конференција во пресрет на 38-то традиционално искачувањето на Титов врв овој викенд со напомена до учесниците да бидат внимателни на при движењето поради многу снег на Шар Планина. Во недела искачувањето е предвидено е да започне во 6:30 часот од Попова Шапка по „Вакуфска патека", но, поради временските прилики можни се измени, велат од клубот.

-Поради големата количина снег која не е забележана во изминативе 38 години замолуваме сите кои ќе дојдат на искачувањето да ја почитуваат програмата и обврските како учесници важни за нивната безбедност. Во зависност од метеролошките услови, пред се, поради нивната безбедност клубот има право да ја промени патеката на движење за која сите благовремено ќе бидат известени. До недела наши членови ќе бидат и на терен и ќе ја следат состојбата-истакна Јован Божиновски, претседател на клубот.

Годинава настанот е дел од кампањата „ЕУ за тебе" помогната од канцеларијата на ЕУ во Скопје. -Во сабота од 12 часот ќе има акција за чистење во близина на хотелот Попова Шапка во рамки на кампањата # TrashTagChallenge, потоа следува дебата на тема „Планинарењето, поттик за здрави навики кај младите„ како и изложба насловена „Попова Шапка низ времето" со проспекти за скицентарот од 1938 до 2018 година, рече Славко Костовски, член на клубот.

Годинешното искачување се посветува на професорот Љупчо Меловски, познавач на Шар Планина заштитник на природата и поддржувач на клубот, кој почина годинава на 60-годишна возраст. Во сите досегашни 37 искачувања на Титов врв на 2747 метри надморска височина се искачиле 24.607 луѓе, бележат во клубот. Патеката се оценува како средно тешка, со вкупна должина од 14 километри и висинска разлика од 1.047 метри и за еден правец е потребно колу 4 часа.

Реваншот меѓу Усик и Фјури закажан за октомври во Саудиска Арабија

Фјури и Усик требаше да се сретнат во рингот на 17 февруари, но борбата беше одложена за 18 мај поради посекотина над десното око што ја претрпе Фјури за време на спаринг.

Саудискиот кралски советник со ранг министер и актуелен претседател на Генералната управа за забава во Саудиска Арабија, Турки Ал-Шеик, изјави дека без оглед на исходот од борбата меѓу шампионот во тешка категорија на ВБА, ИБФ и ВБО, Олександр Усик (21-0) и шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури (34-0), нивниот реванш ќе се одржи на 12 или 13 октомври во Ријад, Саудиска Арабија.

Ал Шеик ова го изјави во интервју за „ЕСПН“.

Истовремено, до крајот на годината е одложена борбата меѓу шампионот на ИБФ, ВБЦ и ВБО во полутешка категорија, Артур Бетербиев (20-0) и шампионот на ВБА и ИБО во полутешка категорија, Дмитри Бивол (22-0).

Фјури и Усик требаше да се сретнат во рингот на 17 февруари, но борбата беше одложена за 18 мај поради посекотина над десното око што ја претрпе Фјури за време на спаринг. Двајцата борци се договорија за нов датум, локацијата на борбата останува иста – „Кингдом Арена“ во Ријад, Саудиска Арабија.

Фото: Ким Кардашијан има нов имиџ

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан привлече внимание во Лос Анџелес кога пристигна на кошаркарскиот натпревар на синот Вест.

Многумина забележаа дека провокативната старлета повторно ја обоила косата во сина боја и носи пунџа.

И во оваа прилика Ким сакала да ги избегне папараците со оглед на тоа што во еден момент почнала да го покрива лицето со раката и се криела зад телохранителите.

Инаку, Ким и претходно имаше руса коса, но потоа би се вратила на својата природна боја.

Фото: Се одржа најголемата модна вечер во Њујорк

Мет Гала Менхетен - Одржана најголемата модна вечер.

Оваа Мет Гала е за „Заспаните убавици: повторно разбудување на модата“ (Заспаните убавици - повторно будење на модата).

Првиот понеделник од мај секогаш е посветен на Мет Гала, формално позната како Гала на Институтот за костими или Бенефит на Институтот за костими, годишен гала настан на познати личности за собирање средства за Институтот за костими на Метрополитен музејот на уметност во Менхетен.

Овој настан се смета за најпрестижниот и најгламурозен моден настан и друштвен собир во светот и е познат како „најголемата ноќ на модата“. Секоја година темата е различна, а оваа Мет Гала е за „Заспаните убавици: повторно будење мода“.

Домаќини на Мет Гала 2024 беа Зендаја, Џенифер Лопез, Бад Бани и Крис Хемсворт.

На црвениот тепих прошетаа и светската музичка ѕвезда Шакира, најубавата плус сајз манекенка Ешли Грејем, Аријана Гранде....

притисни ентер