Писмо во шише пронајдено после 20 години

Писмото поминало околу 250 километри.

Писмо во шише “преживеало“ во море и било пронајдено по 20 години откако било фрлено во морето.

Писмото било фрлено во морето од страна на Сузи Хемптон на 25 август 1997 , а Сузи била на 10 годишна возраст. Сузи живеела во Англија додека писмото е пронајдено на брегот на Холандија.

Letter in bottle survives 20 year and 216 mile trip to Holland

Питер Шапер е човекот кој го пронашол шишето со писмото и се надева дека ќе ја пронајде и Сузи.

„Би сакал да ја пронајдам Сузи и навистина би било интересно да се запознаеме. Таа би требала да има околу 30 години, изјавил Питер.

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот

Фудбалерот на Барселона, Роберт Левандовски ги пофали квалитетите на Килијан Мбапе.

- Ако го споредите Килијан со други играчи, разбирате дека тој зборува различен јазик. Јасно им дава до знаење на младите играчи дека фудбалот не е единственото нешто што е важно. Тој е и пример за личност, покажувајќи дека не е важно само фудбалскиот терен, туку и она што е во вашата глава. Многу паметен човек кој има многу јасна идеја за тоа што сака да прави и како сака да го прави тоа. Патот по кој оди е јасен. Тој е паметен не само како играч, туку и како личност. Го почувствував тоа кога првпат го видов пред неколку години. Ми остави впечаток. Можете да зборувате за многу нешта со Килијан, изјави полскиот фудбалски ветеран.

Мбапе е член за Пари Сен-Жермен, капитен на француската фудбалска репрезентација и важи за еден од најдобрите фудбалери на светот.

По крајот на сезоната извесно е дека Мбапе ќе направи трансфер во Реал Мадрид.

Последна претседателска дебата – вечерва по централните вести на Канал 5

Попладнево во Канал 5 се снимаше последната дебата на кандидатите за претседател.

Соочувањето ќе се емитува веднаш по централните вести во 18.30, а самата дебата е поделена на два дела.

Практично на само некоколку часови пред молкот, Канал 5 е местото каде што Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова ќе ги соочат аргументите и ќе ги испратат последните пораки до граѓаните.

притисни ентер