ЖивотПисмо од мало девојче со една желба до Дедо Мраз го трогна светот Мало девојче ги шокира сите на божиќната забава, откако нејзиното писмо до Дедо Мраз било прочитано во хотел во Карденден, Шкотска.Имено, во писмото таа го замолила Дедо Мраз „сите да престанат да ја малтретираат“, што ги оставило присутните без зборови. Хотелот го сподели нејзиното писмо на своите социјални мрежи со коментар дека „се размислувале дали да го објават, но ова е многу важна порака за сите“. „Нашата божиќна забава беше неверојатна и сите малечки уживаа во игрите, храната и средбата со Дедо Мраз. Сепак, една мала душа ја даде оваа честитка и ни ги скрши срцата. Ова е потсетник дека некои луѓе сакаат нешто друго освен подарок што мора да го има.Гушнете ги пријателите и семејството малку поцврсто овој Божиќ и бидете колку што е можно пољубезни каде и да можете“, напишале тие, пренесува Mirror. Објавата на хотелот на социјалните мрежи доведе до многу пораки за поддршка од нивните драги гости. Многу луѓе сакаа да испратат подароци за да го насмеат девојчето, а локалните бизниси, како што е клубот за боречки вештини, рекоа дека бесплатно ќе ѝ помогнат да се чувствува силна и среќна. „Здраво на сите, сакам да ви се заблагодарам на сите за вашите убави зборови и гестови. Во моментов сме преоптоварени и без зборови. Знаеме дека нашата ќерка побара да му даде честитка на Дедо Мраз и мислевме дека тоа е добра идеја, но немавме поим што напиша таа во неа.Почувствував како ми се кине срцето кога слушнав што бара.Свесни сме за нејзините чувства и зошто така се чувствува на училиште“, изјавила мајката на девојчето. Таа додаде дека девојчето било воодушевено што наишла на одобрување и разбирање од луѓето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
ЖивотПовеќе од 1.600 пожари во Амазонија за две недели: Властите започнаа истрагаГолем број пожари беснеат во бразилскиот дел на Амазон, а нивниот интензитет е зголемен поради климатските промени, феноменот „Ел Нињо“ и човечките активности, наведуваат научници и официјални претставници.Во сојузната држава Амазонас, во првите две недели од октомври се регистрирани 1.679 пожари, што е за 253 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година, според податоците на бразилскиот систем за следење на Амазон. Чадот предизвика проблеми со дишењето кај населението, а во најмалку 36 општини е прогласена вонредна состојба. Поради лошиот квалитет на воздухот во Манаус, откажани се настаните на отворено, а државните училишта денеска се затворени, пренесува Ројтерс. Бразилските власти се сомневаат дека многу од пожарите биле намерно предизвикани за да се расчистат шумите и да се подготви земјиштето за земјоделство и сточарство. Бразилското Министерство за животна средина најави истрага откако од авиони биле забележани пожари во заштитени шумски подрачја. Федералните власти и службата за цивилна заштита испратија авиони и противпожарни екипи во Амазонас за да помогнат во гаснењето на пожарите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканНе стивнуваат студентските протести во Тирана – демонстрантите се судрија со полицијата Трет ден жестоки немири во Тирана во кои демонстрантите нападнаа владини згради, банки, продавници и други објекти.Стотици демонстранти кои протестираа за реформи во образованието оштетитле неколкку владини објекти, меѓу кои и зградата во која е сместен европскиот колеџ. Според тамошните медиуми демонстрантите палеле и излози, а оштетиле и неколку банки и други објекти. Полицијата се обидела да ги растера со солзавец и со водени топови, по што дошло и до жестоки судири, во кои повредени биле 23 полицајци и уште шестмина други луѓе, а 35 демонстранти се приведени... Движењето, познато како „Фламинго“, бара оставка од премиерот Еди Рама поради поради зголемените трошоци за образование и корупцијата. Рама во писмена изјава за Ројтерс посочува дека не планира да поднесе оставка но дека владата е подготвена за дијалог со студентите. Одговорноста за насилството на студентските протести ја префрли на опозициските партии, кои според него сакале да го попречат патот на Албанија кон Европската унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотДали Калифорнија воведува данок за милијардерите? „И онака не го плаќаат – немаме што да изгубиме“Во американската сојузна држава Калифорнија е во тек гласањето на среднорочните избори, а за три недели гласачите ќе одлучуваат на референдум дали милијардерите треба да се оданочуваат врз основа на нивното богатство?Во американската сојузна држава Калифорнија е во тек гласањето на среднорочните избори, а за три недели гласачите ќе одлучуваат на референдум кој би можел да има последици за остатокот од Соединетите Држави: дали милијардерите треба да се оданочуваат врз основа на нивното богатство? Според новинската агенција АФП, предлогот предвидува оданочување на околу 200 милијардери во оваа сојузна држава, со стапка од пет отсто од нивната нето-вредност. Собраните средства би биле наменети за јавниот здравствен систем, на кој се потпираат половина од жителите на Калифорнија. Овој систем моментално е под притисок поради значителните кратења на федералните средства, воведени од американскиот претседател Доналд Трамп. Поддржувачите на оваа мерка се надеваат дека таа ќе послужи како поттик за слични иницијативи и во други делови на САД, во услови на растечко незадоволство поради продлабочувањето на нееднаквоста и брзото трупање богатство кај технолошките милијардери, како што е Илон Маск. Привремениот данок е „само капка во морето на нивното богатство“, изјави за АФП Лорен Фирман, пензиониран графички дизајнер која користи „Медикер“ (Medicare) – здравствено осигурување за лица постари од 65 години. „За нив тоа не значи многу, но за луѓето на кои им е потребна здравствена заштита, тоа значи сè“, додаде таа. Сепак, референдумот предизвикува загриженост во Силиконската долина. Меѓу противниците на предлогот, наречен „Предлог 40“ (Proposition 40), е и ко-основачот на „Гугл“, Сергеј Брин, кој донирал повеќе од 205 милиони долари за кампањата против него. Во телевизиските реклами, противниците постојано предупредуваат дека привремениот данок би можел да стане траен, што би ги натерало најбогатите жители да ја напуштат Калифорнија и би довело до намалување на даночните приходи на сојузната држава. Покрај милијардерите, и други влијателни личности се спротивставуваат на предлогот, вклучително и гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом. По повеќе од седум години на чело на сојузната држава, овој демократ – кој има претседателски амбиции за 2028 година – официјално ги повикува гласачите да гласаат против оваа мерка. Моќниот синдикат „Обединети домашни работници“ (United Domestic Workers), кој застапува 250.000 лица што работат како негуватели во домовите или се грижат за деца, исто така ги повика своите членови да гласаат против предлогот. Од синдикатот тврдат дека еднократниот данок, наменет за здравствениот систем, долгорочно нема да го покрие дефицитот од повеќе милијарди долари во буџетот на Калифорнија. Сепак, оваа идеја не е нова. Во текот на изминатите 15 години, Калифорнија во три наврати се обиде да ги зголеми даноците за најбогатите жители преку референдуми, но сите такви предлози беа одбиени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11