Писмо на Черчил од 1929. се продава на аукција во Лондон, сакал да се откаже од политика - Канал 5

Писмо на Черчил од 1929. се продава на аукција во Лондон, сакал да се откаже од политика

Писмото од 1929 година во кое Винстон Черчил го нарече Долниот дом на британскиот парламент негова „сцена“, но исто така размислува и за напуштање на политиката, ќе се најде на аукција следната недела во Лондон.

Писмо на Черчил од 1929. се продава на аукција во Лондон, сакал да се откаже од политика

Во писмото до неговиот пријател Фредерик Понсонби, идниот воен премиер напишал за ангажирање во „попријатни и профитабилни“ занимања отколку пратеник во парламентот, пренесува Ројтерс.

Месеци порано, во мај 1929 година, конзервативците ја загубија власта на изборите и биле заменети со малцинска влада на лабуристите, иако Черчил го задржал своето место како пратеник во Епинг.

„Черчил тогаш размислуваше за своите следни чекори“, рече шефот на одделот за книги и ракописи на аукциската куќа Бонам, Метју Хејли.

Хејли наведува дека во тоа време, Черчил отишол на турнеја низ Америка, на голем одмор со своето семејство и дека му пишувал на својот голем пријател.

Во тоа писмо, Черчил навел дека „Долниот дом отсекогаш бил негова сцена“.

Многу историчари ја сметаат декадата помеѓу 1929 и 1939 година како „диви години“ на Черчил, иако тој останал ангажиран за неколку прашања, вклучувајќи ја Индија и германската закана од Адолф Хитлер, пред да стане премиер во 1940 година.

Писмото ќе се најде на аукција во Бонам на 15 септември и се очекува да достигне цена помеѓу 4.000 и 6.000 фунти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови преговори за Украина во Абу Даби следната недела

По девет месеци пауза, американските посредници ќе седнат на преговарачка маса со руските и украински  претставници во нов обид да се стави крај на војната.

Нови преговори за Украина во Абу Даби следната недела

Специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф објави дека разговорите меѓу Москва и Киев со посредништво на Вашингтон ќе се одржат на 10 и 11 ноември во Абу Даби..

Фокусот на преговорите, како што објави Виткоф, ќе биде ставен на безбедносните аранжмани по завршувањето на војната, хуманитарните напори и следните чекори кон постигнување мир.

Очекувањата, според него, е да се награди напредокот постигнат во Киев, Осло и Санкт Петербург, за да се склучи сеопфатен и траен мировен договор, кој ќе обезбеди долгорочна безбедност за идните генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дуковски: Боки 13 ослободен во случајот „Меѓународен сојуз“

Апелациониот суд во Скопје донел ослободителна пресуда за Бојан Јовановски, познат како Боки 13, во предметот „Меѓународен сојуз“. Со оваа одлука е преиначена првостепената пресуда со која Јовановски беше осуден на пет години затвор.

Дуковски: Боки 13 ослободен во случајот „Меѓународен сојуз“

Информацијата ја објави неговиот адвокат Сашо Дуковски, кој го застапуваше Јовановски во судската постапка.

„Ете, правдата е спора, но достижна! Апелациониот суд во Скопје денес донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски во предметот ‘Меѓународен сојуз’. Со тоа ја преиначи првостепената пресуда на Основниот кривичен суд од пет години!“, напиша Дуковски.

Адвокатот во објавата изрази задоволство од одлуката и оцени дека таа е резултат на недостатоците во обвинението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средношколци и студенти повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во Франција

Средношколци и студенти денеска повторно организираа блокади и протести во повеќе француски градови, меѓу кои Париз, Рен, Марсеј и Тулуз додека полицијата интервенира за да ги деблокира училишта.

Средношколци и студенти повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во Франција

Во Нант рано утрината беа уапсени и приведени тројца ученици од средно училиште, кои се задржани во полиција во рамките на истрагата за пожарот што избувна во тоа училиште минатиот месец.

Протестите на средношколците и студентите во Франција почнаа кон средината на септември поради недостигот на наставен кадар, лошите услови во училиштата и незадоволството од состојбата во образовниот систем. На демонстрациите минатата сабота учествуваа повеќе од 300 илјади луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер