Пињо: Споредба меѓу Венецуела и Гренланд е несоодветна - Канал 5

Пињо: Споредба меѓу Венецуела и Гренланд е несоодветна

Ги слушнавме последните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп поврзани со Гренланд, но остануваме на својот претходно искажан став околу суверенитетот и територијалниот интегритет на оваа данска територија.

Пињо: Споредба меѓу Венецуела и Гренланд е несоодветна

Ги слушнавме последните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп поврзани со Гренланд, но остануваме на својот претходно искажан став околу суверенитетот и територијалниот интегритет на оваа данска територија, изјави денеска главната портпаролка на Европската комисија, Паула Пињо.

Запрашана дали ЕК не смета дека треба да заземе некој нов пристап кон Гренланд во услови кога имавме американска интервенција во Венецуела, Пињо нагласи дека споредбата меѓу оваа јужноамериканска држава и данската територија е несоодветна.

- Да ве потсетам дека Гренланд е сојузник на САД, а исто така е дел од НАТО. Тоа е голема разлика, додаде Пињо.

Во врска со конкретната изјава на Трамп дека му е жал што Гренланд не е дел од САД и дека „треба да го добие, а тоа го знае и ЕУ“, Пињо рече дека секоја земја би можела да биде интересна за некого, но дека тоа треба да биде во рамки на деловниот интерес или инвестициите, но ништо надвор од тоа.

Портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер, пак, изјави дека кога станува збор за Гренланд, ЕУ ќе продолжи да ги почитува принципите на суверенитет, територијален интегритет и непроменливост на границите и на Повелбата на ОН.

- Тоа се универзални принципи и нема да престанете да ги браните, уште повеќе ако е доведен во прашање територијалниот интегритет на земја членка на Европската Унија, нагласи Хипер во одговор на новинарско прашање што презема ЕУ да ја одврати „агресивната позиција од некој што треба да биде европски сојузник, а која се чини дека претставува закана за суверенитетот на Гренланд“.

Хипер потсети и на ставот на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, искажан минатиот месец, дека Гренланд е автономна територија на Кралството Данска и за сите измени на ваквиот статус треба да решаваат гренландските жители.

Според неа, ЕУ нема да ја коментира секоја поединечна изјава поврзана со Гренланд, бидејќи смета дека тоа е прашање на принцип.

- Ситуацијата е таква што очекуваме партнерите да го почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет и да се придржуваат кон меѓународните обврски, додаде Хипер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Де Минор по 4 сета до осминафиналето на Вимблдон

Алекс де Минор, шестиот тенисер во светот, се пласираше во осминафиналето на Вимблдон откако го победи Закари Свида со резултат 6:2, 5:7, 6:2, 6:4.

Де Минор по 4 сета до осминафиналето на Вимблдон

Австралијанецот добро го отвори мечот и го доби првиот сет без поголеми проблеми. Свајда возврати во вториот. Сепак, Де Минор го подигна нивото на својата игра, ја врати контролата врз мечот и обезбеди место меѓу првите 16 на Лондонскиот Гренд Слем со сигурна игра во третиот и четвртиот сет.

Во борбата за четвртфиналето, Де Минор ќе игра против победникот од дуелот меѓу Карен Хачанов и Флавио Коболи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ

Гласањето на претседателски и парламентарни избори за македонската дијаспора да се одвива по пошта – ова е компромисниот предлог на ВМРО ДПМНЕ на денешниот состанок помеѓу пратеничките групи во Собранието.

Дијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ

Гласањето на претседателски и парламентарни избори за македонската дијаспора да се одвива по пошта – ова е компромисниот предлог на ВМРО ДПМНЕ на денешниот состанок помеѓу пратеничките групи во Собранието откако опозицијата се спротистави електронското гласање да го замени досегашниот начин на гласање, соопшти пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски. Тој додаде дека опозициските СДСМ и ДУИ побарале време да формираат став по овој предлог по што нов состанок се очекува идната недела.

-По однос на техникалиите доколку се постигне консензус за поштенското гласање на дијаспората тогаш гласањето може да биде изведено и преку меѓународен поштенски оператор и ДИК нема да бира изведувач кој што би имал национален предзнак иако не е ни тој исклучен, но тој поштенски оператор кој што ќе може на меѓународно ниво да биде најоперативен и навремено и безбедно да ги достави материјалите до регистрираните гласачи и истите потоа да ги дистрибуира до ДИК на пребројување би бил веројатно и најприфатливиот за државата,изјави пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски.

Од ВМРО ДПМНЕ се на ставот дека гласањето на локалните избори треба да остане право на резидентното население меѓутоа од Алијанса за Албанците од крилото на Зијадин Села, инсистираат дека постои голем интерес кај отселените нашинци да гласаат, а доказ за тоа е големиот број од нив кои со автобуси и авиони се враќаат во татковината навреме за изборите.

-Денеска се зборуваше за можноста да се гласа по пошта за што и ние се согласуваме. Но, битно ни е да не правиме дискриминација на граѓаните кон изборните процеси – претседателски, парламентарни и локални избори. Еден доста битен аргумент се последните локални избори каде што сите бевме сведоци дека немавме кворум во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово, за жал тенденциите на отселување покажуваат дека и следните локални избори можеби ќе се соочиме со овој пролем, изјави Елми Азири од АА.

Собранието има уште десетина дена рок да го донесе новиот Изборен законик, односно до 15 Јули кога и официјално ќе се испрати Извештајот за реформскиот напредок на државава до ЕК. Меѓутоа, како што тврдат од власта, законот нема да се турка „на сила„ и за него очекуваат широк консензус. Како реформски чекор Изборниот законик има финансиска вредност од над 4 милиони евра.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мистериозни јаболка се појавија на плажа во САД

Десетици јаболка испливаа на брегот во Корола, Северна Каролина, а надлежните претпоставуваат дека овошјето паднало од товарен брод на отворено море. 

Мистериозни јаболка се појавија на плажа во САД

„Corolla Wild Horse Fund“ – организација што се грижи за познатите диви коњи во тој крај – соопшти дека вработените и волонтерите собрале неколку вреќи со јаболка, додека подоцна биле пронајдени и дополнителни количини, вклучително и портокали.

Од организацијата истакнаа дека сличен инцидент се случил пред неколку години, кога морето исфрлило големи количества грицки „Доритос“ на истата плажа.

Јаболката не смееле да бидат оставени таму поради дивите коњи. Иако многумина би помислиле дека јаболката се идеална храна за дивите коњи, организацијата предупредува дека нивното оставање на плажата можело да има фатални последици.

Тие наведуваат дека храната што не е дел од природната исхрана на овие животни може да предизвика гушење или грчеви во дигестивниот систем, што може да биде смртоносно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер