ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на одмор на јахтата на Заев, од каде му нарачува СДС да прави хистерија за водата во Скопје
1ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на одмор на јахтата на Заев, од каде му нарачува СДС да прави хистерија за водата во Скопје
ТенисПијан руски тенисер направи хаос во дискотека во Шведска (ВИДЕО)Рускиот тенисер Андреј Рубљев навистина се опушти во дискотека во Баштад, па стана главна тема на социјалните мрежи.Имено, се појави видео од славниот Русин како во пијана состојба прави згибови во клубот, а во еден момент дури и се качува на гипс картон. Andrey Rublev in Bastad last night 😅 If you’re not celebrating doing pull-ups off the nightclub's elevated beam structure while 'We Are The Champions' plays in the background, did you really win the event? (via @game_rublev) pic.twitter.com/vxG7U4J5JZ — Bastien Fachan (@BastienFachan) July 24, 2023 Andrey Rublev celebrated his title win in Bastad by doing pull ups in the club 😂 Partying with Andrey looks like a lot of fun🕺🏻 pic.twitter.com/8ZJgPpiWcy — The Tennis Letter (@TheTennisLetter) July 25, 2023 Инаку, причината за ваквото однесување беше прославата на титулата што ја освои тој ден. Рубљов е нов шампион на турнирот во Баштад, Шведска, откако во финалето беше подобар од Каспер Руд, кого го совлада со 7:6, 6:0. Ова е 14-та титула за Русинот во професионалната кариера.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче на одмор на јахтата на Заев, од каде му нарачува СДС да прави хистерија за водата во СкопјеКаде е Венко Филипче?Венко Филипче седми ден е на одмор на јахтата на Зоран Заев, каде што на 6 август заминал со својот мотор преку граничниот премин Богородица. А СДС тоа го крие. Зошто се срамат да кажат дека нивните двајца лидери се на заеднички одмор, каде што уживаат во украдените пари? Од јахтата на Зоран Заев дава насоки СДС да шири хистерија и лажни вести за водата во Скопје, немајќи факти и аргументи. Претходно тераа лажна кампања и беа против прославата за независноста на Македонија. Таквиот предавнички тандем, меѓу другото, од јахтата на Егејското Море, купена со украдени пари, нарачуваше и штрајк на струмичките пиперкари, каде што манипулираа со ниските откупни цени преку фирмата на Заев за ајвар, „Мамас“. Сè на сè, плоден одмор на талогот: шират лаги за водата, се против независноста и уценуваат земјоделци. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонија со скок од 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер безбедностМакедонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии.Со резултат од 84,17 поени од можни 100, државата се вбројува меѓу земјите со високо ниво на подготвеност за спречување сајбер-закани и за управување со сајбер-инциденти. Напредокот е забележан и во меѓународните медиуми, кои ја издвојуваат Македонија меѓу земјите што во последниот период оствариле забележително подобрување во националните капацитети за сајбер-безбедност. Глобалниот индекс за сајбер-безбедност го развива естонската „Академија за е-управување“ (e-Governance Academy – eGA). Индексот ја оценува подготвеноста на државите преку 49 индикатори распоредени во 12 области, опфаќајќи ги стратешките, превентивните и капацитетите за одговор на сајбер-закани. Оценувањето се заснова на јавно достапни закони, официјални документи, институционални механизми и докази за практично спроведени мерки. Според најновите податоци, Македонија има максимални оценки во повеќе клучни области, меѓу кои политиките за сајбер-безбедност, заштитата на критичната информациска инфраструктура, образованието и професионалниот развој, заштитата на личните податоци, одговорот на сајбер-инциденти и борбата против компјутерскиот криминал. „Скокот од 29 позиции е меѓународна потврда дека реформите што ги спроведуваме создаваат конкретни и мерливи резултати. Во изминатиот период воспоставивме појасна институционална одговорност, современа законска рамка и посилни механизми за заштита на критичната инфраструктура и за одговор на сајбер-инциденти. Овој резултат не е крајна цел, туку обврска да продолжиме уште поинтензивно да ја градиме сајбер-отпорноста на државата“, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Напредокот е резултат на координираната работа на институциите и на повеќе преземени системски чекори, меѓу кои донесувањето на Законот за безбедност на мрежни и информациски системи, усвојувањето на Стратегијата за сајбер-безбедност 2025–2028 и Акцискиот план за нејзино спроведување, воспоставувањето механизми за национална координација и зајакнувањето на капацитетите за пријавување и справување со сајбер-инциденти. Новата законска рамка ги утврдува надлежностите на Министерството за дигитална трансформација во областа на безбедноста на мрежните и информациските системи, воведува обврски за управување со сајбер-ризици и пријавување инциденти и ја зајакнува заштитата на суштинските и важните субјекти. Министерството ќе продолжи со спроведување на Стратегијата и Акцискиот план, јакнење на националните капацитети за превенција и одговор, развој на стручниот кадар, подигнување на свеста кај граѓаните и компаниите и продлабочување на меѓународната соработка. Безбедна дигитална држава значи сигурни јавни услуги, заштитени податоци, отпорна критична инфраструктура и поголема доверба на граѓаните во процесот на дигитална трансформација. Во прилог ви ги проследуваме официјалните извори: • Официјална ранг-листа на Националниот индекс за сајбер-безбедност (NCSI): https://ncsi.ega.ee/ncsi-index/ • Официјален профил на Македонија – 30. место и резултат од 84,17 поени: https://ncsi.ega.ee/country/mk/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
БалканТажни вести од Хрватска: Пронајдено телото на еден ПортугалецЛоши вести пристигнуваат од Хрватска, бидејќи спасувачите го пронајдоа телото на еден од двајцата португалски државјани по кои се трагаше од вчера, 12 август. Како што беше објавено, телото е пронајдено пред заливот Завратница.Продолжува потрагата по вториот исчезнат португалски државјанин. Телото на еден млад маж – еден од четворицата португалски државјани, од кои двајца претходно беа пронајдени и спасени откако се најдоа во невреме во Велебитскиот Канал – беше пронајдено околу 8 часот наутро во морето кај заливот Завратница, додека потрагата по уште еден маж продолжува. Според капетанот на пристаништето во Сењ, Ненад Бугарин, телото било забележано од полициски хеликоптер утринава, а потоа било извлечено од водата од страна на екипа на Капетанијата на пристаништето во Сењ. Инаку, четворица млади пријатели од Португалија исчезнаа вчера, 12 август, по силно невреме во Велебитскиот канал во Хрватска, поради што и започна потрагата по нив. „Известување за четворица исчезнати лица, државјани на Република Португалија, беше примено во MRCC Риека ноќеска, на 12 август, во 04:41 часот, од страна на нивен познаник“, соопшти претходно Министерството за море, транспорт и инфраструктура на Хрватска. Според нивниот познаник, четворицата пријатели тргнале со рекреативен гумен чамец долг до 1,5 метри, веслајќи од локалниот камп северно од Сењ кон самиот град Сењ, по што им се изгубила трагата. Вчера беа пронајдени две лица – жена и маж. „Жената беше пронајдена во морето во заливот Бутињ околу 11:40 часот. Таа беше предадена на медицинскиот персонал во Нови Винодолски за да ѝ се укаже помош доколку е потребно“, изјави вчера Ненад Бугарин, капетан на Лучката капетанија во Сењ. Спасената жена, која поминала неколку часа во морето борејќи се со лошите временски услови, добила помош на лице место откако била извлечена на брегот, а потоа била пренесена во КБЦ Риека. Таа пристигнала во болницата во стабилна клиничка состојба и со нормални витални параметри. По сеопфатен медицински преглед и третман, таа е примена на Одделот за пулмологија заради понатамошно следење на состојбата и засега ќе остане во КБЦ Риека.Тагови: Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter