Претседателот на Ла Лига ги понизи Флорентино Перез и Реал Мадрид: Јас не сум сопственик на натпреварувањето, но...
1Претседателот на Ла Лига ги понизи Флорентино Перез и Реал Мадрид: Јас не сум сопственик на натпреварувањето, но...
3Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
ЖивотПијан Британец си го сменил името во Селин Дион, сега не се сеќава на ништоМлад Британец се опил и го сменил името во Селин Дион.30-годишникот од Стафордшир, чие име било Томас Дод пред официјално да го смени во Селин Дион, е голем обожавател на канадската пејачка. Тој вели дека пиел премногу за Божиќ додека го гледал концертот на пејачката на Јутјуб и тогаш веројатно ја добил идејата. Промената на името преку апликација го чинело 89 фунти, но Селин купил дополнителни осум сертификати за по 10 фунти во случај некој да не му верува. Тој исто така вели дека не се сеќавал дека го сменил името додека не ги добил документите на домашната адреса. Tier 4 is the least of my worries - I’ve just got home to some post. Apparently at some point over Christmas I’ve had one too many vinos and legally changed my name to Celine Dion! pic.twitter.com/ZchXWiqhUw — Celine Dion (@ThomasDodd1) December 30, 2020 „Малку сум опседнат со неа, нема да лажам“, изјави Селин Дион за Birmingham Live . „Сега само се молам да не ме запре полицијата затоа што тоа може да биде чудно“, се пошегува момчето. Тој откри дека неговата мајка не била среќна. "И објаснив дека можело да биде полошо и дека сум можел да бидам Борис Џнсон. Имаме среќа што тој нема концерти. Сега се смее", рече тој. The Elsa tribute I booked when I was drunk is performing on my driveway tomorrow at 4pm and I’m really not ready for this. 😅❄️ — Celine Dion (@ThomasDodd1) December 21, 2020 Тој вели дека не размислува за нова промена на името затоа што не се брзал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаДали роботите ќе ги заменат луѓето во опасните мисии- во Пекинг се одржува натпревар (ВИДЕО)Првенството „Роботски воин“, на кое ќе учествуваат и хуманоидни и четвороножни роботи, ќе се одржи во октомври во Пекинг, објави Комитетот за управување со зоната за економски и технолошки развој.Роботите ќе се натпреваруваат во спасувачки операции за време на вонредни состојби и природни катастрофи (земјотреси, поплави, пожари) и ќе извршуваат задачи во средини со висок ризик. Предизвици со пречки Покрај тоа, овие интелигентни машини ќе ги демонстрираат своите вештини во следењето и управувањето со урбаната инфраструктура, објавува „Глобал тајмс“. Настанот во Пекинг има за цел да го забрза развојот и имплементацијата на роботиката во услови на реалниот свет. Програмата на првенството вклучува 14 видови предизвици со пречки. Според сценариото, роботите ќе се искачуваат по стрмни падини, ќе се движат по урнати мостови и низ урнатини. Како што е наведено, досега 24 тима аплицирале за учество на ова натпреварување. Тие ќе се натпреваруваат во шест категории врз основа на контрола (далечинска или автономна навигација) и тип на возило (хуманоидно, четвороножно или на тркала). Платформа за обука Хуманоидните роботи на првенството ќе извршуваат задачи како што се отворање врати, деактивирање експлозивни направи, затворање вентили и гаснење пожари. Други машини ќе бидат тестирани преку инспекција на тунели, враќање на електричната енергија, реагирање на водни итни случаи и испорака на товар низ пречки. За да ги подготват учесниците, организаторите ја лансираа платформата за обука BotWorld, која им нуди на роботите 14 задачи за симулација на ситуации што опфаќаат навигација на терен и интерактивни операции. Тимовите ќе имаат пристап до материјали за обука и ќе можат виртуелно да ги вежбаат потребните вештини. Домаќин на предизвикот „Роботски воин“ ќе биде високотехнолошката компанија Шангиченг во Пекинг од 17 до 18 октомври.Тагови: Пекинг роботи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАрбен Таравари во „Само интервју“Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.Оправдана ли е поддршката на албанските партии за пресудите на ОВК во Хаг? Кој и зошто потпалува етнички теми? Уставните измени заглавени низ политичките лавиринти, какви сценарија се можни ако останеме во чекалната до недоглед? Што договорија со Ахмети за вонредните избори во Брвеница и дали тие значат вовед во коалиција за следните парламентарни избори – редовни или предвремени? Утре кај Гоце Михајлоски во Само Интервју гостува Арбен Таравари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВо Романија паднаа 20 сантиметри снег- интервенира тешка механизација, фрлаат сол (ВИДЕО) Зимата пристигна рано на Трансфагарасан, спектакуларен планински пат во Романија што ги преминува Карпатите, или Фагараш Планини. На езерото Балеа, снегот падна толку обилно што на некои места се формираше дебел слој. Патот и околните падини се целосно покриени со снег, а условите за сообраќај брзо се променија, иако сè уште е септември. Обилни снежни врнежи го зафатија Трансфагарасан. Сообраќајните работници мораа да интервенираат со механизација и материјал против лизгање во среда наутро за да го исчистат коловозот откако се формираше дебел слој снег во планинската област. Романскиот портал „Антена Обсерватор“ објави дека на локацијата наврнале 20 сантиметри снег. Регионалната дирекција за патишта и мостови на Брашов соопшти дека две машини интервенирале на патот и дека се расфрлани повеќе од пет тони сол. „Обилни снежни врнежи на Трансфагарасан! Интервениравме со две машини и повеќе од пет тони сол за да го исчистиме патот, но сообраќајот сè уште се одвива во зимски услови, особено во планинската област, во близина на езерото Балеа“, објави Регионалната дирекција за патишта и мостови на Брашов. Сообраќајните работници ги предупредуваат возачите дека временските услови ќе останат исти во наредните денови и им препорачуваат на оние кои сакаат да возат по Трансфагарасан однапред да се информираат за условите во сообраќајот. На возачите им се советува и да не тргнуваат по патот освен ако не се подготвени да возат во зимски услови. Снег падна во областа претходниот ден, но тогаш немаше потреба од интервенција на механизација. Минатата година, првиот снег во Романија беше забележан на почетокот на октомври.Тагови: Романија снег Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50