Пежо го претстави новото комерцијално возило E-Rifter (ФОТО) - Канал 5

Пежо го претстави новото комерцијално возило E-Rifter (ФОТО)

Peugeot го претстави обновениот E-Rifter.

Пежо го претстави новото комерцијално возило E-Rifter (ФОТО)

Иако минибусите речиси исчезнаа од автомобилската сцена, некои производители сè уште ги нудат. Stellantis овде е многу јасен и својата понуда ја базира на т.н повеќенаменски MPV модели. Така може да понуди примерно возило за испорака, но и авантуристички семеен модел за сите оние кои имаат приоритет за просторноста.

Секако, кога станува збор за Peugeot, тоа мора да се направи со стил. Затоа Rifter како наследник на Partner отсекогаш се истакнувал, а сега по редизајнот ја издигнува естетиката на повисоко ниво. Тоа е електричниот E-Rifter, кој навистина е само патничка верзија на E-Partner.

Однадвор, сепак, се дистанцира со различен преден дел со нови светла. Покрај тројните дневни светла, во новообликуваниот браник има целосно затворена предна табла и изразени доводи за воздух. Ако на сè додадеме пластични облоги, јасно е дека Peugeot го рангира овој модел блиску до понудата на кросовери. Фејслифтот носи и две нови нијанси - Sirkka зелена и Kiama сина.

За потсетување, во понуда се две верзии, пократка со 4,4 метри и подолга растегната до 4,7 метри. Двете верзии доаѓаат со две странични лизгачки врати и можност за отварање на задното стакло посебно на капакот на багажникот. Има и опција за внатрешен дизајн со 7 седишта, со капацитет за товарен простор кој во зависност од бројот на седишта оди и до 4 кубни метри.

Нешто неочекувано, Peugeot не ја покажува внатрешноста, но во соопштението го споменаа новиот i-Cockpit со 10-инчен инфозабавен екран. Нов е и воланот обложен со кожа, а на списокот на опрема има безжичен полнач и 3 USB конектори.

Можеби најизненадувачкото е што E-Rifter ја задржува старата конфигурација на погонот со електричен мотор од 136 КС (i270 Nm) и батерија со капацитет од 50 kWh. Достигнува 100 km/h за 11,2 секунди и може да повлече до 135 km/h. Важно е да се спомене дека со инсталирање на топлинска пумпа и нов регенеративен систем за сопирање, досегот скокна од 280 на 320 km. Максималната моќност на полнење е 100 kW, во тој случај полнењето до 80% трае половина час.

Да кажеме и дека засега нема информации за конвенционалната понуда во форма на 1,2 бензински и 1,5 BlueHDI дизели, кои беа повлечени од понудата минатата година. Ако остане вака, Peugeot сепак ќе може да се пофали со фактот дека ова е најевтиниот седумсед со електричен погон на пазарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дурмиши: Целта на потрошувачката кошница е транспарентна и реална слика за трошоците на граѓаните, а не прикажување пониски бројки

Дурмиши, истакна дека целта на новата методологија за пресметка на потрошувачката кошница е да се обезбеди објективен, транспарентен и статистички заснован приказ на реалните трошоци на домаќинствата.

Дурмиши: Целта на потрошувачката кошница е транспарентна и реална слика за трошоците на граѓаните, а не прикажување пониски бројки

На денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), социјалните партнери дискутираа за повеќе прашања од значење за работниците, работодавачите и животниот стандард на граѓаните, со посебен акцент на просечната потрошувачка кошница изготвена од Министерството за економија и труд.

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, истакна дека целта на новата методологија за пресметка на потрошувачката кошница е да се обезбеди објективен, транспарентен и статистички заснован приказ на реалните трошоци на домаќинствата, кој ќе претставува основа за креирање квалитетни економски и социјални политики.

„Нашата цел не е да покажеме пониска бројка, туку да обезбедиме проверлива, транспарентна и статистички заснована слика за трошоците на домаќинствата. Податоците треба да ни служат како основа за носење одговорни одлуки и мерки што ќе придонесат за подобрување на животниот стандард и заштита на куповната моќ на граѓаните“, нагласи министерот Дурмиши.

Според податоците на Министерството за економија и труд, просечната потрошувачка кошница за септември 2026 година изнесува 58.117 денари за четиричлено домаќинство, што претставува намалување од 358 денари, односно 0,6 проценти во однос на август. Истовремено, во споредба со јануари годинава, вредноста на кошницата е зголемена за 1.736 денари или 3,1 процент.

Министерот посочи дека овие податоци ја потврдуваат потребата од континуирано следење на ценовните движења, но и од внимателно согледување на притисоците врз семејните буџети.

Во рамки на седницата беше образложена и методологијата за пресметка на потрошувачката кошница, која опфаќа 11 категории на трошоци и 101 прехранбен производ. Пресметката се темели на податоци од Државниот завод за статистика за осум градови, информации за цените на овошјето и зеленчукот од 23 пазари, како и податоци од пет големи и три регионални трговски синџири.

Со ваквиот пристап, Министерството обезбедува поширок опфат на цените и потрошувачката на ниво на целата држава, со цел да се добие порепрезентативна слика за трошоците на домаќинствата.

Во однос на разликите со другите пресметки на потрошувачката кошница, министерот појасни дека тие произлегуваат од различната структура, опфатот и изворите на податоци. Најизразените разлики се забележуваат кај храната и пијалаците, облеката и обувките, образованието, домувањето и комуналните трошоци, додека во одредени категории, како одржувањето на домаќинството, рекреацијата и културата, пресметката на Министерството покажува повисоки вредности.

„Различните пресметки не треба да бидат причина за меѓусебно оспорување, туку поттик за конструктивна дискусија и креирање политики засновани на релевантни податоци. Ниту една статистика не може да ја замени реалната грижа за куповната моќ, економската сигурност и достоинствениот живот на граѓаните“, истакна Дурмиши.

Покрај потрошувачката кошница, на седницата на Економско-социјалниот совет беа отворени и прашањата поврзани со неработните денови, работата во недела, можностите за воведување четиридневна работна недела, како и регулирањето на пензискиот стаж.

Министерот нагласи дека сите овие прашања бараат внимателно разгледување, усогласување на различните интереси и активна вклученост на социјалните партнери.

„Економско-социјалниот совет е местото каде што ги слушаме аргументите на синдикатите, работодавачите и институциите. Нашата определба е преку отворен и конструктивен социјален дијалог да доаѓаме до решенија што ќе ги штитат правата на работниците, ќе обезбедат предвидливост за работодавачите и ќе придонесат за подобар животен стандард“, порача министерот Дурмиши.

Министерството за економија и труд останува посветено на унапредување на социјалниот дијалог, транспарентното следење на економските показатели и креирањето одржливи политики насочени кон подобрување на условите за работа и живот на сите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев од Прилеп: Академијата е сржта на професионалната администрација, знаењето мора да се претвори во резултати!

Професионалната администрација не се гради со декларации, туку со знаење, одговорност и конкретни резултати.

Минчев од Прилеп: Академијата е сржта на професионалната администрација, знаењето мора да се претвори во резултати!

Институциите не се вреднуваат според бројот на донесени документи, туку според квалитетот на нивната работа и услугите што ги добиваат граѓаните. Ова беше пораката на министерот за јавна администрација, Горан Минчев, кој денеска од Прилеп се обрати на вториот циклус генерички обуки за административните службеници за 2026 година.

„Не е доволно да имаме закони и процедури ако немаме луѓе што знаат доследно да ги применуваат. Знаењето без примена останува потенцијал, професионалноста без одговорност е само декларација, а работата без резултати не ја исполнува својата цел. Нашата обврска е да изградиме администрација што знае, умее и испорачува!“ истакна Минчев.

Сржта на оваа определба е Академијата за професионален развој и обука на административните службеници, чиј почеток со работа е планиран за 1 јануари 2027 година. Академијата треба да воспостави систем во кој учењето нема да биде повремена активност, туку континуиран процес, а професионалниот развој составен дел од работата на секој административен службеник.

„Академијата не е само место за обуки, туку темел на администрацијата што сакаме да ја изградиме. Не можеме да очекуваме подобри услуги ако не вложуваме во луѓето што ги обезбедуваат. Затоа воспоставуваме систем што ќе го развива знаењето, ќе ги унапредува професионалните компетенции и ќе ја зајакнува одговорноста. Силата на институциите почнува со квалитетот на луѓето, а нивната вредност се докажува со резултатите што ги испорачуваат“ порача министерот.

Во тек се подготовките за функционирање на Академијата, развојот на програмите и модулите за обука, унапредувањето на системот за електронско учење (ЛМС) и обезбедувањето услови за спроведување обуките.

Министерството за јавна администрација продолжува со реализацијата на генеричките обуки како дел од поширокиот процес на јакнење на административните капацитети. Знаењето е почетната точка на реформите, професионалноста е нивниот стандард, а конкретните резултати во работата на институциите се мерилото според кое граѓаните ќе го препознаат нивниот успех.

Ви благодариме.

Со почит,

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Целосно реновирани домовите на култура во Текија, Кадино и Мралино

Општина Илинден го заврши реновирањето и санацијата на домовите на култура во населените места Текија, Кадино и Мралино, во рамки на програмата за обновување и модернизација на јавните објекти.

Целосно реновирани домовите на култура во Текија, Кадино и Мралино

Со реализираните градежни активности значително се подобрени условите за одржување културни, општествени и јавни настани.

Во Домот на култура во Текија извршена е санација на кровната конструкција со поставување нов пластифициран лим, поставени се нови ПВЦ-врати и обновена е електричната инсталација. Дополнително, извршено е глетување и молерисување на внатрешните простории, целосна санација на санитарните јазли и обновување на фасадата.

Во Домот на култура во Кадино поставени се нови вертикални олуци и пластифициран лим за симс, санирана е фасадата и обновени се внатрешните простории. Поставени се нови ПВЦ-врати и прозорци, заштитна ограда и нови плочки на надворешните скали, а извршена е и санација на електричната инсталација.

Во Домот на култура во Мралино целосно е обновена кровната конструкција, поставени се нов пластифициран лим, хоризонтални и вертикални олуци, како и нови ПВЦ-врати и прозорци. Извршена е санација на фасадата, обновени се надворешните скали и терасата со нови плочки и заштитна ограда, додека во внатрешноста се поставени гипс-картон и ново осветлување, а ѕидните површини се глетувани и молерисани.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека со реновирањето на домовите на култура се обезбедуваат подобри услови за развој на културниот и општествениот живот, како и функционални простори за организирање различни активности и настани за потребите на граѓаните.

Општина Илинден продолжува со вложувањата во културната инфраструктура, при што во изминатиот период беа реновирани и санирани домовите на култура и во населените места Ајватовци, Бујковци, Бучинци и Дељадровци.

Општина Илинден

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер