Пежо го претстави целосно новото лого (ФОТО)

Peugeot застана на чело на нововоспоставената автомобилска групација, поради што одлучи да претстави целосно ново лого.

Тоа е најстарата марка на автомобили, а од основањето во 1850 година, десет пати го сменила логото. Како и да е, една работа секогаш останува иста, а тоа е дека оваа компанија отсекогаш имала симбол на лав. И новиот знак оди во таа насока. Единаесеттата верзија на логото украсено со глава на лав е дизајнирана од Peugeot Design Lab, глобално студио за дизајн на Peugeot.

Овој редизајн доаѓа поттикнат од големите промени во автомобилската индустрија, нешто повеќе од една деценија од воведувањето на логото што сега се користи.

Исклучително активната година за Peugeot носи многу нови работи: лансирање на гама која ќе биде претставена со новиот модел 308, нова веб-страница и, се разбира, формирање на групацијата Stellantis.

Во „Пежо“ велат дека ова лого е дизајнирано да одолее на времето, но и да биде „препознатлив, безвременски, универзален и мултикултурен знак за идентитет“.

„Тоа е синоним за престиж, доверба, долговечност, наследство“, додаваат тие.

Во исто време, Peugeot не ги крие своите аспирации да влезе во некои нови области, како и постојаниот стремеж кон успех, задржувајќи го францускиот поим за стил, вештина и елеганција.

Паралелно со воведувањето на обновените канали за дигитална комуникација, а особено веб-страницата, Peugeot ја започнува првата кампања на брендот во последните 10 години, наречена The Lions of our Time, што има за цел да ги достигне постојните клиенти, но и оние кои сеуште не се. Како и да е, да почекаме уште неколку недели до премиерата на новиот 308. Тогаш сè ќе биде појасно.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер