Пежо 208 е прогласен за Европски автомобил на годината (ВИДЕО) - Канал 5

Пежо 208 е прогласен за Европски автомобил на годината (ВИДЕО)

Најпрестижниот избор за автомобил на годината е веќе при крај , со победата на Peugeot 208.

Пежо 208 е прогласен за Европски автомобил на годината (ВИДЕО)

Францускиот компакт ја освои титулата „Автомобил на годината 2020“ благодарение на гласовите на жирито составено од 60 автомобилски новинари од 23 европски земји. Покрај дизајнот, на жирито му се допаднала и следната генерација на дигитален кокпит, 3Д кокпит, и беа особено импресионирани од фактот дека гамата опфаќа широк спектар на погони, вклучувајќи го и електричниот.

YouTube video

208 година ги победи силните ривали во финалето, вклучувајќи ги БМВ Серија 1, Форд Пума, Порше Тајкан, Рено Клио, Тесла Модел 3 и Тојота Корола.

Ова е шести пат Пежо да ја освои оваа ласкава титула. Последниот пат успеа во 2017 година со моделот 3008.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанија побара помош од ЕУ за обработка на податоците за мигрантите на Сеута

Шпанија денеска побара од Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) помош во обработката на мигрантите во северноафриканската енклава Сеута, речиси еден месец откако десетици илјади луѓе пребегнаа преку границата од Мароко.

Шпанија побара помош од ЕУ за обработка на податоците за мигрантите на Сеута

Шпанскиот министер за внатрешни работи, Фернандо Гранде-Марласка, испрати барање до Беата Гминдер, генерален директор на Европската комисија за миграција и внатрешни работи, барајќи помош од Фронтекс, агенцијата на Европската Унија, во проверката на мигрантите кои се нелегално во енклавата.

Властите тврдат дека меѓу 5.000 и 8.000 луѓе остануваат во Сеута откако најмалку 72.000 луѓе ја преминаа границата од Мароко на 30 јули. 82 мигранти загинаа во неа на шпанската страна од границата, додека Мароко потврди уште 14 смртни случаи.

Шпанија, исто така, побара уште десет службеници на Фронтекс да помогнат во проверката на мигрантите.

Тензиите растат во Сеута

Барањето на Марласка доаѓа во услови на зголемени тензии во Сеута, по серијата протести на жителите кои бараат мигрантите да си заминат.

Шаторите што ги користат мигрантите на плажата Трамболина, каде што многу од нив кампуваат, беа нападнати и запалени.

Вчера, 12 мигранти беа уапсени откако каменуваа воено возило, во кое беа повредени еден војник и четворица мигранти. 11 лица беа протерани од Сеута, објави денес весникот „Ел Паис“, повикувајќи се на извори од главниот градски суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДУИ: Што му должи ВЛЕН на Стоилковиќ, што го поддржува и го брани во секој случај?

Не е првпат ВЛЕН целосно да го брани или, уште поточно, да молчи пред Стоилковиќ и неговите скандали, односно пред неговите мегаскандали.

ДУИ: Што му должи ВЛЕН на Стоилковиќ, што го поддржува и го брани во секој случај?

ВЛЕН молчеше кога Стоилковиќ ја нарече Република Косово „Косово и Метохија“.

ВЛЕН молчеше за маршот на српски војници и полицајци во Македонија.

ВЛЕН молчеше и за скандалозните изјави на министрите од Србија, дадени среде Македонија, со кои се оспоруваше и омаловажуваше државната реалност на земјата.

ВЛЕН молчеше кога Владата на Македонија, чиј дел се и самите тие, со државни почести го пречека Милорад Додик.

ВЛЕН молчеше и пред антизападните и проруските изјави на Додик.

ВЛЕН, исто така, конкретно помогна српската Алта банка да стане дел од банкарскиот сектор во земјата, додека е очигледно дека српските економски интереси и бизниси сè повеќе се шират во Македонија.

Под владеењето во кое ВЛЕН е дел, и српскиот капитал се шири во земјата. Денес имаме и српски медиум кој дејствува во Македонија. До каде ќе стигне ова влијание и ова навлегување, останува да се види.

Можеби оваа потчинетост на ВЛЕН кон Стоилковиќ има корени токму во зборовите на самиот Стоилковиќ, кој изјави дека само досега, два или трипати, претставниците на ВЛЕН ги „спасил“ од јавен срам.

И што се случи по оваа изјава? Ништо.

Ниту приговор. Ниту дистанцирање. Ниту реакција.

Напротив, ВЛЕН продолжува да биде во служба на Стоилковиќ: со неговите гласови, со неговата пропаганда и со оправдувањето на секоја негова одлука.

Дури и кога петмина албански администратори беа отпуштени од работа, ВЛЕН не го спречи Стоилковиќ и тој продолжи да ја ужива нивната заштита.

Денес, и случајот со српски службеник во Агенцијата за правата на заедниците се соочува со истата политичка заштита од ВЛЕН.

Затоа, прашањето е легитимно, а одговорот е сè појасен:

Што му должи ВЛЕН на Стоилковиќ, што секогаш го поддржува и го брани?

Затоа што постојаното молчење, политичката заштита и подготвеноста да се оправдува секој скандал не можат да бидат случајност.

ВЛЕН денес е заробена политичка структура, која наместо да ги брани интересите на албанските граѓани и државниот интерес на Македонија, избра да молчи и да служи. Заробена не само од Стоилковиќ, туку и од влијанијата и интересите што тој ги претставува, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Борозан: На кого Мицкоски му ги поклонува водата, земјата и струјата за дата центри?

Ветувањата и изјавите Мицкоски се една голема лага. Се што ќе каже-лаже!

 Борозан: На кого Мицкоски му ги поклонува водата, земјата и струјата за дата центри?

Исто и со дата- центрите.

Мицкоски јавно вели дека процесот е отворен и транспарентен а самиот признава дека Владата преговара со 5-6 инвеститори зад затворени врати.

Не се објаваат кои се, не се објавуваат условите под кои на тие компании Мицкоски им ги поклонува водата, земјиштето и огромни количества струја.

Нема одговори. Нема имиња. Нема ништо.

Мицкоски работи „под радарот“.

Не кажува колку струја и колку вода ќе трошат дата-центрите.

Не кажува дека земјоделците може да немаат вода за нивите и дека граѓаните ќе плаќаат повисока цена за струјата.

Македонија нема ресурси за експерименти зад затворени врати.

Особено не со водата.

Во држава во која граѓаните веќе се соочуваат со проблеми со водоснабдувањето, загадени реки и труења во Гостивар, власта планира огромни потрошувачи на вода без да ги објави основните анализи.

Истото важи и за струјата.

Македонија нема стабилен енергетски систем за Мицкоски однапред да ветува државни ресурси без јавноста да знае колку ќе чини тоа и кој ќе ја плати сметката.

Цела Македонија знае дека бизнисот со струја е омилен бизнис на Мицкоски.

Не е ова никаква стратегија за развој како што вели Мицкоски туку опасно коцкање со водата, струјата и земјата на граѓаните.

СДСМ нема ништо против инвестиции кои носат развој, работни места и нови технологии.

Но, инвестициите мора да бидат во интерес на Македонија, а не ресурсите на Македонија да се ставаат во функција на туѓи профити.

Како тоа само во Македонија никогаш ништо не се знае?

Секојпат Мицко договара, разговара, а не преговара, и секогаш најавуваат дека ќе има „некој“ инвеститор.

Граѓаните и земјоделците може да останат без потребната вода и струја.

Што ќе јаде народот? Килобајти?

Што ѝ носи на Македонија дата-центарот? Нема многу работни места, троши струја, создава бучава, ја загрева плодната земја, троши вода?

Затоа бараме целосна транспарентност:

Кој е инвеститорот со која се преговара?

На кого Мицкоски му ги поклонува водата, земјата и струјата?

За колку пари, провизии и профити?, рече Маја Борозан од СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер