Петти меѓународен болдеринг фестивал „Крали Марко“

Во околината на манастирот Трескавец, кај Прилеп, денеска и утре се одржува петиот фестивал на искачување на карпи - болдеринг „Крали Марко“.



Мотото на Фестивалот е „Да се исчисти и да се искачи карпата“. Организатори на овој меѓународен фестивал се Спортско-качувачкото друштво „Златоврв“ и прилепската локална самоуправа, заедно со Македонската спортско-качувачката федерација и со УСАИД.

Најавено е учество на стотина гости од повеќе земји.

- Фестивалот полека станува традиција. Очекуваме 100-ина гости од Франција, Италија, Бугарија, Словенија и Србија и Македонија, изјави Христо Белокапоски од Спортско-качувачкото друштво „Златоврв“.

Официјалниот натпреварувачкиот дел на фестивалот почнува денеска во 10 часот.

Пределите околу Прилеп високо котираат на мапата на болдерингот и се смета дека на Балканот се најатрактивни за искачување на карпа.

- Формите на карпите овде се единствени и не може да ги најдете на друго место. Можеби слично место е Бафа на истокот од Турција, но за европските спортисти тоа е далечна дестинација. Прилеп, како препознатлива дестинација е на сите сајтови за болдеринг, вели Белокапоски.

За пет години колку што се одржува Фестивалот, на овие локации дошле илјадници спортисти.

Пател: Не сме виделе израелски план за напад на Рафа што би нè загрижил

САД не виделе никаков веродостоен израелски план за офанзива врз градот Рафа што би предизвикало загриженост, изјави синоќа заменик-портпаролот на Белата куќа, Ведант Пател.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека ќе продолжи со операцијата и покрај загриженоста на меѓународната заедница за повеќе од милион Палестинци кои се наоѓаат во најјужниот град Газа.

Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили, Херци Халеви ги одобри во понеделникот конечните планови за воена операција во градот Рафа и во бегалските кампови во Појасот Газа, пишува „Унет њуз“. /MИА

Се урна дел од автопат во јужна Кина, при што загинаа најмалку 19 лица, а 30 се повредени

 Најмалку 19 лица загинаа денеска при уривање на дел од автопат на југот на Кина, во провинцијата Гуангдонг, јави кинеската државна телевизија CTV.

Дел од патот долг 17,9 метри се урна околу два часот наутро, објавија властите во главниот град на Гуангдонг, Меижоу.

„Околу 11:45 часот по локално време, под урнатините (на патот) се пронајдени 18 автомобили. Властите потврдија 19 смртни случаи, а уште 30 лица се во болница, но нивните животи не се во опасност“, јави телевизијата.

Изминативе денови во областа врнеа обилни дождови./MИА

Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот

Меѓународниот ден на трудот, 1 мај, денеска се одбележува во светот во знак на сеќавање на тој датум во 1886 година, кога работниците во Чикаго со штрајкови и протести ја започнаа својата борба за осумчасовен работен ден.

На првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година, беше одлучено следната година да се одржи голема манифестација со која ќе биде прославен 1 мај, како знак на сеќавање на протестите во Чикаго и како форма на борба за работничките права.

На вториот конгрес на Работничката интернационала е одлучено од 1890 година на 1 мај ширум светот да се одржуваат манифестации, демонстрации и штрајкови. /МИА

притисни ентер