Петрушевски: Зошто СДС молчи за случајот Јон Фрчкоски кој не е единствен во СДС - Канал 5

Петрушевски: Зошто СДС молчи за случајот Јон Фрчкоски кој не е единствен во СДС

Случајот со Јон Фрчкоски не е единствен во СДС. Јавноста сведочеше и на други вакви случаи кога станува збор за СДС.

Петрушевски: Зошто СДС молчи за случајот Јон Фрчкоски кој не е единствен во СДС

Поранешниот пратеник на СДС, Павле Богоевски исто така потврди автентичност на снимка според која тој нарачува психотропна наркотична супстанца. Богоевски беше и еден од водачите на Шарената револуција.

Јон и Павле се луѓе од СДС кои од една страна делат лекции за правда и ја бараат истата, а од друга страна се лица кои користат психотропни супстанци.

Дополнително во случајот со Јон станува збор за личност која е фатена на дело како користи кокаин на работно место. Истиот тој е поранешен помошник директор на Јавното претпријатие за станбен и деловен простор и син на грдото лице на транзицијата Љубомир Фрчкоски.

Јон сака да помине само со јавно извинување, а СДС во меѓувреме молчи.

Јон е само еден од ликовите на трулиот и корумпиран СДС, кој имал функции благодарение на СДС како на државни институции, така и партиски.

Молкот од СДС и Венко Филипче е алармантен и отвора неколку прашања, меѓу кои:

Дали молкот и неоградувањето од постапката на Јон Фрчкоски значи дека Филипче одобрува земање на кокаин?

Дали СДС ќе се извини на јавноста?

Дали СДС ќе побара институции да постапат согласно законските надлежности?

СДС и Венко Филипче досега само потврдуваат дека се лице на корупција, на активности како што е земање на психотропни наркотични супстанци. Едноставно, дека се лице на грдата и расипничка транзиција која ја спроведуваа токму ликови од СДС, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Потпишан меморандум за соработка меѓу АПРЗ и Комора на органски производители

Директорот на државната Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ) Пеце Стојковски, потпиша Меморандум за соработка со претседателот на Комората на органски производители, Драги Цветковиќ.

Потпишан меморандум за соработка меѓу АПРЗ и Комора на органски производители

Со потпишувањето на документот се создаваат услови за поголема и динамична институционална соработка меѓу Агенцијата и Комората, изјави за МИA, директорот на АПРЗ, Стојковски.

-Меморандумот со Комората на органиски производители е со цел унапредување на органското земјоделство, поддршка на производителите и заедничко делување во креирање на регулативата. Веруваме дека со вакви партнерства повеќе и подобро се придонесува за поодржливо земјоделство, истакна Стојковски.

Од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството потсетуваат дека до 9 мај отворен e повикот за сите млади лица што се заинтересирани за започнување со земјоделска дејност дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој овозможува неповратен грант од 600.000 денари за млади земјоделци на возраст од 18 до 40 години.

-Поддршката е наменета за млади кои за првпат започнуваат со земјоделска активност, млади кои преземаат постоечко или воспоставуваат ново земјоделско стопанство, и се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во последните 18 месеци. Предност имаат жени млади земјоделки, членови на задруги, млади со завршено земјоделско ветеринарно образование и баратели со инвестиции во механизација, опрема за преработка и сточарско производство, потврди директорот на АПРЗ, Стојковски.

Коалиција „Вреди“: Започнува изградбата на енергетската интерконекција со Албанија

Со особена гордост, Коалицијата ВЛЕН го објавува отворањето на меѓународниот тендер за изградба на 400 kV интерконективна врска помеѓу Северна Македонија и Албанија, еден од најважните стратешки проекти за енергетската иднина на нашата земја.

Коалиција „Вреди“: Започнува изградбата на енергетската интерконекција со Албанија

Овој голем успех е резултат на јасната визија и непоколебливата посветеност на директорот на МЕПСО , г-дин Бурим Латифи, и новиот менаџмент, кои со висок професионализам и целосна транспарентност го вратија на вистинскиот пат проектот што со години беше запоставен.

Оваа витална интерконекција ќе ја позиционира Северна Македонија како клучен енергетски центар во регионот, ќе ја зајакне безбедноста на снабдувањето и ќе создаде нови можности за развој на капацитети за обновлива енергија.

ВЛЕН ја потврдува својата непоколеблива посветеност на одржливиот развој, институционалната транспарентност и зајакнувањето на стратешката улога на нашата држава во регионот и пошироко.

Заедно ја градиме иднината!

Коалиција „Вреди“

Турција подготвена да прими до 15 пациенти од трагедијата во Кочани за рехабилитација

Турција изразила подготвеност да прими и до 15 пациенти од трагедијата во Кочани за долготрајна рехабилитација, над година дена и тоа да биде бесплатно, информираше денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Турција подготвена да прими до 15 пациенти од трагедијата во Кочани за рехабилитација

Таравари рече дека со премиерот Христијан Мицкоски имале подолг состанок со министерот за здравство на Турција, а една од темите била и трагедијата во Кочани.

- Се заблагодарив за тоа што направија таму за нашите пациенти. Изразуваат подготвеност да третираат уште 10 до 15 пациенти на кои ќе им треба долготрајна рехабилитација, над година дена и тоа да биде бесплатно. Во моментот, можеме четири до шестмина пациенти веднаш да ги испратиме, доколку има потреба. Со тек на време, до максимум петнаесет. Тоа е многу добра вест, рче Таравари, одговарајќи на новинарски прашања.

За време на посетата на Турција, како што посочи, посетил двајца пациенти кои биле контактибилни, а нивните родители биле задоволни од третманот и инсистирале таму да продолжи рехабилитацијата.

Шеесет и две лица го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, рано утрото на 16 март, а околу 200 се здобија со повреди, по што беа пренесени на лекување во болниците во земјава, но и во странство.

притисни ентер