Петрушевски: Наместо канабис за медицински цели, Заев и Филипче ја направија Македонија - Колумбија на Балканот - Канал 5

Петрушевски: Наместо канабис за медицински цели, Заев и Филипче ја направија Македонија - Колумбија на Балканот

Наместо канабис за медицински цели, Заев и Филипче ја направија Македонија - Колумбија на Балканот за шверц на марихуана на црниот пазар.

Петрушевски: Наместо канабис за медицински цели, Заев и Филипче ја направија Македонија - Колумбија на Балканот

Каде е менторот Зоран Заев, таму е и чиракот Венко Филипче кој дословно го учи занаетот. Каде има криминал, корупција, па и производство и шверц на дрога, таму е и Заев.

Бизнисот со марихуана, кој наместо за медицински цели, очигледно, завршувал на црниот наркопазар, очигледно е дека поминувал со аминување на Заев и Филипче. Со ова, Македонија ја направија Колумбија на Балканот.

Надлежните институции пред неколку дена, по детално спроведена истрага, запленија околу 40 тони марихуана од компании со лиценци за производство на канабис за медицински цели, истите оние фирми на кои Заев и Филипче им доделиле лиценци за работа.

Но, медицинската марихуана била само параван за организиран криминал и нелегална трговија со дрога. Така, околу 30 тони или околу 70% од запленетата марихуана е од фирмата „ЦБД Медплант“ од Ново Село, блиска и поврзана со Заев, Филипче и СДС.

Основач на оваа компанија Христијан Котев, син на Тони Котев, познат по прекарот М’гчев, човек близок до Зоран Заев и поранешен претседател на општинскиот одбор на СДС во Ново Село, а лиценцата ја добил во времето на Заев и Филипче.

Сите знаат како во време на власт на СДС, Заев и Филипче се ваделе лиценци за производство на канабис за медицински цели. Најважниот услов кој требало заинтересираните да го исполнат е да бидат блиски на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче.

Дека е така може да се заклучи и од паничните реакции на Заев и Филипче, каде што едниот се јавува со нејасна реакција на социјалните мрежи, а според сознанијата се интересирал и лично се јавувал за петте запленети тони марихуана, додека Филипче во паника се упатил кон јужната граница. Дали ова шетање на Филипче во Грција е само по барање на Заев? Дали имале средба и што било разговарано на истата?

Сите овие индиции и меѓусебни поврзаности на Заев и Филипче со шверцот на медицинската марихуана, Јавното обвинителство мора да ги истражи. Колку и да има таму лица под контрола на СДС, Заев и Филипче, мора да се издигнат, да се надминат себеси, да постапат согласно закон и да го истражат целиот случај. Како се издавале лиценците, кој се произведувал марихуана и зошто таа наместо за медицински цели, гледаме дека завршувала на црниот пазар? ЈО да истражи.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен сообраќаен режим денеска низ Скопје поради концертот на Дејвид Гета

Посетителите на музичкиот настан што денеска ќе се одржи во Националната арена „Тодор Проески“ треба да очекуваат отежнато одвивање на сообраќајот во околината на објектот.

Посебен сообраќаен режим денеска низ Скопје поради концертот на Дејвид Гета

Концертот е закажан за 19 часот, а поради очекуваниот зголемен број посетители, полициските служби ќе воведат посебен режим на сообраќај на улиците и приодите кон Арената, како и на дел од булеварот „Илинден“.

Од СВР Скопје информираат дека сообраќајните мерки се преземаат со цел да се обезбеди безбедно пристигнување и заминување на посетителите, но и непречено одвивање на сообраќајот за останатите учесници.

На граѓаните кои планираат да се движат во овој дел од Скопје им се препорачува навреме да ја испланираат својата маршрута и да предвидат дополнително време за патување.

Возачите се повикуваат да ги почитуваат насоките на полициските службеници, поставената сообраќајна сигнализација и да покажат дополнителна внимателност и трпение за време на траењето на посебниот режим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!

Премиерот Христијан Мицкоски со видео од убавините на нашата земја им го честита на граѓаните големиот празник, Денот на независноста на Македонија. 

Мицкоски: Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!

„Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!“

На својот ФБ профил премиерот објави видео со убаините на Македонија по повод 35 години независност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Честит 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија

По повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија и 35 години од независноста, Движењето ЗНАМ за наша Македонија упатува искрени честитки до сите граѓани на Македонија.

ЗНАМ: Честит 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија

Пред 35 години, со референдумот на 8-ми Септември 1991 година, народот ја потврди својата историска одлука – да живее во суверена, самостојна и независна држава.

Денес, 35 години подоцна, независноста е наша чест, но и наша обврска.

Обврска да ја чуваме државноста, да го браниме достоинството и да создадеме Македонија во која секој граѓанин ќе има сигурна иднина и еднаква можност за успех.

Македонија е наша татковина.

Независноста е наше наследство.

Иднината е наша заедничка обврска.

Да продолжиме заеднички да ја градиме силна, стабилна, достоинствена и европска Македонија.

Честит 8-ми Септември!

Честити 35 години независна Македонија!

Движење ЗНАМ за наша Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер