Кузманоска: Инвестициите и извозот го забрзуваат економскиот раст, талогот од општеството е несреќен поради тоа
1Кузманоска: Инвестициите и извозот го забрзуваат економскиот раст, талогот од општеството е несреќен поради тоа
МакедонијаПетрушевски: Кога го менуваше името Заев ја убедуваше јавноста дека Македонија богато ќе ја омажиКога го менуваше името Заев ја убедуваше јавноста дека Македонија богато ќе ја омажи, а Филипче наспроти бугарските ултиматуми тврди дека не е загрозен македонскиот идентитет.Венко Филипче не само што не се разликува од Зоран Заев, туку е негова надградена верзија. Заев ги излажа граѓаните дека не доаѓа на власт за да го смени името, туку бараше доверба од граѓаните, небаре да донесе правда и живот за сите во Македонија. А Венко Филипче, не се крие дека сака да дојде на власт за да изврши национално предавство, да ги прифати и спроведе бугарските ултиматуми, на штета на македонскиот национален идентитет. Кога го менуваше името на државата, Заев ја убедуваше македонската јавност дека Македонија богато ќе ја омажи, додека пак Филипче сега од опозиција ги убедува дека македонскиот идентитет не е загрозен, наспроти јасните ултиматуми и негирања од страна на Бугарија. Бугарските власти не ги кријат нивните ставови и барања, тие сакаат македонската историја, јазик, култура, да се прогласат како дел од бугарската. И за тоа во Македонија си најдоа специјален пратеник, Венко Филипче, кој се претворил во пиун на Радев и е најгласен да се прифати бугарскиот наратив и Бугари во Устав. Филипче отворено и беспоговорно прифаќа се од Бугарија, во надеж дека некој од надвор ќе го донесе на власт, како што некогаш го донесоа Зоран Заев со изгубени избори. Филипче, едно знај. Заврши времето кога со слугување на агенди на туѓи држави се доаѓаше на власт во Македонија. Тој филм СДС веќе не го гледа. Граѓаните сакаат достоинствен и предвидлив евроинтегративен пат, со гаранции дека нема веќе да има барања за идентитетски отстапки. Тоа ВМРО-ДПМНЕ го слуша и заедно, во сојуз со народот, ќе се избориме за заслуженото место на масата во ЕУ, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКузманоска: Инвестициите и извозот го забрзуваат економскиот раст, талогот од општеството е несреќен поради тоаЕкономскиот раст од 4,3 проценти е поддржан од силен раст на инвестициите, извозот и градежништвото. Тоа покажува дека позитивните економски резултати се темелат на конкретна економска активност.Во вториот квартал од 2026 година, бруто-инвестициите растат за 16,5 проценти, а извозот на стоки и услуги за 10,4 проценти. Особено силен резултат бележи градежништвото со раст од 21,9 проценти, додека преработувачката индустрија расте за 4,1 проценти. Ова се важни показатели за структурата на растот. Поголемите инвестиции создаваат основа за ново производство и развој. Растот на извозот значи поголема активност и подобар пласман на македонските компании на странските пазари. Силниот раст на градежништвото покажува зголемена реализација на проекти и економска активност. За нас ова е особено важно бидејќи целта не е краткорочен резултат, туку одржлив економски раст кој создава нова вредност. Затоа економската политика и понатаму ќе биде насочена кон поттикнување на инвестициите, поддршка на компаниите, реализација на капиталните проекти и подобрување на конкурентноста на македонската економија. Следниот чекор е овие позитивни движења да се преточат во она што е најважно за граѓаните, а тоа се повеќе можности за работа, повисоки приходи и подобар животен стандард. И Додека талогот од општеството ликува на неуспеси и единствено што сака е Македонија да не успее, ние ќе работиме исклучиво на добробитот на граѓаните. Биљана Кузманоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Биљана Кузманоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Кружен тек на Северен БулеварКружен тек на Северен Булевар. Вкупна површина од 5300 метри квадратни.Продолжуваме со реализација на значајни инфраструктурни проекти кои носат подобра сообраќајна поврзаност, поголема безбедност и поквалитетна урбана средина. Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили создаваме подобри услови за движење и секојдневно функционирање на граѓаните. Продолжуваме со работа и инвестиции во инфраструктурата – за модерна, функционална и уредна општина!- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски во посета на Универзитетот во Тетово и СВР Тетово„Безбеден град“ дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Тетово оствари средба со ректорот и раководството на Државниот универзитет во Тетово, по што го посети и Секторот за внатрешни работи Тетово, каде со раководството разговараше за актуелната безбедносна состојба, предизвиците и резултатите од работењето. На средбата со раководството на Универзитетот се разговараше за продлабочување на соработката со Министерството за внатрешни работи, со посебен акцент на создавање можности најдобрите студенти од студиските програми за кои Министерството има потреба, по завршувањето на образованието, своето знаење и капацитет да ги стават во функција на институциите и безбедноста на граѓаните. При посетата на СВР Тетово беше констатирана стабилна безбедносна состојба, а како особено значајни беа издвоени резултатите во областа на сообраќајната безбедност. Тетово е еден од градовите каде веќе се применува системот „Безбеден град“, а според податоците за првите осум месеци од годинава, на подрачјето на СВР Тетово во сообраќајни незгоди животот го загубиле три лица, наспроти девет во истиот период минатата година. Намален е и вкупниот број на сообраќајни незгоди. „Ова се резултати што најдобро говорат за придобивките од системот. Кога зборуваме за ‘Безбеден град’, не зборуваме само за санкционирање на прекршоците, туку пред сè за менување на сообраќајните навики, побезбедни улици и спасување човечки животи“, нагласи министерот Тошковски. Тој најави дека за неколку дена примената на системот „Безбеден град“ ќе започне и на подрачјето на СВР Велес, по што постепено ќе се проширува и во останатите сектори за внатрешни работи низ државата.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter