Петрушевски: Филипче наместо да ја кодоши државата, треба да биде во линија со националните интереси - Канал 5

Петрушевски: Филипче наместо да ја кодоши државата, треба да биде во линија со националните интереси

Филипче е срам за Македонија, наместо да ја кодоши државата, треба да биде во линија со националните интереси.

Петрушевски: Филипче наместо да ја кодоши државата, треба да биде во линија со националните интереси

Венко Филипче е срам за Македонија, наместо да биде во линија со националните интереси, тој по примерот на Зоран Заев оди и ги поткопува позициите на државата во Атина.

Венко Филипче го користи секој свој јавен настап надвор за да ја кодоши државата и да ги руши нејзините позиции со лаги и измислици.

Што го тера Венко Филипче да ја пљука државата надвор?

Дали Венко Филипче знае дека како опозиционер има обврска да биде во линија со националните интереси, или сепак не може да се надмине себе си, и струмичката политика на Заев, која се темели на предавства и коленичење?

Македонија под водство на ВМРО-ДПМНЕ во преден план ги има долгорочните интереси на нацијата и државата.

ЕУ е една од тие цели, но целта сама по себе не може да биде оправдување за лоши чекори за нејзина реализација.

ЕУ е местото каде природно припаѓаме, и таму мора да влеземе под јасни критериуми, а не со билатерални условувања, кои немаат врска со демократија, европски вредности и начела.

Филипче мора да разбере, дека покрај ЕУ, целта на државата и нацијата е да го зачува достоинството. Затоа кога следен пат ќе му текне да кодоши, нека се сети дека не му прави штета на ВМРО-ДПМНЕ, што всушност посакува, туку на идните генерации кои очекуваат одговорна политика од оваа генерација политичари, од кои и тој е дел.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

ЕУ се договори со Израел за проширување на испораките на хуманитарна помош во Газа

Европската Унија постигна договор со Израел за проширување на испораката на хуманитарна помош во Газа, објави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

ЕУ се договори со Израел за проширување на испораките на хуманитарна помош во Газа

Калас напиша на „X“ дека ќе бидат отворени повеќе влезови во Газа и дека ќе влезат повеќе камиони со помош и храна.

Таа додаде дека очекува Израел да ги спроведе сите договорени мерки, кои треба да стапат во сила „во наредните денови“.

Беше договорено дека ќе се поправи виталната инфраструктура и дека хуманитарните работници ќе бидат заштитени. Се предвидува дека патиштата преку кои се доставува помош од Јордан и Египет, исто така, ќе бидат повторно отворени, а прехранбените производи ќе се дистрибуираат преку пекари и народни кујни низ целиот Појас Газа, се вели во текстот.

Испораката на гориво до хуманитарните организации ќе продолжи, „до оперативно ниво“.

Во наредните денови, Калас треба да им достави на земјите-членки на ЕУ список на можни мерки што треба да се преземат по одлуката за преиспитување на Договорот за асоцијација меѓу Израел и ЕУ.

Во извештајот на Европската комисија до министрите за надворешни работи од крајот на јуни се оценува дека Израел го прекршил Член 2 од договорот - за почитување на човековите права.

Затоа, некои земји од ЕУ побараа барем делумно суспендирање на Договорот за асоцијација со Израел, иако неколку земји се спротивставија на ова.

Во Битола ќе бидат ангажирани 30 невработени лица, идни пожарникари

Општина Битола објави повик за ангажирање на 30 невработени лица кои ќе бидат вклучени во работтата на Територијалната против пожарна единица.

Во Битола ќе бидат ангажирани 30 невработени лица, идни пожарникари

Од секторот за односи со јавност соопштија дека ангажманот е во функција на заштитата и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво, односно пошумување.

Работното ангажирање на невработените лица ќе биде реализирано за период од најмногу пет месеци, а кандидатите кои ќе бидат избрани ќе добиваат месечен надоместок од 24.000 денари со вклученоосигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа.

Кошта: Русија треба да се вклучи во финансирање на обновата на Украина по војната

Русија треба да ја финансира обновата на Украина кога ќе заврши војната предизвикана од инвазијата на Москва, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Кошта: Русија треба да се вклучи во финансирање на обновата на Украина по војната

-Обновата на Украина ќе бара огромни и континуирани напори од меѓународната заедница, соодветни на обемот на уништувањето и итноста на моментот, рече Кошта на конференцијата за обнова на Украина во Рим.

Тој истакна дека обновата мора да се темели и на правда, што подразбира, како што рече, дека Русија е одговорна за уништувањето што го предизвика, пренесе Анса.

-Агресорот ќе мора да ја преземе одговорноста за обновата на тоа што се обиде да го уништи, рече Кошта.

Европската комисија (ЕК) денеска, исто така, објави 2,3 милијарди евра поддршка за Украина за да ѝ помогне да се обнови по штетите што беа предизвикани од руските напади.

притисни ентер