Петрушевски: Апсењата на ЈО во случајот Кочани се на база на документацијата од МВР - Канал 5

Петрушевски: Апсењата на ЈО во случајот Кочани се на база на документацијата од МВР

Апсењата на ЈО во случајот Кочани се на база на документацијата од МВР, обврска да постапува и презема дејствија е исклучиво на ЈО.

Петрушевски: Апсењата на ЈО во случајот Кочани се на база на документацијата од МВР

Пукна балонот на лаги и манипулации на СДС во врска со истрагата за несреќата во Кочани. Сите може да видат дека институциите постапуваат професионално и неселективно.

Лаги и манипулации се сите тврдења дека институциите постапуваат по притисок на опозицијата, невешти ПР обиди на СДС да ќари некој политички поен.

Потенцираме дека МВР и институциите на системот ги доставиле сите потребни докази и информации за несреќата во Кочани до ЈО уште пред еден месец.

Сите преземени акции од ЈО до сега, сега и од сега, се исклучиво врз основа на доказите кои ги обезбедиле МВР.

МВР предаде обемна документација во ЈО, и никој не е поштеден.

Задача на ЈО е сега врз основа на обемната документација за случајот која им е предадена да ја лоцираат вината и да подигнат обвиненија за секој еден за кој сметаат дека според правната логика е на било кој начин виновен за пожарот и смртта на децата во Кочани.

Ниту еден полицаец, функционер, или кој и да е граѓанин кој имал допирна точка со предметот не е изоставен и се е опфатено во документацијата.

Нашиот правен систем е акузаторен, систем во кој МВР и другите органи се база за информации за ЈО, а ЈО е тоа кое мора да ја изгради теоријата на случајот.

Потенцираме дека МВР на ЈО му доставило преобемна документација и дека со оглед на тоа очекуваме дејствија по однос на истата да има и во иднина.

Постапување по доказите од МВР откако истите се предадени, и преземање на било какви дејствија е обврска единствено на ЈО.

Колку е сериозен обемот на документацијата покажува и фактот дека во овој случај се опфатени над 60 лица, од Министри, преку МВР, институциите, бизнисмени, градоначалници, секој еден кој можел да има вина.

А сега да прашаме, колку лица беа опфатени во истрагата за Модуларната болница? 0. Колку беа во Беса транс и Ласкарци? 0. Е сега тоа е разликата од МВР сега и од МВР кога СДС беше на власт.

Одговорност има за секој, без разлика кој е и од каде е.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Џеф Безос се појавуви во јавноста со коса за прв пат по 12 години

Изгледа дека Џеф Безос почнал да негува нов имиџ.

Фото: Џеф Безос се појавуви во јавноста со коса за прв пат по 12 години

Имено, основачот на Амазон, кој почнал да ја бричи главата во 2013 година, се појавил на 10 јули со значително повеќе коса.

Додека шетал низ конференцијата „ Allen & Co. Media and Technology “ во Сан Вали, Ајдахо, Џеф имал седа коса околу главата. Тој бил придружуван од неговата нова сопруга Лорен Санчез Безос, со која се ожени кон крајот на јуни на мултимилионска свадба во Италија, исполнета со ѕвезди.

„Тој е чудовиште во теретана“

Иако 61-годишникот обично има ќелава глава, промените во изгледот не му се непознати. Всушност, во 2023 година, тој предизвика возбуда на интернет кога покажа помускулеста фигура на насловната страница на „Вог“.

„Тој е на сосема друго ниво од мене“, откри Лорен, 55, во придружна статија, објаснувајќи дека таа не може да ги прави истите вежби што ги прави Џеф кога вежбаат заедно. „Тој е чудовиште во теретана.“

Тоа му е толку важно што, тврди Лорен, го „украл“ од неа Весли Окерсон, тренер кој работел со Том Круз, Џерард Батлер и Саша Барон Коен. „Џеф е неверојатно посветен на тренингот“, изјави таа за Волстрит журнал во 2023 година. „Немате поим. Тој навистина се труди.“

Извор: Индекс.хр

„iPhone 17 Air“ ќе биде достапен во „едвај сина“ боја?

Инсајдерите известуваат дека „главната“ опција за боја за претстојниот „iPhone 17 Air“ ќе биде „многу светло сина“.

„iPhone 17 Air“ ќе биде достапен во „едвај сина“ боја?

Тие понатаму наведуваат дека бојата ќе биде толку бледа што едноставно ќе изгледа бела во некои светла. Ова потсетува на „едвај сините“ бои што ги видовме од „Apple“ во минатото.

Како и со сивата, „Apple“ користеше многу различни нијанси на сина низ годините, некои посуптилни од другите, објавува „9to5Mac“.

„Sierra Blue“ за „iPhone 13 Pro“ беше еден пример за изглед што некои го опишаа како многу светло сина, додека „Sky Blue“ за „M4 MacBook Air“ е широко опишана како „едвај сина“.

Не е јасно зошто инсајдерите ја опишуваат оваа боја како „главна“, иако едноставно може да биде дека станува збор за нова боја, која „Apple“ често ја истакнува во маркетинг материјалите.

Друг информатор вчера сугерираше дека намалените рамки што ги очекуваме за моделите „Pro“ и „Air“ всушност доаѓаат и на основниот модел.

Извор: Б92

Синер е новиот шампион на Вимблдон

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер од Италија е новиот шампион на Вимблдон, откако во финалето го совлада двократниот победник Карлос Алкараз од Шпанија со 3:1 во сетови (4:6; 6:4; 6:4 и 6:4) за 3 часа и 4 минути игра.

Синер е новиот шампион на Вимблдон

Ова е прва Грен слем титула за Синер на Вимблдон, а Алкараз по пет победи во Грен слем финалиња го загуби првото.

Првиот сет беше со пресврт и првиот брејк го напраи Синер и поведе со 4:2 во гемови, но Алкараз „врза“ четири гема во низа и го доби првиот сет со 6:4 во гемови. Во вториот сет веќе на стартот во првиот гем Синер направи брејк и сетот го заврши со 6:4 во гемови за 1:1 во сетови.

Во третиот сет брејк немаше до деветтиот гем кога повторно Синер успеа да го одземе гемот на сервис на Алкараз и со идентични 6:4 да го освои сетот и да поведе со 2:1. Во четвртиот сет Синер прави брејк во третиот гем и поведува со 2:1 во гемови, а Алкараз шансата да го спаси сетот ја испушти во осмиот гем кога не искористи две брејк топки, па Синер и овој сет го доби со 6:4 што значеше и конечен триумф.

Јаник Синер е првиот Италијанец што успеава да го освои Вимблдон. /МИА

притисни ентер